БАЛКАН АВСТРАЛИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:62:"СајрусВенсјаспасуваАвстралија

    1. Министерот Стево Црвенковски се врати во земјата. Илегално. Не јавија дури ни грчките медиуми. Додека на државната телевизија одеше вест дека минис­терот ќе ги продолжи разговорите со Сајрус Венс во Женева и во петок претплад­не, неговото авионче некаде околу 22 часот во четвртокот слета на скопскиот аеродром.
    Полицајците на аеродромот биле известени дека министерот не сакал да го чекаат новинари. Дежурната службеничка во Министерството за односи со странство имаше очигледно тешка задача да одговори на бројните телефонски повици од редакциите, па даваше и вакви одговори: “Немаме никаква информа­ција, а кога ќе добиеме информација, не знам дали ќе имаме информација”. Среќа, контролата на летањето имаше информација, па новинарите вршејќи си ја својата работа се нацртаа на аеродромот да го пречекаат министерот за чиишто активности ние во Македонија дознаваме од грчки извори. Арно ама, полицијата исто така си ја вршеше својата работа. Не само што не смееше да се излезе на платформата, туку не смееше да се вклучат ни камерите преку заштитната ограда. За секој случај, авиончето по слетувањето отиде право кај хангарот. Министерот заврши во хангар. Од таму – директно во кола. Единствениот можен начин да се земеше изјава беше да се легне на патот. Па ако ги испогазеа новинарите, тоа ќе беа првите жртви на македонската дипломатија.
    Обично, кога некој се маскира, става темни очила за сонце и пушта брада и мустаци. Како ќе се маскира Црвенковски за следното патување во странство? Можеби ќе се избричи и ќе се стави на третман на “Силуете”. Така маскиран нема да има потреба да се крие. А новинарите попусто ќе го чекаат во аеро­дромскиот хангар.

    2. Добро е што Сајрус Венс се труди да го обнови дијалогот меѓу Македонија и Грција. Тоа е особено добро за Австралија. Крајно време е да ги спаси Австралијанците од ужасите на една балканска војна.
    Инаку, ние како мирољубив народ ги пуштаме другите да се тепаат за нас. И фала му на господа, за прв пат во историјата се случува војната за нас да се води далеку од нашата територија. Ете, во Австралија на фудбалски натпревар се степале навивачи од хрватско и грчко потекло. Играле клубови на хрватски и грчки иселеници. Грците мавтале со српски знамиња и скандирале “Србија, Србија”!. А Хрватите викале: “Македонија!” и вееле македонски знамиња.
    Еј, колку бил далеку Балканот од нас. Дури во Австралија.

    3. Слушам, австралиската влада по конструктивните терористички предлози од страна на грчката заедница решила да ги заостри отпорано поставените услови за воспоставување дипломатски односи со Македонија. Покрај тоа што на нашето конзуларно претставништво треба да си го залепиме глупавото име “БЈРМ” и да не го вееме сопственото знаме, наскоро ќе ни поставеле уште некој услов. Претпоставувам дека, за да отвориме дипломатско претставништво во Канбера, ќе треба да ја изградиме зградата од дрво и пластика. Тоа е најлесно запалив материјал. Нема смисла да им правиме проблеми на Грците да се обидуваат неколку пати да нé палат. Не би било во духот на мултиетничка Австралија една етничка заедница да ѝ го комплицира животот на друга. Па макар и најкомплику­ваната работа на лојалните австралиски  граѓани да е изработка на молотови коктели.

    4. Грчкиот министер за надворешни работи Каролос Папуљас веднаш по средбата со Сајрус Венс отпатува да му даде отчет на својот газда во Белград. Милошевиќ бил многу заинтересиран како ќе се реши спорот меѓу Скопје и Атина. Само што имал забелешка дека во решавањето на балканските прашања се мешале сили надвор од Балканот.
    Е, баш би било интересно кога небалканските сили би ги оставиле балкан­ските  да го решаваат проблемот со Македонија. Имаме пример како балканските сили ја решија Босна. Со такви насилници како што се Грција и Србија проблемот со Македонија ќе беше успешно решен. Немаше да постои.
    Ете, пред некој ден Шешељ во сојузниот парламент во Белград, реагирајќи на критиките на некои пратеници дека новиот кандидат за гувернер на нивната народна банка бил роден во Скопје, а не чини што на главни места во државата се поставуваат луѓе родени надвор од Србија, лидерот на српските радикали рекол: “Не е точно дека Скопје не е во Србија, туку е само привремено надвор од Србија. Меѓутоа, зарем ние Србите ќе се помириме со тоа Скопје да остане надвор од Србија!?”.
    Милошевиќ има право да биде заинтересиран како ќе се реши спорот Атина – Скопје. Избира терен каде ќе изгради нов сараевски ѕид.

    5. Што запнале толку Грците да го менуваме членот на Уставот во кој се предвидува грижа за Македонците во соседните земји? Па, нели во Грција не постои македонско национално малцинство!?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари