ФИЛМСКИ НОВОСТИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:79:"Српскикомбајнигожнеатмакедонскотожито

    1. Напред со здружени сили во изградба на социјализмот! Ако човек има нерви да ги изгледа сите пропагандни спотови на политичките партии, а притоа да не им ги следи предизборните настапи и да не знае ништо за нивните програми, ќе има чувство дека сите заедно ќе направат коалиција да нé вратат едно триесетина години наназад.
    Демократите на пример кршат леб. Што веднаш ми асоцира на некое напатено работништво,  пролетаријат на кој не само што капиталистите му го земаат со пот заработениот леб, туку уште не му оставаат ни да си купи сол, како што ѝ наликува на секоја македонска домаќинска куќа од 19 век.
    Кога го гледам спотот на Сојузот за Македонија, со оние подавања на тули, градежни колички и алати гарнирани со црно-бели инсерти со многу аплаузи и ракувања, се чувствувам  како во времето кога во кино пред секој филм ни проекти­раа журнал “Филмски новости”. Во моментот ми понимуваат морници од слатка возбуда. Само нетрпеливо чекам кога ќе се појави Тито од некое прекуморско патување. Недостигаат уште Насер, Нехру и Сиримаво Бандара­наике. Наместо нив, некои личности од поновата историја. На пример, режисерот Милчо Манчев­ски, кој немал поим дека снимката од доделувањето на “Златниот лав” во Венеција ја искористиле во партиски спот. А тој не го сакал тоа. Што ако сега се јават и Благоја Аџиќ и Слободан Милошевиќ да побараат отштета за злоупотреба на нив­ни­от лик и дело. Или, ако Милан Панчевски со неговата српска прогресивна левица, во знак на протест што му ги крадат омилените јунаци, ги бојкотира изборите.
    Извесни проблесоци има во спотот на ВМРО-ДПМНЕ. Кај девојката што во влажна маичка со скок изнурнува од некоја сина вода, пред да се појави крст на некоја црква. Потоа сé тече по истиот шаблон – имаме површински куп на руда, измачени работници и многу, многу жито што го жнеат вредните жетварки и жетвари со црвените комбајни на “ЗМАЈ”. Ова со српските комбајни што го соби­ра­ат македонското жито не е никакво режисерско промашување, туку доказ дека и оваа партија е за соработка со сите соседи, а не само со тие што први ни пружија рака и нé признаа.
    Така, телевизиски подготвени го пречекуваме празникот 11 Октомври – де­нот кога свечено ќе започнат работите на пругата кон Бугарија. Како што сме за­па­лени, ништо чудно во стилот на филмските новости и да запееме: “Ние ја градиме пругата, пругата нé гради нас!”

    2. Ако ова со комбајните  “ЗМАЈ” не е грешка, тогаш како да се протолкува тоа што во пополноќните програми на Комерцијалната ТВ станица “КРТ”, кај скоп­ско­то граѓанство попозната како Комитска телевизија, на порно филмовите оди превод на српски јазик. Ако е во функција на популационата политика и зголемување на наталитетот кај македонскиот народ, ајде и тоа ќе им го простиме. А можеби и тоа има добро осмислена и втемелена уредувачка концепција. На српски оди за да не ја гледаат Албанците. Тоа ќе им изгледа многу одбивно, зашто ќе го сфаќаат како непријателски совет.
    Сепак мислам дека “КРТ” тука прави катастрофална грешка. Тителот на српски јазик е лош инструмент за регулирање на популационата политика. Додека Македонците гледаат, Албанците не губат време пред телевизорот. Работат на случајот.

    3. И покрај тоа, гласачкото тело им е намалено. Ги нема во изборните списоци тие што не го имаат регулирано државјанството. Па сега ПДП, по стариот испробан метод, се заканува дека ќе ги бојкотира изборите.  И уценува, до 10 октомври сите да бидат впишани во избирачките списоци. Ништо ново, бидејќи и досега тие политиката ја засноваа на уцени и условувања. Па така го бојкотираа референдумот, не гласаа за Уставот, го бојкотираа пописот од пред три години, уценуваа за најновиот попис, условуваа за редица други закони…
    Не знам во која држава може да гласа некој што не е нејзин државјанин. Можеби во Албанија!? Кога ќе бидат следните албански избори ќе побарам да ме запишат во нивните избирачки списоци. Уште и ќе бидам во предност. Ќе отседнам во хотел. Што значи, барем ќе бидам регистриран со привремен престој.

    4. Дури деновиве ми стана јасно што значи тоа “македонска еконоимија”, за којашто зборува кандидатот за премиер Љупчо Георгиевски. Ни разјасни нивниот творец на економската програма Борис Стојменов на примерот на земјоделците. Тој рече дека кога ќе дојдат тие на власт, нема да им даваат на земјоделците комерцијални кредити, туку ќе им делат од примарната емисија. Тоа е поубав израз за печатење пари. А инфлацијата ќе ја поделат рамномерно на сите. Бидејќи ќе треба да се печатат многу пари, ќе мора да работи со зголемено темпо и печатницата во Прилеп. Што значи, така ќе се стимулира и стопанството. Коешто, нели, целото ќе биде подржавено, а ќе се приватизира во наредните 20 години. Да се заштитела општествената сопственост. Ќе бидат намалени и даноците, а и странците што ќе вработат 100 луѓе ќе бидат ослободени од плаќање данок. А ќе има професионална армија. Според македонската економија, без даноци што ќе го полнат буџетот, веројатно и таа ќе се финансира од примарната емисија. На тој начин ќе се платат и авторските хонорари на режисерите што ќе го режират новиот строев чекор. Љубиша Георгиевски како претседател на државата ќе се откаже од тој хонорар и така ќе придонесе за подобрување на благосостојбата на македонската економија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари