НАД 2.000 ШВАЈЦАРСКИ ПЕНЗИОНЕРКИ ЈА ТУЖАТ ВЛАДАТА ЗАШТО НЕЈЗИНАТА КЛИМАТСКА ПОЛИТИКА ИМ ГО ЗАГРОЗУВА ЗДРАВЈЕТО

    НАД 2.000 ШВАЈЦАРСКИ ПЕНЗИОНЕРКИ ЈА ТУЖАТ ВЛАДАТА ЗАШТО НЕЈЗИНАТА КЛИМАТСКА ПОЛИТИКА ИМ ГО ЗАГРОЗУВА ЗДРАВЈЕТОЖените бараат од Европскиот суд за човекови права да ѝ нареди на Швајцарија да работи повеќе на намалувањето на штетните емисии (Фото: Гринпис)

    Повеќе од 2.000 жени ја тужат швајцарската влада, тврдејќи дека нејзината климатска политика им го нарушува правото на живот и здравје. Ова е прв случај во Европскиот суд за човекови права кој се однесува на влијанието на климатските промени врз човекови права и следува по шест години неуспешни битки во швајцарските судови.

    Температурите во Швајцарија растат побрзо од глобалниот просек и жешките бранови се почести од кога било.

    Жените обединети во групата „Клуб на климатски пензионерки“, чија просечна возраст е 73 години, велат дека климатските промени ги ставаат на ризик нивните човекови права, здравје и живот. Како докази во судот ги приложуваат и нивните медицински досиеја.

    Тие бараат од Европскиот суд за човекови права да ѝ нареди на Швајцарија да работи повеќе на намалувањето на емисиите на стакленичките гасови.

    Ова е историски настан. Климатските промени непропорционално влијаат врз постарите луѓе поради кардиоваскуларни и респираторни ризици“, изјави 64-годишната Ане Марер, една од членките на клубот.

    Европската опсерваторија за климата и здравјето вели дека во изминатите 20 години, смртноста поврзана со жештините се зголемила за над 30% кај луѓето постари од 65 години. Швајцарската влада не негира дека климатските промени влијаат врз здравјето, но додава дека тоа не може да се поврзе само со здравјето на постари жени.

    Ако Швајцарките победат, случајот би можел да направи преседан во сите 46 држави кои се членки на Европскиот суд за човекови права.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира