ХАОТИЧНА ДОГРАДБА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:171:"Когаќештрајкуваатродителитенаучениците,коинемаатпрофесијасокојаможатдауценуваат?

    1. Замаени од слаткото чувство на телевизиската популарност и болно зане­сени во својата историска мисија, самобендисано излажани дека Македонија или ќе ја биде, ама само со нив, или ич не ја бидува, генијалните народни платеници се на пат да почнат да усогласуваат закон според кој ќе им биде овозможено доживотно останување во собраниските клупи. Текстот на нацрт-верзијата, со работен наслов: “До последен здив”, сé уште е во фаза на консултации меѓу прате­нич­ките групи. Но, според она што го видовме последните три дена, стопроцентно е сигурно дека сите ќе успеат да најдат заеднички јазик, затоа што ексклузивното право да го малтретираат народот со целодневен ТВ пренос на државната теле­ви­зи­ја го искористија најрационално што умееја. Им покажаа на одушевените ТВ претплатници колку тие, иако навидум се караат, можат да бидат единствени кога се во прашање нивните пратенички места.
    Македонија нема потреба да се грижи – народните платеници избрани на првите повеќепартиски демократски избори ниту во една варијанта не помислуваат дека некој ден би можеле да бидат заменети со други луѓе. Демокра­тијата почнува и завршува со нив, а тоа што божем зборуваа за некакви предвремени избори бе­­ше обична лажга, зашто дури сега се гледа оти тие не помислуваат дури ни на задоцнети избори. А и зошто би помислувале. Се знае – тим што добива, не се менува.

    2. Во жарот на својата висока патриотска опседнатост со себе, заборавија во текот на трите дена да излезат малку од собраниската зграда и да видат како живеат нивните избирачи. Сигурно не гледале ни вести, затоа што го очекуваат само оној дел од извештајот каде што тие се споменати. Затоа и немаат поим каков хаос предизвикаа со демагошкиот закон за платите, кој меѓу другите и ним им овозможува покачување од околу 140 од сто. Во страсниот занес во расправата за новата влада не ни забележаа дека без нафта животот во Републиката замира. Ако, само тие да ни бидат живи и здрави. Ние некако ќе се снајдеме. И како можат да им влезат во положение на очајните возачи во редиците пред бензинските станици, кога за нив има бензин со посебно ливче со потпис. Пумпаџиите на станиците во Визбегово веќе подолго време ја имаат таа голема чест одвреме-навреме да се дружат со ТВ ѕвездите и со неописливо задоволство да им точат гориво во нивните резервоари.

    3. Којзнае, можеби ќе им текне дека покрај нив во државата живеат уште околу 2 милиона луѓе, кога дел од нив ќе ги посетат пред Собранието. Одамна не ни се има случено она што во Македонија порано беше секојдневна практика – плати да се делат пред Собранието. Така е кога поербап излегоа синдикатите на просветните работници и на органите на управата, одошто синдикатите на работ­ни­ците од фабричките хали. Па штрајкуваат оние чиишто покачувања на плати се зависни од покачувањата на оние што создаваат пари. Тие што произведуваат треба да си го зголемат производството. За другите ќе работи печатницата во При­леп. Особено ако се толку моќни па можат да уценуваат. Како на пример наставниците, пекарите, лекарите…
    Зошто на пример не штрајкуваат учениците? Или пак нивните родители? Што ќе се случи ако тие одбијат да ги испратат своите деца на училиште со два дена задоцнување? Затоа што од нивните плати се издвојува и делот за образование кој предвидува учебната година да започне на 1 септември. И затоа што и тие не го добиле предвиденото покачување, а немаат професија со која можат да уцену­ваат, а сепак треба да одвојат само за еден ученик најмалку триесе­тина илјади денари.
    Најпаметно резонира синдикатот на органите на управата и правосудството. Тие најавија штрајк  за 7 септември. А на осми септември би требало да го славиме денот на независноста. Кога ќе го спојат со викендот, ќе им дојде четвородневен празник.
    Најдолг штрајк во континуитет имаат вработените во “Макпетрол”. Такво чув­ство имаат корисниците на нивните услуги. Само не е јасно зошто тие не рабо­тат. Веројатно не се задоволни со поделените дивиденди од акциите по евидентно крајно успешното работење.

    4. Многу ме плаши оној дел од експозето на Бранко Црвенковски, во кој тој вели дека новата влада ќе оди на натамошна градба на системот. Бидејќи со црните берзи, сивата економија, боновите за гориво и редиците пред бензинските пумпи системот ни е налик на полско-чешко-руско-бугарскиот од времето на реал-социјализмот, човек мора сериозно да се замисли, што ли може да донесе надградбата на таков систем. Редови за леб – можеби.

    5. Знаете ли зошто генералниот секретар на ОН Бутрос Гали, пред почетокот на Лондонската конференција, толку долго и нападно му ја тресеше раката на претседателот Киро Глигоров?
    Пред да влезат во салата претседателот го предупредил Фрчковски да не џвака мастика. И беља – мастиката се залепила за дланката на Глигоров. Квали­тет­на – никако да се одлепи.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари