ЕВТИНА НЕЗАВИСНОСТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:162:"КакопретседателотнаРепубликатаќепатува,когапремиеротнемудавадаизнеседевизи?

    1. Во сообразност со својата духовна мисија за експертско спасување на татковината, а со цел постојано да го подига нивото на ведрото расположение на граѓаните, докажувајќи ја својата генетска предодреденост со љубов и достои­н­ство да се засмејува народот во овие тешки моменти за македонската држава, Владата издаде уште едно соопштение, како последна епизода од серијата “Смешни инсерти и невозможни потфати од кабинетите на експертите”.
    Раководејќи се од благодарната визија, Македонија до крај да се претвори во шверцерска држава, Владата ни соопшти дека “во услови на осамостојување на Република Македонија, а посебно ако се има предвид дека Републиката треба да ги заштити девизните средства, ќе го контролира изнесувањето на девизи”. Така, сега ако сакаме да патуваме во странство, ќе смееме да изнесеме само до илјада германски марки, и тоа со потврда од банка дека сме ги подигнале од штедна кништа. Супер идеја! Ама, во соопштението не се кажува од која банка ќе можеме да ги подигнеме девизите. Веројатно, од некоја странска. Нашите банки ќе си имаат добро покритие да продолжат со легален грабеж на штедачите. Ќе си направиш “влез-излез”, ќе си платиш провизија и ќе си ја добиеш потврдата што ти ја бара Владата. Ете ти прекрасен спој на убаво и корисно. Ем банката нема да ги исплати заштедените девизи, ем за тоа уште и ќе ѝ платиш.
    Доколку со оваа одлука Владата не сакала да врши санација на банкарскиот систем, тогаш сигурно сака да ни го ограничи патувањето преку граница. Какви патриоти би биле кога сега, во услови на осамостојување, би шетале ваму-таму по светов. Затоа и не ни даваат нови пасоши. А старите ни се од неважечка држава. Да не зборуваме и што досега петстопати нé предупредија да не трошиме бензин.

    2. Не дај боже сега на лордот Карингтон да му текне да свика нова пленарка за Југославија. Којзнае како ќе отпатува претседателот Глигоров. Ај, тој како претседател можеби ќе се прошверцува покрај цариниците на аеродромот и без потврда, ама што правиме ако му ги фатат парите на министерот Малески. Ако заглават до доцна во Брисел, ќе мораат да си прилегнат на некоја клупа во парк. Зашто нашиве банки немаат ни ал, ни абер да ни понудат барем некоја кредитна картичка или најобични патнички чекови.
    Во услови на осамостојување на Републиката претседателот и министрот за надворешни работи со личен пример ќе покажат колку евтино ќе нé чини осамо­стојувањето. Проблем може да настане само ако ги фати белгиската полиција и ако им наплати казна за спиење под отворено небо. А тие немаат ни пасоши. Тогаш со белешката ќе мораат да се пријават кај премиерот Кљусев да им ги оправда патните трошоци.

    3. Одлуката на Владата многу убаво се совпадна со одлуката на Југословен­скиот олимписки комитет да не ги води на Олимпијадата во Барцелона спортис­тите од Македонија. Не само да не ги трошиме парите, туку повеќе како потврда на нашата далековидна политика под мотото: “Зошто ние да си одиме, подобро ќе чекаме тие да нé избркаат.
    Можам сега да си го замислам пратеникот Михаил Пановски како ќе списка во Собранието, затоа што на глава им се качи токму Парламентот да донесе одлука македонските спортисти да не учествуваат во југословенската репрезента­ција. Очекувам повторно да пристигне одговорот: “Ќе чекаме да заврши Олимпијадата, па после ќе се отцепуваме!” Демек, ако настапуваме под знаме на непостојна држава и ако зад имињата стои ознаката “Југославија”, тоа ќе било шанса да се афирмира македонскиот спорт.
    Свршија работа и спортистите и Собранието. Дури сега ептен достојно ќе ја претставуваат Македонија во Барцелона.

    4. Само нам уште не ни доаѓа памет во глава, па мислејќи дека оние во Белград пијат мастило, ќе си одиме мртви ладни и на изборот за песна на Евровизијата во Нови Сад. Колку се тие расипани, а колку сме ние наивни, ништо чудно, како што ги изрежираа гласовите лани, оваа година да наместат да победи претставникот од Македонија. И на Евровизија ќе настапи пејач од Македонија, а ќе ја претставува Југославија.

    5. Се разбира, доколку претходно се расчисти случајот со “сообраќајката” на Милошевиќ. Како што стојат работите, проблемот е толку сериозен што веќе се движи кон тоа да се претвори во меѓудржавен спор. Велат, да не му шит­нал Кљусев на Милошевиќ некоја од “тојотите” на “Македонија табак”? Па му подметнал некоја што занесува на десно!?
    Направи беља. Ги извади на улица средношколците од Белград, да се молат за побрзо оздравување на саканиот претседател. Во здравицата му порачуваат: “Слобо, не го менувај возачот!”

    6.

     

     
    … Ова се вика “информативен мрак”. Така велат во Форумот за слобода на информирањето и демократијата. Со овие црнила практично протестирам, затоа што “ја изгубив последната надеж во слободата” и го најавувам “почетокот на крајот на молкот” и борбата против “јавачите на мракобесието”. Идната сабота, да сме живи и здрави,  пак ќе ви се јавам во “Сакам да кажам”. Ќе вршам “безочен информативен терор”, “дури не го уништам и последниот читател, и тоа физички”.

    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари