ФОТО ЕКСПЕРИМЕНТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:156:"Сеочекувапремиеротдаобелоденидеканеговитеекспертипреминалевовладавосенка

    1. Благопријатното изненадување што, во рамките на зацртаната програма за континуитет на мајтапчиски потфати, македонската експериментална влада им го приреди на граѓаните пред неколку дена со одлука да го замрзне курсот на девизите на црната берза, резултира со општо подигање на степенот на духовитост кај припадниците на македонскиот народ и со него рамноправните националности, што во крајна линија го олабавува грчот пред меѓународното признавање и ги јакне демократските процеси, бидејќи секој може јавно да ѝ се смее на Владата.
    Сите очекувања на граѓанството што ја населува оазата на мирот и благо­состојбата сега се свртени кон премиерот Кљусев, кому му се стискаат палците за среќа да му успее и ова чудо невидено, да ја спушти цената на германската марка на црниот пазар од 230 на 120 динари. Како што ни објасни пред неколку дена, неговиот кабинет донел одлука да ѝ се стави крај на енормната цена на германската марка на тој начин што претпријатијата кои сакаат да купуваат девизи на црниот пазар ќе мораат да се пријавуваат во Стопанската комора!! Потоа ќе можат да купуваат, ама по договорен курс, кој не смее да биде поголем од 20 од сто од оној на банките.
    Во ваква ситуација Стопанската комора и Народната банка на Македонија добиваат нови функции. Банката само го формира курсот на девизите, врз чија основа и натаму ќе ги ограбува девизните штедачи, бидејќи курсот по кој ќе им исплатува динарска противвредност ќе биде за 50 од сто помал од оној што го признава Кљусев. Во тој случај и експерименталната влада може конечно јавно да обелодени дека преминува во “влада во сенка”. И онака експертите не седат во нивната зграда, туку ординираат по сокачињата на Бит-пазар. Целата економска политика на Македонија, бездруго и тие тоа го знаат, се води и диктира од Бит- пазар.
    За да биде експериментот уште поинтересен, ќе дадам една експертска идеја, за која, бидејќи се наоѓаме во тешка состојба, нема да барам надомест. Со оглед на тоа што има опасност полицајците на Фрчковски, со цел да ја намалат цената на марката, деновиве да почнат почесто да ги посетуваат членовите на бит­пазарската влада, тие можат да си ги соберат девизите и да ни избегаат во Србија. Затоа Кљусев нека им понуди марките да ги продаваат по 120 динари, а разликата до вистинската цена нека им ја субвенционира. Го знаеме човекот како широка душа. Особено кога треба да се даваат субвенции на приватни фирми.

    2. Конечно Владата ќе може да се фати со водење здрава економска политика. Откако го пронајде вистинскиот виновник за аферата со “тојотите”. Во која главниот актер, како што рече Кљусев, бил самарот, а не атот. Што е виновен тој како краен купувач, што купил евтина кола? Навистина, човекот е доктор по економија, ама само за службена употреба. Приватно си е наивен граѓанин, без врска од пазарни цени и трговија и најприватно си се јавил во “Македонија табак”: “Има тојоти? Има!”
    Затоа, во одбрана на наивниот граѓанин  кому кој ќе стигне може да му поттури евтина странска кола, службено премиерот најави борба против малверзациите, без милост за никого. Во име на заштита на моралот, сите малверзанти кои ќе бидат фатени дури и ќе бидат сликани за весник. Полицајците ќе одат во акција вооружени со фотоапарати. Демек, ќе ги ставаат на столбот на срамот.
    И така, Владата ќе се занимава со јавно жигосување. Па постои опасност толку да се задлабочи во таа работа, што ќе заборави дека ќе треба да подготви еден куп закони, со кои уште во старт ќе ја направи црната берза неисплатлива. Од експертска, Владата ќе ни се претвори во полициска. Што и не е воопшто необично, кога се работи за шверцерска држава. А ние – ќе се сликаме!

    3. Во таков систем ништо чудно ако и банките се промовираат во институции во кои се врши најелегантен грабеж. Се извинувам доколку постои некој друг збор за да се опише ситуацијата кога инфлацијата изнесува околу 60 од сто месечно, а каматите на штедните влогови се 40 и нешто од сто – годишно.
    Додека Владата се занимава со фотографирање, еве читам пред некој ден Комерцијалната банка решила да работи светски, па го усложнила издавањето на чекови. Ќе контролирале колку чекови се реализирани. Бидејќи се светски, ќе го стимулираат безготовинското плаќање, ама ќе ти ги ограничуваат чековите. Немаш потреба да се нервираш. За тебе мисли службеничката зад шалтерот. Таа најдобро знае колку смееш да потрошиш. Иако еден поголем број од нив не знаат дури и дека на непознат треба да му се обратат со “вие”.

    4. За разлика од нашата Влада, која може да се фали само со скромни успеси, Борисав Јовиќ во средата пред две и пол републичкото Собрание на бивша Југославија се отепа од фалење дека сините шлемови биле нивни  голем успех. Не кажа кој им бил најголем, ама се претпоставува дека е тоа што успеаја да ги избркаат што подалеку од Србија дури и тие што мислеа дека ќе можат да живеат заедно со нив.
    Сега, кога војната е завршена, а мирот го чуваат 14 илјади странци, во белградскиот печат се појави оглас со содржина: “Вистински мелем по војната – “Секси ревија”, сигурен секс со “Секси ревија”.
    По колективната “дупачка” на Милошевиќ, Јовиќ и компанија со цела бивша Југославија, сé друго е чиста невиност.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари