ВЛАСТИТЕ НА ЛОС АНЏЕЛЕС ГО ИСПИТУВААТ КАСТРЕЊЕТО НА ДРВЈАТА КОИ ИМ ПРАВЕА СЕНКА НА АКТЕРИТЕ И СЦЕНАРИСТИТЕ КОИ ШТРАЈКУВААТ

    ВЛАСТИТЕ НА ЛОС АНЏЕЛЕС ГО ИСПИТУВААТ КАСТРЕЊЕТО НА ДРВЈАТА КОИ ИМ ПРАВЕА СЕНКА НА АКТЕРИТЕ И СЦЕНАРИСТИТЕ КОИ ШТРАЈКУВААТПортпаролот на „Јуниверзал“ демантираше дека кастрењето било направено во инает на штрајкувачите (Фото: АП)

    Градските власти на Лос Анџелес го испитуваат кастрењето на дрвјата пред филмското студио „Јуниверзал“ кои им обезбедуваа сенка на демонстрантите кои тука се собираат за штрајкот на холивудските актери и сценаристи.

    Штрајкувачите забележаа дека дрвјата долж булеварот Бархам биле исечени во понеделникот, кога во градот почна периодот на високите температури, кои преку ден се искачуваат до 35 Целзиусови степени.

    „Дрвјата се од суштинско значење за екологијата и јавното здравје на Лос Анџелес, особено за време на топлотен бран“, изјави Кенет Мехија, главниот градски супервизор.

    Портпаролот на „Јуниверзал“ демантираше дека кастрењето на дрвјата било направено во инает на штрајкувачите, додавајќи дека компанијата нема намера да го попречува протестот.

    „Кастрењето на овие фикуси е рутинска, годишна пракса во овој дел од годината, со цел крошните да бидат лесни во пресрет на сезоната на силни ветрови. Свесни сме дека кастрењето предизвикало проблеми за демонстрантите, но тоа не беше нашата намера“, кажаа од „Јуниверзал“.

    Мехија додаде дека со овие фикуси управува градот, а во последните три години не биле издадени дозволи за кастрење пред студиото „Јуниверзал“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира