СИТЕ ТРЕБА ДА ПОМОГНЕМЕ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, ВЕЛИ ЕКИПАТА НА ПРВИОТ БРИТАНСКИ ЕКОТЕАТАР

    СИТЕ ТРЕБА ДА ПОМОГНЕМЕ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, ВЕЛИ ЕКИПАТА НА ПРВИОТ БРИТАНСКИ ЕКОТЕАТАРТеатарот Гринхаус ќе прави претстави во текот на летото, кога долгите и светли приквечерја ја намалуваат потребата за струја. (Фото: Театар Гринхаус)

    Објект изграден од рециклирани материјали е поставен среде лондонскиот бизнис кварт, полн со стаклени згради, за да се пренесе пораката дека е потребен колективен напор да се бориме против климатските промени.

    Театарот „Гринхаус“, претставен како првиот театар во Велика Британија со нула отпад, ќе прави претстави во текот на летото, кога долгите и светли приквечерја ја намалуваат потребата за користење струја. Театарот беше изграден од тим предводен од уметничкиот директор Оли Севеџ (26).

    Севеџ вели дека неговата целна публика,  млади од 16 до 35 години, се загрижени за состојбата на природната средина, но исто така и не веруваат дека можат да направат нешто во врска со тоа. Сака да им покаже дека одржливоста може да биде полесна и позабавна од што мислат.

    „Сè што користиме имало живот и порано и штом ќе завршиме со тоа, или ако завршиме со тоа, работиме многу напорно за да се осигураме дека ќе продолжи да има живот по нас“, изјави тој за Ројтерс. „Нема причина да барате изговори“, вели Севеџ.

    Додава и дека театарот користи приказни со кои народот може да се поврзе, со цел да му помогне да ги разбере застрашувачките факти и статистики врзани со климатските промени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира