ПОПЛАДНЕ БЛОКАДА КАЈ СИТИ МОЛ ВО СКОПЈЕ КАКО ПРОТЕСТ ЗА ЗЕЛЕН КАРПОШ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОПЛАДНЕ БЛОКАДА КАЈ СИТИ МОЛ ВО СКОПЈЕ КАКО ПРОТЕСТ ЗА ЗЕЛЕН КАРПОШ

    Блокада на крстосницата кај Сити мол најавуваат граѓаните од иницијативите „Ние сме Карпош 4“ и „Зелено Тафталиџе“ за денеска попладне во 18 часот. Граѓанските организации од скопската општина Карпош организраат „Марш за зелен Карпош“, со кој сакаат да укажат на „самоволието на локалната самоуправа на општина Карпош, која нетранспарентно и со негрижа се обидува да интервенира во урбанистичкиот план“.

    По блокирањето на крстосницата, демонстрантите најавуваат дека ќе се упатат кон паркот на улица Букурешка во Тафталиџе, каде ќе се одржи отворена дискусија.

    Жителите на општина Карпош бараат од градоначалникот и од Советот на Општината да ги стопираат новите детални урбанистички планови, да ја спречат реализацијата на планот кој предвидува на местото на паркот на Букурешка да се изгради зграда, како и граѓаните да бидат вклушени во одлуките што влијаат на нивните секојдневни животи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари