ПОЛАРНИТЕ МЕЧКИ СЕ СООЧУВААТ СО ГЛАД ЗАШТО СЕ ТОПИ АРКТИЧКИОТ МРАЗ, НА КОЈ ЛОВАТ ФОКИ

    ПОЛАРНИТЕ МЕЧКИ СЕ СООЧУВААТ СО ГЛАД ЗАШТО СЕ ТОПИ АРКТИЧКИОТ МРАЗ, НА КОЈ ЛОВАТ ФОКИМногу мечки поминуваат голем дел од времето на копно, хранејќи се со јајца, бобинки и трева и така забрзано губат тежина

    Некои поларни мечки се соочуваат со глад додека се топи арктичкиот мраз зашто не можат да се прилагодат на исхраната на копното, велат научниците. Овие животни обично се хранат со фоки што ги фаќаат на крајбрежните санти мраз.

    Сепак, мразот се топи додека светот се загрева, па многу мечки поминуваат голем дел од времето на копно, хранејќи се со јајца, бобинки и трева. Таму забрзано губат тежина и се соочуваат со ризик од смрт.

    Бројот на поларните мечки опадна до 1980-тите, но ова главно се должеше на неконтролираниот лов. Со поголема законска заштита, нивниот број порасна. Зголемувањето на глобалните температури сега се смета за нивна најголема закана, затоа што замрзнатите арктички мориња се клучни за нивниот опстанок. Тие го користат морскиот мраз како платформа за ловење фоки, кои имаат високи концентрации на маснотии. Но, во текот на потоплите месеци, во многу делови на Арктикот сега нема мраз.

    Истражувачите три години следеле 20 поларни мечки во летните месеци во канадската провинција Западна Манитоба. Кога немало мраз, тие се прилагодувале на различни стратегии за преживување, при што некои одморале и штеделе енергија. Повеќето се обидувале да бараат вегетација и бобинки или да пливаат во обид да најдат храна. Двата пристапа биле неуспешни, при што 19 од 20 мечки изгубиле телесна маса, и до 11% во некои случаи. Во просек, тие губеле по еден килограм на ден. Една од следените мечки изгубила дури 32 килограми.

    Во светот останаа околу 26.000 поларни мечки и мнозинството се во Канада, а ги има и во САД, Русија, Гренланд и Норвешка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира