ЕВРОПА ТРОПА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:153:"Србијавнимателноќегиразгледабарањатанаевропскитедржавизанивнопризнавање

    1. Само човек да не им се најде во кожата на Европејците. Сиромашките, наместо да се подготвуваат за прослава на Божик, тие се зафатени со пишување писма до Србија, со барање да бидат признати. Затоа што агилниот пот­претседател на српската влада Будимир Кошутиќ изјави дека Србија нема причина да бара признавање од некој што има покуса историска државност од неа.
    Европските парламенти сега забрзано работат на приспособување кон условите што им ги постави Србија, ако сакаат да бидат признати нивните држави. Барањата за независност треба да ги испратат до сесрпската арбитражна комисија, на чие чело е угледниот и надалеку познат одмерен правник Будимир Кошутиќ. Тој ќе оцени дали Европејците ги задоволуваат  критериумите да бидат  меѓу­на­род­­но признати. Единствено треба да одговорат на следните прашања од “Српската декларација за критериумите за признавање на земјите кои ја сочи­нува­ат таканаречената Европска економска заедница”.
    а) Дали се согласуваат на териториите меѓу нивните административни граници каде што живее макар и еден Србин да формираат српски автономни области?
    б) Дали се обврзуваат да воведат задолжително изучување на најсветскиот јазик – српскиот, за да можат нивните државјани да “говоре српски да их цео свет разуме”?
    в) Дали ќе преземат сеопфатни мерки за менување на начинот на исхрана и постепена замена на тешко сварливата храна со корења, произведени во колхозите на Бранко Костиќ?
    г) Дали ќе набават специјални приемници за прием и емитување на дневникот на ТВ Белград, заедно со додатокот, со обврска за време на нивното емитување непријателските сателитски станици да емитуваат сериозна музика?
    д) Дали прифаќаат сите телефонски разговори да ги најавуваат еден месец однапред на прислушната телефонска централа во Белград?
    Членките на српската заедница се договорија, покрај горенаведените услови, за Германија да воведат дополнителни критериуми. Доколку Кол и Геншер сакаат да добијат позитивен одговор од Кошутиќ, треба да се обврзат во иднина да не го употребуваат името Германија за својата земја, бидејќи тоа предизвикува комплекс на повисока вредност кај српскиот народ, кој два пати ја победил таа “творба”. Потоа, покрај дозволата за формирање САО на етничките и историските терито­рии што ги населуваат српските гастарбајтери, таканаречената германска творба ќе мора прва да ја признае републиката на Лужичките Срби.

    2. Среќа наша што ние не сме членки на ЕЗ. Инаку тешко дека ќе можевме да конкурираме кај судијата Будо.
    Колку за почеток, ќе моравме на местото министер за надворешни работи да го поставиме Благоја Ханџиски. Нему никогаш немаше да му се случи таков дипломатски гаф, каков што направи министерот Денко Малевски кога во обраќањето до парламентот ги заборави госпоѓиците. Настрана што Ханџиски, како професор на електротехнички факултет, на Собранието би му понудил многу поубава декларација за меѓународно признавање, отколку онаа што ја замислиле во ресорното министерство.
    И таман помислив дека, по принципиелната критика на Ханџиски, ќе се јави премиерот Кљусев да каже: “Ќе ја видиме ние таа работа” и да го задолжи Минис­тер­ство­то за односи со странство да испита дали во Словенија и Хрватска минис­три­те им се обраќаат само на госпоѓите, а не и на госпоѓиците, за да може да пре­зе­ме мерки на одговорност, кога спасот за министерот Малески пристигна токму од таму од каде што најмалку се очекуваше. За збор се јавија најрепрезента­тивните претставнички на парламентарните госпоѓици \улистана Јумеровска и Доста Димовска, кои, давајќи му целосна поддршка на министерот Малески, му ги поткопаа сите надежи на Ханџиски за лансирање во дипломатската орбита.
    Од извори блиски на госпоѓиците Јумеровска и Димовска се дознава дека тие многу добро разбрале оти обраќањето: “Госпоѓи и господа пратеници” е дипломатска финеса на министерот Малески. Тој намерно не ги поздрави госпоѓиците, од проста причина што зборуваше за политика на немешање во внатрешните работи на други и немање територијални претензии. А таква политика се применува само кај госпоѓиците. Сосема друго прашање е ако госпоѓиците решат по мирен пат да го искористат правото на самоопределување, до отцепување.

    3. Со задача да ги отстрани сите опасности кои можат да настанат со некон­тро­лираното движење на сините шлемови и нивниот интерес за влијание кај чесните госпоѓици и госпоѓи, Србија реши да формира државен комитет за односи со ОН. На негово чело е Бора Јовиќ, но само формално, затоа што главниот офицер за врска со странците е заставникот Сејдо Бајрамовиќ кој своевремено изјави дека има искуство со сините шлемови. Тоа што неговото име не се споменува во списокот на ова значајно тело е затоа што неговото присуство како врвен воен стручњак се чува под печатот “воена тајна”. Според шифрите кои успеавме да ги дешифрираме се одзива само на лозинката “Том­бола”, со јавката “Бинго!”
    Мистер Бинго својот англиски јазик го усоврши во разговорите со лордот Карингтон, кога, како што соопшти неговата служба за информирање, се интересирал за здравјето на госпоѓата Кристл Карингтон, а разменил искуство од поранешната соработка со Алексис.
    Бидејќи лордот Карингон сега треба да одговори на условите што му ги постави Србија, Мистер Бинго, уверен дека наскоро целиот свет ќе зборува српски, престана да ја гледа непријателската англиска серија “Ало, ало” и да си го крши јазикот вежбајќи: “Фа, фа, фаа, фа, фа, фаа…” Повеќе нема да му треба. Отсега ќе разговара само со Американци.

    4. Дополнителна причина за незадоволство предизвика веста што вчера пристигна од Лондон, каде што на аукцијата во “Сотби” сабјата на кнез Михаило Обреновиќ ја откупил некој непознат купувач, кој лицитирал преку телефон. Сабјата требало да ја купи Југословен што живее во Швајцарија и да ја даде на некој српски музеј, но не ја издржал трката на лицитацијата.
    Тоа беше причина вчерашна “Политика” разочарано во еден наслов да констатира: “Сабјата на кнез Михаило не доаѓа во Србија”.
    Сигурно телефонскиот купувач бил од Германија.

    5. Анте Марковиќ задоцни. Да поднесеше оставка пред неколку месеци, сигурно ќе му беше посветена насловната страница.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари