ДОБРО УТРО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:63:"Шиц,миц,Мицика,билихтеламолера

    1 “Ако се дават аргументи зошто не може да се покрене постапка, а не се бараат аргументи за таа да се покрене, тогаш дури во случај на вистински криминал институциите на системот ќе бидат блокирани и не ќе може да се утврди вистината и одговорноста на поедини лица”. Така рече претседателот Бранко Црвенковски пред неколку дена.
    Добро утро претседателе. Добре дојдовте во системот на разочарани граѓани на Македонија.
    Јавниот обвинител Прчевски го зафркава претседателот. И мене многу ми е ќеф дека Бранко е разочаран. Па ни се жали не е задоволен како функционираат институциите на системот.
    Разочараниот Бранко 9 години беше премиер и повеќе од една година претседател на Македонија. Прчевски го знае уште од времето кога беше претседател на Битолскиот суд и заедно го ловеа октоподот на ТАТ. Затоа и е унапреден во државен обвинител.
    Кога другите се разочарани, Бранко нема проблем. Ама, кога тој е разочаран, ние треба да го жалиме. Цок, цок, цок, видете што му прават на претседателот.
    Бранко има проблем оти не може да докаже дека нема пари во Швајцарија и му се лути на Прчевски.
    А што да каже семејството на загинатиот претседател Трајковски, по прашањето на надлежностите на Прчевски.
    Конечно, што да кажеме ние кога не можеме ни да помислиме дека правдата ќе ја најдеме на суд? Што да кажеме кога не можеме да се лечиме во болница оти системот ни ги потрошил парите што редовно сме ги уплатувале? Имаме ли воопшто здив да промрмориме онака понижени и навредени во редиците за виза пред амбасадите?
    Ова што го прави Бранко сега е исто како кога домаќинката ќе се пожали на комшивката оти не и е исчистено дома. Ако Бранко не е задоволен од институциите на системот, тоа е исто како да не е задоволен од себе. Е тука веќе ние ништо не можеме да му помогнеме.

    2 Имам сериозен предлог до Европската унија. За да го избегнат преговарањето со нашите разочарани претставници на системот, нека отворат преговори со секој од нас поединечно. Сам по сам полесно ќе влеземе во ЕУ, отколку да чекаме Бранко, Бучко, Илинка и Рада да не внесат. Оти, нас не не примаат во ЕУ заради нив, а не дека ние не чиниме. Плус, ќе биде многу поевтино. Ај што ги трошат нашите пари додека се дома, туку скапо не чинат и кога одат да лобираат.
    Еве, јас ги исполнувам условите за преговори со ЕУ:
    Дома водам пазарна економија.
    Не сум корумпиран.
    Не склучувам договори во четири очи, освен со жена ми и децата.
    Верувам во владеењето на правото.
    Не носам илегално оружје.
    Верувам во соживот и живеам како таков.
    Верувам во слободата на говорот и правото на различно мислење.
    Редовно плаќам струја, вода и телевизија.
    Не паркирам на места резервирани за инвалиди, врзувам ремен и палам светла кога возам.
    Не плукам во лифт.
    Ако од ЕУ имаат и некое друго барање, нека ми испратат прашалник, ќе го одговорам. И Оли Рен ќе го пречекам. Ќе се избричам, ќе се дотерам,ќе прошетаме по улица Македонија и ќе се сликаме. И балоните ако треба со уста ќе ги дувам.
    Ако ЕУ реши со секој од нас да почне преговори за членство, сигурно од 2 милиони луѓе, барем милион и деветсто илјади ќе можат да влезат во ЕУ. Другите нека си бидат функционери.

    3 Во времето на ВМРО тајванските пет милиони долари за градењето на Гинеколошката клиника во Скопје отидоа за некоја велешка фирма. Од СДСМ скокаа дека фирмата била непозната.
    И Бучко како министер за одбрана плаќал на непознати градежни фирми. Реновирањето апартмани за генерали и бојосувањето на касарни било работа од особена важност за безбедноста на државата.
    А бе ВМРО-вска работа.

    4 Бучко очигледно многу сакал да молерисува. Ама сака и да пее. Затоа најтопло му ја препорачувам српската химна на молерите: “Шиц миц Мицика, би ли хтела молера”. Изведувач на работите: КУД Миле Драгиќ.

    5 Ако веќе решиле да ја тераат приказната на ВМРО, тогаш нека бидат доследни. Нека ја завршат барем денационализацијата.

    6 Поранешната директорка на Катастарот Тања Митровска која беше осудена на една година затвор за фалсификување документи за вилата на Љубчо и Снешка на Водно, си ја купи слободата за 70.000 евра.
    Таа беше директорка на Катастар, мажот и беше шеф на Кабинетот на премиерот Георгиевски. Што би се рекло – отепани државни чиновници. Ама штедливо семејство.
    Треба да се штеди. За црни денови. Никогаш не знаеш кога ќе украдеш доволно за да те пратат во затвор.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира