АМКАЊЕ ЈАЈЦА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:47:"НаПроч­кавоБу­га­ри­ја

    1. Ка­ко трг­на­ло Ми­нис­терс­тво­то за внат­реш­ни ра­бо­ти со под­не­су­ва­ње­то кри­вич­ни при­ја­ви, ниш­то чуд­но нас­ко­ро да сне­ма хар­ти­ја за пи­шу­ва­ње. Ќе тре­ба да се рас­пи­ше тен­дер за на­бав­ка на уни­фи­ци­ра­ни фор­му­ла­ри за кри­вич­ни при­ја­ви. Не­ма смис­ла ми­нис­те­рот Пав­ле Тра­ја­нов да се ма­чи да пи­шу­ва тек­сто­ви. Ќе си има фор­му­лар, са­мо ќе го по­пол­ни и про­це­ду­ра­та ќе се за­бр­за. Фир­ма­та на ми­нис­те­рот за фи­нан­сии Бо­рис Стој­ме­нов ве­ќе има ис­ку­ство со тен­де­ри­те за фор­му­ла­ри.
    По пра­ша­ње­то на кри­вич­ни­те при­ја­ви Вла­да­та мо­же да по­ка­же мак­си­мал­на ефи­кас­ност. Стој­ме­нов ќе пе­ча­ти, Тра­ја­нов ќе по­пол­ну­ва, а Кам­бов­ски ќе во­ди смет­ка. Вла­да­та тре­ба­ше да раз­мис­лу­ва ко­га го пред­ла­га­ше За­ко­нот за ам­нес­ти­ја да­ли тие што ќе си за­ми­нат од зат­вор ќе ос­ло­бо­дат до­вол­но мес­та за но­во­дој­де­ни­те. За­тоа и ми­нис­три­те за внат­реш­ни ра­бо­ти и за прав­да тре­ба тес­но да со­ра­бо­ту­ва­ат. Да не се слу­чи по­ра­ди пре­за­фа­те­ност, да мо­ра да се гра­дат но­ви зат­во­ри. А спо­ред прог­ра­ма­та за об­но­ва и раз­вој, не е пред­ви­де­на так­ва ин­вес­ти­ци­ја. Ни­ту, пак, ми­нис­те­рот Стој­ме­нов во Бу­џе­тот од­во­ил стап­ка за тоа. Евен­ту­ал­но, мо­же да нај­де па­ри по две го­ди­ни, от­ка­ко ќе прес­та­не да ги пла­ќа кре­ди­ти­те кон ед­на аме­ри­кан­ска бан­ка, заш­то тие та­ка му шеп­на­ле. Во ме­ѓув­ре­ме, Вла­да­та ќе мо­ра да тро­ши од тај­ван­ски­те до­ла­ри, ако са­ка си­те на кои Тра­ја­нов им под­нел при­ја­ви да ги ста­ви в зат­вор.
    Ако не ус­пее и тоа, то­гаш ќе мо­ра са­ми­от ми­нис­тер да се сна­о­ѓа со па­ри­те. Ако мо­же­ле не­го­ви­те прет­ход­ни­ци да да­ва­ат спон­зор­ства за џез-фес­ти­ва­лот, то­гаш и Тра­ја­нов не­ка ор­га­ни­зи­ра еден доб­рот­во­рен кон­церт. При­хо­дот од про­да­де­ни­те влез­ни­ци ќе оди на смет­ка на по­доб­ру­ва­ње на жи­вот­ни­те ус­ло­ви на ид­ни­те зат­во­ре­ни­ци.

    2. Со от­кри­ва­ње­то на спон­зорс­тва­та од по­ли­ци­ја­та, се от­кри де­ка по­ли­ци­ја­та рас­по­ла­га­ла и со не­ко­ја смет­ка ко­ја не би­ла под кон­тро­ла ни­ту на др­жа­ва­та ни­ту на Вла­да­та, ни­ту на За­во­дот за пла­тен про­мет, ту­ку ди­рек­тно под кон­тро­ла на ми­нис­те­рот. Се­пак, оваа си­ту­а­ци­ја на др­жа­ва во др­жа­ва би­ла про­дук­тив­на во од­нос на из­град­ба­та на кул­тур­ни­от дух на гра­ѓа­ни­те. Ние не сме ни зна­е­ле де­ка ко­га ка­ко обич­ни гра­ѓа­ни ќе зас­та­не­ме на шал­те­ри­те на МВР за па­сош, лич­на кар­та, или за уве­ре­ние за др­жав­јан­ство, при­до­не­су­ва­ме за кул­тур­ни­от жи­вот во др­жа­ва­та.  Со се­кој пла­тен фор­му­лар, дел од на­ши­от де­нар одел и за Џез-фес­ти­ва­лот во Скоп­је, или “Ин­тер­фест” во Би­то­ла.
    Ме ин­те­ре­си­ра да­ли и каз­ни­те што им ги пла­ќа­ме на со­об­ра­ќај­ци­те се ко­рис­тат за спон­зо­ри­ра­ње фес­ти­ва­ли. Не­ма смис­ла да пла­ќа­ме, а да не зна­е­ме за што ни одат па­ри­те. Зар во ми­на­то­то не би­ле онеп­рав­да­ни оние во­за­чи кои пла­ти­ле каз­на и пос­ле нив­ни­те па­ри отиш­ле за џез, а тие са­ка­ат на­род­на му­зи­ка. И тоа зош­то? За­тоа што ми­нис­те­рот по­ве­ќе са­кал џез от­кол­ку на­род­ња­ци.
    Е от­се­га не­ма да би­де та­ка. Ќе има про­ме­ни и во каз­не­на­та по­ли­ти­ка. Ко­га ќе по­ми­неш на цр­ве­но и ко­га по­ли­ца­е­цот ќе ти на­пи­ше бе­леш­ка, тој ќе мо­ра за­дол­жи­тел­но да ги на­ве­де и кул­тур­но-умет­нич­ки­те афи­ни­те­ти на каз­не­ти­от. Не смее па­ри­те на не­кој што ја са­ка Це­ца да одат на смет­ка­та на Ма­ке­дон­ска фил­хар­мо­ни­ја. И ако гре­ши, ба­рем да знае зош­то гре­ши.
    Оваа ак­ци­ја на кул­тур­но опис­ме­ну­ва­ње на на­ро­дот од по­ли­ци­ја­та мо­же да се из­ве­де во со­ра­бот­ка со “Скоп­ска пи­вара”. Не­ли во ед­на рек­ла­ма за “скоп­ско” се твр­де­ше де­ка со се­ко­ја ис­пи­е­на гол­тка пи­во, при­до­не­су­ва­ме за спон­зо­ри­ра­ње кул­тур­ни ма­ни­фес­та­ции. Што по­ве­ќе пи­ја­ни­ци, тол­ку по­кул­тур­на на­ци­ја. Е се­га, на ак­ци­ја­та на “Пи­вара” се вклу­чу­ва и по­ли­ци­ја­та. Со­об­ра­ќај­ци­те ќе тре­ба да ги ло­ват пи­ја­ни­те и да им пи­шу­ва­ат каз­ни. Со “скоп­ско” и со МВР ќе има­ме двој­но фи­нан­си­ра­ње на кул­ту­ра­та.

    3. Пре­ми­е­рот Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски на 21 и 22 фев­ру­а­ри ќе за­ми­не во Бу­га­ри­ја. Би­деј­ќи 21 фев­ру­а­ри е праз­ни­кот Проч­ка, зна­чи Ге­ор­ги­ев­ски оди на прош­та­ва­ње со та­мош­ни­от пре­ми­ер Иван Кос­тов.
    Спо­ред ста­ра­та ма­ке­дон­ска тра­ди­ци­ја, во се­мејс­тво­то, за вре­ме на Проч­ка, мај­ка­та ги со­би­ра де­ца­та, им вр­зу­ва ва­ре­но јај­це на ко­нец, а де­ца­та се оби­ду­ва­ат да го лап­нат јај­це­то, без да го фа­тат со ра­це.  Белки Иван Кос­тов не­ма да го пре­че­ка Љуб­чо со јај­це на ко­нец. Вед­наш ќе се про­ко­мен­ти­ра де­ка Љуб­чо ќе го ам­ка јај­це­то што му го ниш­ка мај­ка Б’лга­ри­ја.
    Уш­те пос­траш­но ќе би­де ако ми­нис­те­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти Алек­сан­дар Ди­мит­ров го ам­ка јај­це­то на На­деж­да Ми­хај­ло­ва. Ка­ков Пан­га­лос, ка­ков Тај­ван, ду­ри ова би би­ло ка­тас­тро­фа­лен пад на уг­ле­дот на др­жа­ва­та.
    Нас­тра­на што бив­ши­от ми­нис­тер Хан­џи­ски би бил мно­гу љу­бо­мо­рен. Ка­ко тој не ус­пеа за вре­ме на не­го­ви­от ман­дат да се ам­ка со На­деж­да. Кој­знае да­ли ху­ба­во­то На­де уш­те мис­ли на не­го. Ба­рем да го пра­ша Алек­сан­дар, што е со Хан­џо, да не му пуш­ти­ле и не­му не­ко­ја при­ја­ва.
    Ова мла­ди­ве се мно­гу без­об­раз­ни. Вед­наш за­бо­ра­ва­ат и не­ма­ат по­чит кон ста­ри­те љу­бо­ви. Не се ка­ко аме­ри­кан­ска­та ми­нис­тер­ка Мед­лин Ол­брајт. Таа се сре­ќа­ва со Љуб­чо, ама пак не за­бо­ра­ва да му се ја­ви и на Ки­ро. И тоа сé но­ќе се слу­ша­ат. Тоа ти се ви­ка вер­на љу­бов.

    4. Ка­ко се ви­ка­ше др­жа­ва­та со ко­ја не­о­дам­на вос­пос­та­вив­ме дип­ло­мат­ски од­но­си, па Ки­на ни се на­лу­ти? Пот­прет­се­да­те­лот на Вла­да­та Бед­ре­дин Иб­ра­и­ми, ден­та ко­га стиг­на шо­кан­тна­та вест од Тај­пеј, збо­ру­ва­ше за Тај­ланд. Во ме­ѓув­ре­ме, Вла­да­та доз­на со ко­го сме се здру­жи­ле. Та­ка што се­га и ми­нис­те­рот за фи­нан­сии Бо­рис Стој­ме­нов знае со ко­го сме вос­пос­та­ви­ле дип­ло­мат­ски од­но­си, ама не е си­гу­рен за пос­лед­на­та бук­ва од име­то на др­жа­ва­та. Па, за да не ис­пад­не не­ук ка­ко пот­прет­се­да­те­лот Иб­ра­и­ми, не збо­ру­ва за Тај­ланд, ама за се­кој слу­чај, Тај­ван го ви­ка Тај­ванд.

    5. Прет­се­да­те­лот Гли­го­ров пра­ви раз­ли­ка ме­ѓу Тај­ван и Тај­ванд, па в по­не­дел­ник ќе го сви­ка Со­ве­тот за без­бед­ност. Би­деј­ќи Со­ве­тот се сви­ку­ва ко­га без­бед­нос­на­та си­ту­а­ци­ја во др­жа­ва­та е дра­ма­тич­на, си­гур­но прет­се­да­те­лот има ос­но­ва за се­ри­оз­на заг­ри­же­ност.
    Гли­го­ров го сви­кал Со­ве­тот ко­га доз­нал де­ка Ки­не­зи­те од Пе­кинг де­но­ви­ве на­со­чи­ле сто­ти­на ба­лис­тич­ки про­ек­ти­ли кон Ки­не­зи­те од Тај­ван(д). Со ог­лед на сос­та­вот на Со­ве­тот за без­бед­ност, со­се­ма е не­из­вес­но ка­ко на­ша­та др­жа­ва ќе се од­не­су­ва во оваа дра­ма­тич­на си­ту­а­ци­ја. Да­ли, ќе се ра­ко­во­ди по ста­вот на Вла­да­та, па ќе ис­пра­ти­ме вој­ни­ци да го шти­ти­ме Тај­ван, би­деј­ќи Тај­ван(д) е наш, или Вр­хов­ни­от ко­ман­дант, ќе мо­би­ли­зи­ра ма­ке­дон­ски тру­пи да ѝ по­мог­нат на ар­ми­ја­та на НР Ки­на да го ос­вои ос­тро­вот и та­ка да го спа­си уг­ле­дот на др­жа­ва­та.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари