БРЗ ВОЗ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:76:"МакедонијаитаконЕУнакосовскиколосек

    1 Возот за Приштина тргна. Првите патници беа министрите Фатмир Бесими и Џемали Мехази.
    Полицијата и Царината велат дека нема услови за контрола на патниците и на стоката, бидејќи нема инфраструктура на граничниот премин. Ама Владата е упорна. Возот мора да оди.
    Портпаролот Сашо Чолаковски изјави дека: ” Владата ги разгледала сите аспекти, вклучително и безбедносниот фактор и првата контрола ќе се прави во Волково”. Тоа е веќе предградие на Скопје.
    Безбедносниот фактор е најважниот. За патниците од Косово не е безбедно да одат пешки преку планина. Особено не во зима, како оние неидентификувани ловџии со калашникови што се губеа низ Шара. Вака е најебезбедно. Наполни торбата со оружје и качи се на воз. Додека те фатат во Волково, ти веќе си се скрил во Кондово.
    Сега и свадбарите можат да си планираат кога да доаѓаат на веселба во Македонија. Имаат возен ред. Секој ден во 9.38 и 16.13. Ќе истрелаат неколку рафали и точно ќе знаат кога да се качат на возот за безбедно да се вратат на Косово.

    2 Никола Груевски по добивањето кандидатски статус за ЕУ рече дека сеге сме се качиле на воз кој долго време ќе стои на станицата. Ама ете, возот тргна. Само што еден од условите за олабавување на визниот режим за земјите на ЕУ е и строгата контрола на границите. А ние со Косово граница немаме.
    Македонија ита кон ЕУ. Возот стои на косовски колосек.

    3 Никола Поповски немал потреба да предвидува пари во буџетот за Регулаторната комисија за енергетика. Таа треба да се укине. Сите пари нека ги префрли кај Бучко. Затоа што премиерот тврди дека в година струјата нема да поскапи. Ако регулаторната комисија како независен државен орган го слуша премиерот за цената на струјата, зошто тогаш би расправала и за цените на горивата, парното, гасот… Бучко ќе ги регулира сам.
    Премиерот е главен регулатор. Како тргнал да регулира се во државата, ќе патентира и лек за стомак. “Бучкодин – го регулира варењето”.

    4 Претседателот Бранко Црвенковски и оваа година ни кажа дека “годинава не ја подобривме значајно сегашноста, но авансиравме крупна инвестиција за иднината”.
    Реков и пак ќе речам. Добро утро за Бранко. Му требаа 15 години за да стене претседател и да сфати каков живот живееме ние во Македонија.
    Откако знам за Бранко, секоја година на почетокот ветува дека ќе ни биде добро, а на крајот признава дека не ни е. Ама тоа не било за џабе. Тоа што ние лошо, било за наше добро. Оти, тоа што ни е лошо е нашата најголема инвестиција. Значи, иднината со Бранко ни е промашена инвестиција.

    5 Фондовите на ЕУ ќе бидат достапни за Македонија дури во 2008 година. Ама и тогаш нема да ни дадат пари, ако не се сигурни дека знаеме да ги потрошиме.
    Зошто би ни давале? За да ги штеди Никола Поповски, или за да ги троши Бучко во непосредни спогодби.
    Парите ќе стигнат само ако има проекти. Затоа, најсигурно е да ги испратат со комбе на Македонски пошти. Така инвестираат во сигурен проект. Сто посто ќе бидат потрошени.

    6 Кога крадци влегле во домот на обвинителот Александар Прчевски во Битола, не нешле ништо.
    Зошто? Сигурно барале докази. А Прчевски докази никогаш нема.

    7 Од Нова година на Клиники ќе се лекуваат само тие што први ќе се разболат. За тие што доцнат со болеста пари за лекување нема. Струјата може нема да поскапи, ама ќе ја нема оти во исто време не смее и да се пере и да се пегла. За готвење и греење муабет не правиме. Од ЕСМ препорачуваат: Ако сакате да имате струја – не ја трошете.
    Не знам зошто Владата чека и не остава вака во анархија да го чекаме возот за ЕУ. Зошто како европска правна држава не донесе закони што мора да се почитуваат. На пример: Закон за забрана за трошење струја. Или, Закон за забрана за лекување во болница. Или, закон за забрана за употреба на храна во исхраната.

    8 Паника во редовите на СДСМ. За 7 дена стапува на сила законот против пушење на јавни места. Во опасност е кариерата на младите СДСМ–овци. Бидејќи на надежените партиски кадри пушењето им е животен стил, сега, кога нема да смеат да пушат ќе ја изгубат смислата на постоењето.

    9 Министерството за правда вчера не испрати соопштение дека некој затвореник не се одалечил од затвор. Затворениците вчера не се одалечуваа. Стоеја на покривот на Идризово.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира