ЧИСТИ ГАРАЖИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:167:"Воистденвоеднаскопсканаселбабркаататентатори,аводругавеличаатвоенизлосторници

    1. И покрај студеното време, во Скопје многу граѓани решија да слезат по визбите, во гражите и шупите, малку да ги зачистат. Којзнае кога ќе му текне на Органот да доаѓа на гости, па не чини да излезат недомаќини. По визбите, шупите и гаражите мора сé да биде во најдобар ред. И подготвено да се чекаат силите на редот.
    Она што се случи минатата сабота во Кисела Вода повеќе не смее да се повтори. Каков ли е тој неред на нашите совесни граѓанки и граѓани!? Каде се чуло да се чува по подрумите сé и сешто! И после ќе се чудиме кога ќе ни пукаат автомобили-бомби по улиците!
    Во саботата во Кисела Вода се одвиваше полициско-показна вежба. Поли­циска, затоа што во неа активно учество зедоа сите видови полицајци, од позор­никари, преку сообраќајци, па сé до инспектори. Вежбата беше и показна затоа што на граѓаните им се покажуваше фотографија на едно лице, за кое полицајците велеа дека е доведено во врска со атентатот врз претседателот Глигоров од 3 октомври. Сé беше организирано по системот “Сите во одбрана и заштита”, само што во овие плуралистички и демократски времиња одеше со мотото “Да се обидеме заедно!” И така цела Кисела Вода пред една недела го бркаше атентаторот врз претседателот Глигоров. Колку успешно – не знаеме. Полицијата не дава информации, истражниот судија се крие, а граѓаните се зафатени со чистење на песокот од своите гаражи.
    Она што по оваа полициско-показна вежба дефинитивно е јасно дека се рабо­ти за атентатори – вистински професионалци. Да не беа професионалци, сигурно уште во багажниците од своите возила ќе транспортираа вреќи со песок и поли­цијата, само два месеца по атентатот, при претресот ќе ги фатеше. Сега, кога дефинитивно е јасно дека никој, освен можеби тој што прави атентати врз шефови на држави, не вози песок во своето возило, единствената надеж дека ќе се пронајде некоја трага е песокот пронајден во некои гаражи.
    Камо среќа да е така. Или, уште подобро, дај боже полицијата да знае што прави, па сега сите успешно нé”вози” и нé замајува по погрешни насоки. Којзнае, можеби има некаква логика, два месеца по атентатот да се бараат свежи траги? На крајот на краиштата не можеме сите да бидеме полицајци и да им се мешаме во работата. Единствено што како државен орган не смеат да прават дискримина­ција на своите граѓани. Зошто баш жителите на Кисела Вода да бидат привилегира­ни во однос на другите жители во Скопје? И другите сакаат да присуствуваат на спек­та­ку­ларни полициски акции, да се вклучат во вежбата “Да се обидеме заедно”, да покажат лојалност кон државата и да соработуваат со органите на редот. Да вле­зе­ме сите подготвени во широката народна акција предводена од полицијата со мотото: “Чисти гаражи – за мирот и сигурноста на сите нас!”

    2. По здружениот полициско-народен удар врз визбите на по атентатори познатата скопска населба, на Македонија ќе ѝ се случи и друг удар. Монетарен. Марката почна нагло да расте во однос на денарот.
    Министерот за финансии Јане Миљовски ни раскажа дека две-три приватни менувачници во Скопје прво ги пуштиле гласините дека денарот ќе паѓа и веднаш го дигнале курсот на марката. Министерот сигурно знае дека две-три приватни менувачници можат да направат таков удар на домашната валута. Ние останатите што немаме поим со финансиите можеме само да му веруваме на неговото објаснување. И бидејќи сега сите колективно станавме инспектори, да појдеме по трагата на тие менувачници.
    Чудно, како овој упад во монетарниот систем се случи веднаш по укинувањето на санкциите кон Србија. Можеби е чиста коинциденција што до него дојде по плачките на нашите социјалистички директори дека денарот е превреден, па тоа ќе им се одрази на соработката со српските фирми? Глупости! Милошевиќ правеше монетарни упади, ама во бивша Југославија кога централната банка беше кај него – во Белград. Сега ние си имаме наша Народна банка. А Милошевиќ нема свои луѓе кај нас.

    3. Зошто се дигна толку паника кога на Силексовата телевизија како драг гостин се појави Бора Ѓорѓевиќ-Чорба? Затоа што покажуваше слики од Аркан, се фалеше дека бил на боиштето и зборуваше за некои усташи? Без врска! “Сител” пред една година три пати ни ја репризираше снимката од свадбата на Аркан и Цеца Величковиќ, а сега ќе се возбудуваме за еден мирољубив разговор во кој гости­нот се чувстуваше како да е дома. Што му е гајле на народот дека гостинот на “Силекс” се фотографирал со четнички кокарди, се дружи со воени злосторни­ци, учествувал во окупацијата на Хрватска, велича големосрпски идеи, отворено нé зафркава и за Американците и за денарот… Во Кисела Вода бркаат атентатори, а во Центар (каде што е “Сител”) величаат воени злосторници.
    Забава си е забава, бизнис си е бизнис. Артистот што го доведе Бора Ѓорѓевиќ во студиото е професионалец. Тој е истиот оној што пред една година се појавуваше во рекламните спотови на победничката партија на изборите и преку телевизија ни порачуваше: “Гласајте за Сојузот за Македонија!” Можеби разбрал дека се работи за сојуз со Србија.

    4. Требаше да дојде словенечкиот државен министер Игњац Голоб и на македонската јавност да ѝ ги каже ставовите на македонското раководство во врска со сукцесијата на СФРЈ.
    Така требало да биде. Нашите за тоа прашање сé уште молчат. Им е страв да не им се налути Милошевиќ.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари