БРОЕЊЕ ОВЦИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:67:"Штознаеде­тештоере­лак­са­ци­ја

    1. Глав­на за­ни­ма­ци­ја на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни во пос­лед­ни­те не­кол­ку ме­се­ци е  бро­е­ње­то. Пр­во бев­ме за­фа­те­ни со бро­е­ње­то гла­со­ви на из­бо­ри­те. По­тоа поч­нав­ме да ѝ ги бро­и­ме сто­те де­на на но­ва­та вла­да. За тоа вре­ме бро­ев­ме кол­ку лу­ѓе ќе би­дат ста­ве­ни на но­ви мес­та и кол­ку­ми­на ќе би­дат трг­на­ти. Ги бро­ев­ме и афе­ри­те со јав­ни­те на­бав­ки, ми­ли­о­ни­те мар­ки и теш­ки­те зло­у­пот­ре­би.
    Тоа што, во ме­ѓув­ре­ме, про­дол­жи бро­е­ње­то на де­но­ви­те до пла­та, на за­гу­ба­ри­те и на нев­ра­бо­те­ни­те не ни пречеше да се за­ни­ма­ва­ме со по­вед­ри те­ми од ти­пот на преб­ро­ју­ва­ње­то на ми­ли­јар­да­та на Ци­ле, бро­е­ње­то на  ко­ко­шар­ни­ци, рас­пра­шу­ва­ње­то кол­ку ми­ли­о­ни ќе одат ов­де, кол­ку он­де… За да не за­бо­ра­ви­ме ка­де жи­ве­е­ме, де­но­ви­ве ги бро­и­ме и те­пач­ки­те во град­ски­те ав­то­бу­си.
    По по­се­та­та на пре­ми­е­рот Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски на Бу­га­ри­ја, бро­и­ме и тен­ко­ви. На гра­нич­ни­от пре­мин Бо­го­ро­ди­ца кон Гр­ци­ја се­кој­днев­но ги бро­и­ме кон­во­и­те на НАТО. На Скоп­ски­от ае­род­ром ги бро­и­ме сле­ту­ва­ња­та и по­ле­ту­ва­ња­та на тран­спор­тни­те ави­о­ни. Ка­ко про­тив­те­жа, на се­вер­на­та гра­ни­ца, на пре­ми­нот Бла­це ги бро­и­ме бе­гал­ци­те од Ко­со­во. Ни­кој не знае точ­но кол­ку има­ме бе­гал­ци ни кол­ку има­ме НАТО-вци. Ќе ги из­бро­и­ме. Што ни е дру­га ра­бо­та.
    Во рам­ки­те на ма­те­ма­тич­ка­та ак­тив­ност, сé уш­те ни­кој не се се­тил да из­брои кол­ку има ов­ци. Да­ли се на­вис­ти­на два ми­ли­о­на, кол­ку што твр­дат злоб­ни­ци­те, и да­ли на­вис­ти­на се по­де­ле­ни во две ста­да. Бро­е­ње­то ов­ци е ко­рис­на мен­тал­на ак­тив­ност. Де­јствува сми­ру­вач­ки, осо­бе­но спо­ре­де­но со бро­е­ње­то вој­ни­ци и бе­гал­ци. Се ве­ру­ва де­ка ако не мо­жеш да зас­пи­еш, тре­ба да бро­иш ов­ци. Што по­ве­ќе ов­ци, толку по­ми­рен сон. Проб­ле­мот нас­та­пу­ва ко­га ќе се раз­бу­диш. То­гаш ќе сфа­тиш де­ка при­каз­ни­те што ни ги рас­ка­жу­ваа пред да поч­не­ме да ги бро­и­ме сто­те де­на би­ле са­мо еден убав сон.

    2. Са­мо прет­се­да­те­лот на Соб­ра­ни­е­то Са­во Кли­мов­ски не­ма проб­ле­ми со бро­е­ње­то де­но­ви до прет­се­да­тел­ски­те из­бо­ри. Што се од­не­су­ва до не­го, из­бо­ри­те мо­жат да би­дат уш­те де­не­ска. Всуш­ност, не мо­ра во­оп­што и да се одр­жат. За­тоа што прет­се­да­тел на др­жа­ва­та ќе би­де Ва­сил Ту­пур­ков­ски. Та­ка ви­ка Са­во. Та­ка им ка­жа и на тај­ван­ски­те но­ви­на­ри.
    Во воз­ду­хот се чувс­тву­ва раскол ме­ѓу ма­ке­дон­ски­те јас­но­вид­ци. Пред не­кол­ку де­на еден пред­ви­де де­ка Ту­пур­ков­ски не­ма да би­де ид­ни­от прет­се­да­тел на др­жа­ва­та. Со­вет­нич­ка­та на пре­ми­е­рот Ге­ор­ги­ев­ски, јас­но­вид­ка­та Ми­на, сé уш­те не се кон­цен­три­ра­ла на овој проб­лем. Са­мо јас­но­ви­де­цот Са­во знае што ќе се слу­чи на­е­сен.
    За Са­во Кли­мов­ски е поз­на­то де­ка тој гле­да да­ле­ку во ид­ни­на­та. Уш­те ко­га бе­ше во Стран­ка­та на Ју­гос­ло­ве­ни­те, ве­ру­ва­ше де­ка Ју­гос­ла­ви­ја ќе оп­ста­не. И по­го­ди. Та­ка што, ако Ци­ле се пот­пи­ра на прог­но­зи­те на Са­во, си­гур­но ќе стиг­не до прет­се­да­тел.

    3. Ве­ро­јат­но не е ло­ша иде­ја­та и Ми­нис­терс­тво­то за внат­реш­ни ра­бо­ти да ан­га­жи­ра не­кој јас­но­ви­дец. Не­го­ва­та за­да­ча ќе би­де да пред­ви­ду­ва на ко­ја ав­то­бу­ска ли­ни­ја  ќе дој­де до те­пач­ка ме­ѓу сред­нош­кол­ци­те Ал­бан­ци и Ма­ке­дон­ци. Заш­то, ако про­дол­жи ва­ка, ќе мо­ра да се рас­пи­ше тен­дер за по­ве­ќе по­ли­ци­ски ком­би­ња. Зад се­кој ав­то­бус ќе оди по ед­на “ма­ри­ца”.
    Как­ва смис­ла би има­ла, на при­мер, ми­си­ја­та на Макс ван дер Штул, ако Ал­бан­ци­те и Ма­ке­дон­ци­те не се те­па­ат. Ко­га ве­ќе не­кои, за ина­ет на Вла­да­та, го убе­ду­ва­ат де­ка ме­ѓу­ет­нич­ки­те од­но­си не се ре­лак­си­ра­ни, то­гаш за тоа мо­ра  да при­ло­жат и убед­ли­ви до­ка­зи. Та­ка што ќе мо­ра и да ги ор­га­ни­зи­ра­ат де­ца­та. А де­ца ка­ко де­ца. Што знае де­те што е ре­лак­са­ци­ја. Ако тре­ба да се уди­ра – не­ка се уди­ра. Зе­ми прачка и ма­вај.

    4. Тај­ван­ски­те но­ви­на­ри што до­па­ту­ваа во Ма­ке­до­ни­ја, пр­ви­от ден да­ваа из­ја­ви кол­ку се среќ­ни што прес­то­ју­ва­ат во ед­на так­ва го­ле­ма зем­ја как­ва што е Ма­ке­до­ни­ја. Па­тем, ка­жу­ваа де­ка не зна­ат мно­гу за нас, ама уче­ле ис­то­ри­ја, па та­ка до­би­ле не­кои соз­на­ни­ја за Ма­ке­до­ни­ја. Кој­знае што уш­те им ка­жу­вал Ту­пур­ков­ски ко­га бил та­му, и да­ли им рас­ка­жу­вал за не­го­ви­те ис­тра­жу­ва­ња за ан­тич­ка Ма­ке­до­ни­ја, па мо­же­би Тај­ван­ци­те си по­мис­ли­ле де­ка станува збор за им­пе­ри­ја­та на Алек­сан­дар Ма­ке­дон­ски.
    Ра­ка­ на ср­це, би би­ло уба­во зем­ја­ва да ни бе­ше мал­ку по­го­ле­ма, ако ве­ќе тол­ку са­ка­ат да ни да­ва­ат па­ри. Заш­то, ис­кус­тво­то ни збо­ру­ва де­ка  кол­ку мно­гу па­ри мо­же­ме да ис­кра­де­ме, ќе ни тре­ба неш­то по­го­ле­ма др­жа­ва од оваа.
    Ту­ку, дај до­де­ка е вре­ме да им рас­чис­ти­ме на тај­ван­ски­те ко­ле­ги де­ка ми­ли­јар­да­та тре­ба да стиг­не ту­ка, а не во зем­ја­та на Алек­сан­дар Ма­ке­дон­ски. Да не се збу­нат лу­ѓе­то, да не зна­ат ка­де да ин­вес­ти­ра­ат, па на­мес­то ко­ко­шар­ни­кот во Стру­га, да го из­гра­дат во Алек­сан­дри­ја, или, пак, на­мес­то Гев­ге­ли­ја да до­бие ра­фи­не­ри­ја, да ник­не но­ва ра­фи­не­ри­ја во Иран.

    5. Ако ве­ќе прет­се­да­те­лот Гли­го­ров и пре­ми­е­рот Ге­ор­ги­ев­ски не мо­жат да се усог­ла­сат со ко­ха­би­та­ци­ја­та, ту­ка се нив­ни­те соп­ру­ги да ја за­вр­шат ра­бо­та­та. Зав­че­ра, гос­по­ѓа­та На­да Гли­го­ро­ва има­ше ху­ма­ни­тар­на ак­ци­ја во Де­мир Ка­пи­ја, а вче­ра, гос­по­ѓа­та Сне­жа­на Ге­ор­ги­ев­ска во Скоп­је.
    Гли­го­ро­ва и Ге­ор­ги­ев­ска си се ме­ша­ат во ин­ге­рен­ци­и­те, ис­то ка­ко нив­ни­те соп­ру­зи, ама, се­пак, ко­га ко­ха­би­ти­ра­ат пр­ви­те да­ми, ба­рем не­ма ште­та за др­жа­ва­та. Ако ве­ќе од кон­ку­рен­ци­ја­та ме­ѓу Гли­го­ров и Ге­ор­ги­ев­ски не­ма­ме ни­как­ва ко­рист, ос­вен за­ба­ва за на­ро­дот, то­гаш ба­рем кон­ку­рен­ци­ја­та ме­ѓу Гли­го­ро­ва и Ге­ор­ги­ев­ска ќе до­не­се ко­рист за по­го­лем број деца без родители, хендикепирани и ретардирани.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари