ХРАБРИ МАЖИШТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:133:"ЈНАјаподдржуваборбатанаХрватитезакултурнаавтономијанаХрватска

    1. Генералите Вељко Кадиевиќ и Благоја Аџиќ само навидум изгледаат како вистински мажишта. Кога се појавуваат пред ТВ камерите. И тоа исклучиво на ТВ Белград. Дури завчера откривме дека славните воини губат храброст кога треба да стапат во директен контакт со жени. Затоа во топчидерскиот Дом на гардата го пуштија својот верен заменик Марко Неговановиќ. Но, попусто. Дури ни неговата препознатлива насмевка на селски швалер од времето на колективиза­цијата не успеа да ги одоброволи огорчените мајки. Бидејќи очигледно престанал да размислува некаде во тој период, од кога му потекнува шармантниот начин на однесување, мртов ладен им се обрати на насобраните: “Почитувани родители на нашите војници…” Заборави дека пред само една недела на прес-конференција зборуваше за некакви изманипулирани родителски чувства и за групи луѓе кои лажно се претставуваат како родители на деца што служат  војска. Настрана што од препотентното однесување можеше јасно да се види неговата порака: “Не ви ги враќам децата! Барем не – живи!”
    Не е виновен човекот. Така му напишале, така и прочитал.

    2. Во меѓувреме, додека мајките беа на најразличен начин сопирани и за­држувани да пристигнат до Белград, веројатно додека да се напише текстот на обраќањето на генерал Неговановиќ, генијалниот Борисав Јовиќ и неговата СеПСа решија да им помогнат на Марко и неговите другари. Упатија повик до сите патриотски Срби да ги бојкотираат жените што им се пуштија на генералите. Затоа што во мозочните вијуги на Јовиќ се запали уште една Тесла која му го осветли патот до вистината. Кругот на разбивачи на ЈНА се шири. Покрај проверените непријатели Глигоров и Изетбеговиќ, сега се приклучија и мајките. Што со оглед на храброста на генералите може да биде многу опасно. Особено што љубовта кон нив некои жени ја преточија во паролата: “Убијте се или губете се!” А единствениот начин да се изгубат среде мноштвото жени е да се пикнат под некое здолниште. Што и да изберат, ќе мора да – потклекнат.

    3. Додека Србија стоеше на барикадите, во одбрана на татковината од мајките, Великиот Вожд држеше конференција за печат во Париз. Уште еднаш го потврди тоа што на сите во светот, освен на таму некојаси Европска заедница, им е совршено јасно: “Србија не е во војна со Хрватска, ниту пак српски сили учеству­ваат во судирите”. “Српските сили не ги напаѓаат хрватските градови”. Тие само ги напаѓаат усташките превозни средства, наречени трамваи, во српскиот град Осиек, рано наутро кога геноцидните Хрвати одат да довршат со клањето на остатоците од голоракиот и допола заклан српски народ.
    Фактите зборуваат дека Србија ни во еден момент не употребила сила. Треба да им се верува. Она што остана по бомбардирањето на Вуковар само говори дека таму навистина не е употребена никаква сериозна сила. Се работи за некои тактичко показни вежби на ЈНА, во чијшто состав нормално се нашле 90 од сто српски доброволци, во одбрана на своите огништа.
    Впрочем, најдобар доказ за неутралноста на армијата е телевизиската снимка на која Миле Мартиќ се бакнува со припадници на ЈНА пред освоената полициска станица во Киево и го гази хрватското знаме и таблата на која има обележја на хрватската државност. Уште подобар доказ е веста на Радио Белград дека “започнала решавачка битка за ослободување на Вуковар”, во исто време кога армијата го бомбардира градот. Сега веројатно Миле Мартиќ ќе тргне и на освојување на полициската станица во Плитвице. Вели дека тамошните редар­стве­ници  “сакале да им се предадат”. Сигурно на ист начин како и во Киево. Потоа се сели кон Далмација. Затоа што во едно интервју најави: “На ред се Петриње, Карловац, Шибеник и Задар, бидејќи нам ни е потребен излез на море, а и едно поголемо пристаниште е во интерес на ЈНА”.
    За да ја докаже својата  неутралност,  ЈНА по  неколку месеци ќе биде обви­­нета дека им дава поддршка на Хрватите што  бараат културна автономија во Хрватска. Сé во свое време.

    4. Тогаш веројатно и Борисав Јовиќ нема да изјавува дека Декларацијата на Министерскиот совет на ЕЗ е исто што и Резолуцијата на Информбирото од 1948 година. Што сé уште не значи дека Југославија нема да ги прифати нивните услови. Затоа што освен Месиќ, Дрновшек и Тупурковски, кои ја прифаќаат, и Јовиќ кој ѝ рече одлучно: “Не!”, останатите бараат време да се консултираат. Сега очите на европската јавност се свртени кон Сејдо Бајрамовиќ. Со нетрпение очекуваат што ќе каже по консултациите со шефовите на томболи ширум Косово. Европ­ските министри се колнат во неговата способност да намести добивка. Зашто, ако се потпрат на коцкарската среќа – лошо им се пишува. На овие простори одамна нема паднато премија. А загубите се големи. Дневно во просек по 20 – 30. Човечки животи.

    5. “Политика” оди побрзо од времето. Додека ужичани го тргаа споменикот на Тито од главниот плоштад на нивниот град, читателите на угледната “Слободан­ка” во исто време можеа да читаат за тој настан како да се случил – претходниот ден. Видовитиот дописник од Титово Ужице еден ден порано ги виде и големиот кран, и масата одушевен народ, и радоста на граѓаните, и аплаузот… Ова се случи дури следниот ден.
    А вчера “Слободанка” му ги отвори страниците на некојси д-р Богомир Самојловски, потпишан како претседател на Здружението на Македонците од Белград, кој тврди дека членовите на неговото здружение “се длабоко уверени дека Македонија не може да опстане како самостојна држава”. Веројатно затоа и сосема се откажаа од неа, бидејќи и на македонските редакции им пишуваат на српски јазик и со латинско писмо. На крајот тие покануваат некој од раковод­ството на Македонија да дојде на состанокот на нивното здружение, “да поразговара со нив и  да се увери како живеат и работат во Србија”. За полесно да се разберат ќе збору­ваат – српски.

    6. Подготовките за референдумот се во тек. Покрај порано предвидените, ќе бидат отворени дополнителни гласачки места. На пумпите на “Макпетрол”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари