Популарните германски одморалишта на брегот на Северното Море влегуваат во новата сезона со сериозен проблем: немаат доволно песок на плажите. Жестоката сезона на бури го однесе речиси целиот песок од главната плажа на островот Вангероге.
„Ова е катастрофа. Исчезнаа речиси 80.000 кубни метри песок“, изјави Рика Бевен, портпаролот на управата на Вантероге.
Значителни загуби пријавија и островите Нордернеј и Балтрум. Се планира плажите да се обноват со песокот од други делови на островите, од каде што ќе се носи со камиони.
Бурата Золтан предизвика особено големи штети околу Божиќ. Владата на Долна Саксонија им вети финансиска помош на островските заедници за да ја обноват туристичката инфраструктура.
Долгите и чести бури во текот на зимата предизвикаа видливи штети и на плажите во луксузното одморалиште Силт.
„Вакви години се случуваат одвреме-навреме“, кажа Гритје Штевер од туристичката служба на овој остров.