КИНЕСКА ЧЕТВРТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:182:"Ма­ке­дон­ска­таВла­даиманај­број­наопо­зи­ци­ја-СДСМ,прет­се­да­те­лотГли­го­ровиКи­на

    1. Се­га е јас­но што мис­лел ми­нис­те­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти Алек­сан­дар Ди­мит­ров на прес кон­фе­рен­ци­ја­та во Тај­ван, ко­га ре­кол де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе би­де чу­до во Ју­го­ис­точ­на Ев­ро­па. Не тре­ба­ше да по­ми­не мно­гу вре­ме за да му се ос­тва­рат пред­ви­ду­ва­ња­та. Си­те неш­то се чу­дат. Прет­се­да­те­лот ни е из­не­на­ден и нав­ре­ден, опо­зи­ци­ја­та скан­да­ли­зи­ра­на, пре­ми­е­рот ск­ри­ен, Вла­да­та та­инс­тве­на, ме­ди­у­ми­те шо­ки­ра­ни, а Ци­ле се чу­ди ка­ко да ги пот­ро­ши па­ри­те што му ги ве­ти­ја.
    Врс­ка­та со Тај­ван е со­се­ма нор­мал­на и при­род­на. Ние ве­ли­ме де­ка има са­мо ед­на вис­ти­на – са­мо ед­на Ма­ке­до­ни­ја! И тие ве­лат де­ка има са­мо ед­на вис­ти­на – са­мо ед­на Ки­на. Пра­ша­ње­то е: ако ние сме Тај­ван на Бал­ка­нот, то­гаш кој нам ќе ни би­де Ки­на.

    2. Ев­роп­ска­та уни­ја не нé при­ма во неј­зи­но друш­тво. Нé тре­ти­ра ка­ко ев­роп­ска про­вин­ци­ја. Ко­га ќе ста­не­ме Тај­ван на Бал­ка­нот, ра­бо­ти­те ќе се из­ме­нат. Ќе ста­не­ме ки­не­ска чет­врт на Ев­ро­па. Ис­то ка­ко во по­пу­лар­ни­те фил­мо­ви за ки­нес­ка­та ма­фи­ја. Ки­не­зи не­ма­ме, ама ка­ко чу­до за на филм мо­же да нé бид­не. За по­че­ток, до­вол­но е што има­ме ма­фи­ја.

    3. Прет­се­да­те­лот Гли­го­ров се ска­ра со Вла­да­та око­лу за­ко­нот за ам­нес­ти­ја. За­ко­нот ќе по­ми­не во Соб­ра­ни­е­то и без не­го­ви­от пот­пис. Нас­ко­ро ќе му го сме­нат и за­ко­нот со кој тој го пос­та­ву­ва ди­рек­то­рот на Аген­ци­ја­та за раз­уз­на­ва­ње. Тај­ван му дој­де ка­ко ка­пак на сé, па тол­ку ни се из­нер­ви­ра што поч­на пред стран­ски­те дип­ло­ма­ти да се ог­ра­ду­ва од од­лу­ки­те на Вла­да­та.
    Гли­го­ров не ја приз­на­ва ма­ке­дон­ска­та Вла­да за сво­ја. За­тоа што нé во­ди прин­ци­пи­ел­на по­ли­ти­ка. А кај нас, се знае, прин­ци­пи­ел­на­та по­ли­ти­ка е ре­зер­ви­ра­на са­мо за не­го. За­тоа и сме­та де­ка Вла­да­та пра­ви др­жа­вен удар. Ете уш­те ед­но чу­до не­ви­де­но. Вла­да из­бра­на на не­пос­ред­ни из­бо­ри, си пра­ви са­ма­та се­беси др­жа­вен удар.
    Гли­го­ров во зем­ја­та на чу­да­та е про­тив Вла­да­та. Прет­се­да­те­лот на др­жа­ва­та е во опо­зи­ци­ја. Вла­ди­на­та ко­а­ли­ци­ја ќе си има го­ле­ми проб­ле­ми. Со­о­че­на е со нај­број­на­та опо­зи­ци­ја во све­тот. На СДСМ и прет­се­да­те­лот на др­жа­ва­та се­га им се прик­лу­чи и Ки­на.

    4. Имаа пра­во си­те што во пре­диз­бор­на­та кам­па­ња го об­ви­ну­ваа Ва­сил Ту­пур­ков­ски де­ка ќе ја про­да­де др­жа­ва­та. Пре­дуп­ре­ду­ва­ња­та се ос­тва­ри­ја. Са­мо што, Ци­ле, ка­ко што е не­ис­ку­сен тр­го­вец, се збу­нил, па по­ну­дил пог­реш­на сто­ка. Уба­во ве­ли Бран­ко Цр­вен­ков­ски де­ка се тр­гу­ва­ло ка­ко на кван­таш­ки па­зар. Ци­ле згре­шил. Мес­то да ја про­да­де Ма­ке­до­ни­ја, за ми­ли­јар­да до­ла­ри ја про­дал Ки­на.

    5. Тај­ван ну­дел па­ри и по­ра­но, ама прин­ци­пи­ел­на­та по­ли­ти­ка не доз­во­лу­ва­ла па­ри­те да ги зе­ме­ме. Баш­ка, ќе сме ја на­лу­те­ле Ки­на. Не­ли тие то­гаш ни да­ваа го­ле­ма под­дрш­ка во бит­ка­та за ме­ѓу­на­род­но приз­на­ва­ње, па ед­наш ни ис­пра­ти­ја ху­ма­ни­тар­на по­мош од ки­ки­рит­ки. Тоа не сме­е­ме ни­ко­гаш да го за­бо­ра­ви­ме. Во тие пре­суд­ни мо­мен­ти за оп­ста­но­кот на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва, ки­ки­рит­ки­те ни ја ди­гаа по­тен­ци­ја­та.
    Се­га, овие дру­ги Ки­не­зи ќе ни ис­пра­ќа­ле ком­пју­те­ри. Ток­му за­тоа, ми­нис­те­рот Ди­мит­ров нап­ра­ви коб­на греш­ка ко­га го пот­пи­ша приз­на­ва­ње­то со Тај­ван. Тоа ќе се од­ра­зи врз по­пу­ла­ци­о­на­та по­ли­ти­ка на др­жа­ва­та. Станува збор за се­ри­оз­но пре­дав­ство, би­деј­ќи дол­го­роч­но ќе се до­ве­де во пра­ша­ње и оп­ста­но­кот на на­ци­ја­та. Ка­де се ви­де­ло да се ком­би­ни­ра­ат ки­ки­рит­ки и ком­пју­те­ри? Ако се пре­ја­де­ме ки­ки­рит­ки, крв­та на­мес­то в гла­ва, ќе ни оди на дру­го мес­то и ав­то­мат­ски не ќе нé би­ду­ва за ра­бо­та со ком­пју­тер. А ако ја­де­ме ки­ки­рит­ки, ќе се мно­жи­ме ка­ко Ки­не­зи.
    Прин­ци­пи­ел­но, оп­ста­но­кот со по­мош на ки­ки­рит­ки ќе ни би­де за­га­ран­ти­ран. Ја зна­е­те онаа ста­ра­та “ки­ки­рит­ки ќе про­да­вам, са­мо да те из­др­жа­вам…”

    6. Ка­ко не му е срам на ми­нис­те­рот Ди­мит­ров да ве­ли де­ка приз­на­ва­ње­то на Тај­ван ќе от­во­ри но­во пог­лав­је во ма­ке­дон­ска­та ис­то­ри­ја. Зна­ел ли тој де­ка Тај­ван го приз­на­ва­ат са­мо си­ро­маш­ни зем­ји? Ка­ко мо­же тој, та­ка ед­нос­тав­но, нас бо­га­ти­те, да нé ста­ва во ре­дот на си­ро­маш­ни­те. Тој ќе ни ја ме­ну­ва ис­то­ри­ја­та!? Ние бо­га­ти­те ќе се спуш­та­ме на ни­во на си­ро­маш­ни­те зем­ји!?
    Доб­ро е што не сме во друш­тво са­мо на си­ро­маш­ни­те. Во Ев­ро­па со нас е и Ва­ти­кан. Па, со Гос­под нап­ред!

    7. Ос­та­ви дру­го, ту­ку што ќе пра­ви­ме ако тре­ба да му по­мог­не­ме на Тај­ван, во слу­чај на вој­на со Ки­на. Да­ли до­го­во­рот со Аме­ри­кан­ци­те нé об­вр­зу­ва и ние да ис­пра­ти­ме свои тру­пи. Да­ли, спо­ред прог­ра­ма­та на НАТО, ќе нé оп­ре­мат со бор­бе­ни ве­ло­си­пе­ди. Или, по­ар­но е да не си ги тро­ши­ме вој­ни­ци­те, ту­ку да го ре­ши­ме проб­ле­мот со ед­на спе­ци­јал­на еди­ни­ца. Во Тај­ван ќе се прет­ста­ви­ме елит­но. Ќе им ги ис­пра­ти­ме ми­нис­те­рот Кљу­сев и ге­не­ра­ли­те Трај­че Крс­тев­ски и Мит­ре Ар­сов­ски. Па тие та­му, ако са­ка­ат, не­ка си фор­ми­ра­ат пен­зи­о­нер­ски клуб.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари