ПРИНОСИТЕ НА ОРИЗ СЕ ЗА 30 ОТСТО ПОМАЛИ ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, ВЕЛАТ КОЧАНСКИТЕ ФАРМЕРИ

    ПРИНОСИТЕ НА ОРИЗ СЕ ЗА 30 ОТСТО ПОМАЛИ ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, ВЕЛАТ КОЧАНСКИТЕ ФАРМЕРИФармер го проверуа квалитетот на ожнеаниот ориз во кочанското село Чешиново. (Фото: СДК.МК)

    Според фармерите, годинава приносите на оризот се за над 30 отсто помали поради високите температури и поради намалената влажност на воздухот како последица на недостигот на дождови.

    Работник истура ориз во откупната станица „Еко зрно“ во селото Спанчево, близу Кочани. (Фото: СДК.МК)

    Производителите на ориз, исто така, велат дека климатските промени кои ја засегаат Македонија го намалуваат производството на ориз за повеќе од 30 отсто.

    Комбајн жнее ориз на поле во селото Чешиново, близу Кочани. (Фото: СДК.МК)

    Последните години во Македонија, пред сè во кочанскиот регион, се одгледува ориз на 3 до 3,5 илјади хектари, што е далеку помалку од времето на Југославија, кога овој регион обезбедувал околу 70 отсто од потребите на поранешната држава.

    Работник со вреќи ориз во фабриката „Еко зрно“ во селото Спанчево, близу Кочани. (Фото: СДК.МК)

    Текст и фото: Ѓ. Личовски

     

     

     


     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира