ИНСТАНТ-ЛОТАРИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:128:"Свет­лаид­ни­назама­ке­дон­ско­томал­цин­ствовоМа­ке­до­ни­ја

    1. На те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја не па­ѓа­ат ра­ке­ти, ос­вен де­ло­ви од во­е­на оп­ре­ма. Не па­ѓа­ат ни бом­би. Ни­кој не­ма да нé бом­бар­ди­ра од­над­вор. Се на­о­ѓа­ме под заш­ти­та на НАТО. Тем­пи­ра­на­та бом­ба е пос­та­ве­на внат­ре, во са­ма­та др­жа­ва. Ко­со­во ве­ќе не е во кри­за. Ми­ло­ше­виќ го бом­бар­ди­ра Ко­со­во, НАТО го бом­бар­ди­ра Ми­ло­ше­виќ, а екс­пло­зи­и­те ќе се слу­ша­ат во Ма­ке­до­ни­ја.
    Аме­ри­кан­ци­те се­ко­ја го­ди­на ор­га­ни­зи­ра­ат исе­ле­нич­ка ло­та­ри­ја. Лу­ѓе­то се пот­пи­ра­ат на сре­ќа­та и до­би­ва­ат ви­за за пос­то­јан прес­тој во САД. Оваа го­ди­на, лу­ѓе­то не мо­ра да се пот­пи­ра­ат на сре­ќа­та. Аме­ри­кан­ска­та ад­ми­нис­тра­ци­ја овој пат мо­же да си ја за­вр­ши ра­бо­та­та со лу­ѓе­то кои се пот­пи­ра­ат на нес­ре­ќа­та. Ем ќе би­де во рам­ки­те на нив­на­та по­ли­ти­ка за спре­чу­ва­ње на кри­зи ем ќе си по­ми­нат по­ев­ти­но. Не­ма пот­ре­ба да се ор­га­ни­зи­ра исе­ле­нич­ка ло­та­ри­ја. Се­га е вре­ме за ин­стант-ло­та­ри­ја. Се­га ко­га Ко­со­во без Ал­бан­ци не е криз­но под­рач­је, за да се спре­чи тем­пи­ра­на­та бом­ба со бе­гал­ци­те да екс­пло­ди­ра во Ма­ке­до­ни­ја, дел од бе­гал­ци­те мо­жат преку ин­стант-ло­та­ри­ја­та да се пре­се­лат во САД. Та­мош­ни­те влас­ти ќе си ги скра­тат ма­ки­те за про­вер­ка на до­ку­мен­ти­те на до­се­ле­ни­ци­те. Ќе ги ис­пра­ти­ме си­те што ни дој­доа без до­ку­мен­ти. Тие не­ка им из­да­дат до­ку­мен­ти, па пос­ле не­ка му ја мис­лат ка­ко ќе ги вра­тат во раз­ур­на­ти­те до­мо­ви во Ко­со­во. Не­ма што да му ја мис­лат, би­деј­ќи, спо­ред нив, тоа ќе би­де ед­нос­тав­на ра­бо­та. Ос­вен тоа, ние, ка­ко што сме ши­ро­ког­ра­ди, Ќе по­ну­ди­ме и ху­ма­ни­тар­на по­мош. И о­на­ка фаб­ри­ки­те што из­ве­зу­ваа за Ср­би­ја, се­га не­ма­ат ка­де да ги пла­си­ра­ат про­из­во­ди­те. Еве, за бе­гал­ци­те ќе обез­бе­ди­ме ќе­би­ња од “Те­текс”, сун­ѓе­ри од “Си­лекс”, чо­ко­ла­ди од “Ев­ро­па” и де­тер­ген­ти од “Охис”. Ако тре­ба, Ци­ле ќе да­де и 500 ил­ја­ди до­ла­ри од па­ри­те што ќе стиг­нат од Тај­ван.
    И Ев­ро­па е дос­лед­на на ре­ги­о­нал­ни­от прис­тап. За­тоа и ин­сис­ти­ра бе­гал­ци­те да си ос­та­нат ту­ка, во бли­зи­на. Ако ве­ќе де­сет го­ди­ни нé др­жат си­те во ре­ги­о­нов ка­ко за­лож­ни­ци на Ми­ло­ше­виќ, зош­то то­гаш тоа не би фун­кци­о­ни­ра­ло и на­ред­ни­ве де­це­нии. Во нив­на­та Ев­ро­па вла­деат ху­ма­низ­мот, почитувањето на чо­ве­ко­ви­те пра­ва и бо­гат­ство. Тие се заг­ри­же­ни за нас, со­чувс­тву­ва­ат со бе­гал­ци­те, ни из­ра­зу­ва­ат бла­го­дар­ност де­ка им по­ма­га­ме во нив­на­та ми­си­ја, ду­ри ни да­ва­ат и ху­ма­ни­тар­на по­мош… Сето тоа е уба­во, ама ако мо­же­ше не­ка­ко да из­гра­деа еден нов Бер­лин­ски ѕид не­ка­де над Са­ва, ќе бе­ше иде­ал­но.

    2. Се­пак, ра­бо­ти­те не се тол­ку цр­ни. На Ма­ке­дон­ци­те им прет­стои  свет­ла ид­ни­на. Нас­ко­ро ќе ста­не­ме мал­цин­ство во сопс­тве­на­та др­жа­ва. И ка­ко мал­цин­ство ќе мо­же­ме да си ги ба­ра­ме ос­нов­ни­те мал­цин­ски пра­ва. Би­деј­ќи САД и Ев­роп­ска­та уни­ја се­ко­гаш ги шти­тат мал­цин­ски­те пра­ва, то­гаш ќе нé шти­тат и нас.
    Се пла­шам са­мо кој ли ќе ги при­бе­ре заг­ро­зе­ни­те при­пад­ни­ци на ма­ке­дон­ско­то мал­цин­ство од Ма­ке­до­ни­ја? Сé е ве­ќе ре­зер­ви­ра­но. САД и ЕУ има­ат шан­са да изби­ра­ат. Или ќе ор­га­ни­зи­ра­ат ин­стант-ло­та­ри­ја се­га за Ал­бан­ци­те од Ко­со­во, или во ид­ни­на ќе ја на­ме­нат за Ма­ке­дон­ци­те од Ма­ке­до­ни­ја. Важ­но, иа­ко е иг­ра на сре­ќа – сре­ќа не­ма.

    3. Нај­до­бар по­тег на ма­ке­дон­ска­та Вла­да е из­бо­рот на пот­прет­се­да­тел­ка­та Рад­ми­ла Кип­ри­ја­но­ва за ре­дов­ни­те прес-кон­фе­рен­ции за без­бед­нос­на­та си­ту­а­ци­ја во др­жа­ва­та. Про­фе­сор­ка­та Кип­ри­ја­но­ва за ма­ке­дон­ска­та јав­ност до­а­ѓа ка­ко “лек­си­ли­ум” за сми­ру­ва­ње. Со Кип­ри­ја­но­ва, двапа­ти на ден, ќе има­те ми­рен сон, и пок­рај бу­ча­ва­та на хе­ли­коп­те­ри­те кои, кој­знае зош­то, кај нас има­ат звук на ави­о­ни.
    Кип­ри­ја­но­ва знае де­ка си­ту­а­ци­ја­та не е ро­зо­ва. Ама и не е тол­ку цр­на. За­тоа и вни­ма­ва на сво­јот из­глед и пра­ви ком­би­на­ции во сог­лас­ност со  ак­ту­ел­на­та си­ту­а­ци­ја. Ни цр­но ни ро­зо­во. Ви­о­ле­то­во.  Па ста­ва ви­о­ле­тов кар­мин, ви­о­ле­то­ва сен­ка на очи­те и но­си ви­о­ле­тов цвет на ре­ве­рот. Плус, се­ко­гаш ги про­ве­ру­ва ра­бо­ти­те и не из­бр­зу­ва со про­цен­ки­те. Да ѝ се слу­чи сре­де прес кон­фе­рен­ци­ја да ѝ пад­на ра­ке­та пред очи, ќе треп­не под очи­ла­та, и мир­но ќе ка­же: “Ова не е ра­ке­та, заш­то Вла­да­та не рас­пра­ва­ла по тоа пра­ша­ње. А да­ли е бом­ба и да­ли екс­пло­ди­ра­ла и зош­то екс­пло­ди­ра­ла, ќе ви со­оп­штам на поп­лад­нев­на­та прес кон­фе­рен­ци­ја. Чи­тај­те го со­оп­ште­ни­е­то на Вла­да­та, во не­го сé пи­шу­ва”.
    За по­бр­зо ре­ша­ва­ње на кри­за­та, пре­ми­е­рот Ге­ор­ги­ев­ски, се­пак, мо­же­би тре­ба­ше да се пот­пре на дру­га­та пот­прет­се­да­тел­ка Дос­та Ди­мов­ска. Гос­по­ѓа­та Ди­мов­ска е по­е­нер­гич­на и е же­на од ак­ци­ја.  Ќе се до­го­во­ре­ше со ко­а­ли­ци­о­ни­те пар­тне­ри и ќе из­ле­зе­ше со за­ед­нич­ки став – да­ли ле­та­ат хе­ли­коп­те­ри или ави­о­ни над на­ши­те гла­ви. Ос­вен тоа, и со об­ле­ку­ва­ње­то изгледа пос­тро­го и по­ог­не­но од неј­зи­на­та ко­леш­ка. Мо­же­би на прес-кон­фе­рен­ци­и­те не­ма­ше да му об­ја­ви вој­на на Ми­ло­ше­виќ, заш­то тоа не би­ло пред­мет на пре­го­во­ри со ДА, ама досе­га си­гур­но ќе го сме­не­ше. Во па­ке­тот про­ме­ни, Ми­ло­ше­виќ си­гур­но не­ма­ше да кур­ту­ли пред Дос­та.

    4. Во на­па­ди­те на НАТО врз це­ли во СР Ју­гос­ла­ви­ја, Ма­ке­дон­ци­те по­ка­жаа не­ви­де­на храб­рост. Ра­ке­ти­те па­ѓа­ат во Бел­град, а скоп­ја­ни бе­га­ат над­вор од гра­дот. Во Бел­град се ор­га­ни­зи­ра­ат прет­ста­ви, фуд­бал­ски нат­пре­ва­ри и кон­цер­ти на от­во­ре­но, а во Скоп­је сé се от­ка­жу­ва.
    По­ра­ди си­ту­а­ци­ја­та, бе­ше од­ло­же­на и ма­ни­фес­та­ци­ја­та “Глум­ци­те пе­ат”. Не раз­би­рам зош­то ма­ке­дон­ски­те ак­те­ри се определиле за ва­ков по­тег. Ба­рем во до­се­гаш­на­та прак­ти­ка, по­ве­ќе­то од на­ши­те глум­ци на оваа при­ред­ба пе­е­ја срп­ски пес­ни.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари