КОЛЕКТИВНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:70:"Наоваадржаваѝтребафолк-помирување

    1. Барем по итна постапка да се донесе закон за рехабилитација на лицата прогонувани од тригодишната опседнатост од ТВ настапите на пратениците во македонското собрание. Образложение: поради траумите предизвикани од пораз­ното сознание кој сé си го избрал да ти го уредува животот и поради засилено­то чувство на инфериорност што притоа се јавува. Бидејќи цела нација ги чувст­­вува последиците од ова прогонство, ќе треба да се спроведе масовна акција на колек­тив­на рехабилитација.
    Доброволно се пријавувам да го напишам текстот на предлог-законот. Кога можат тие да бидат историчари, можам и јас да бидам законописец. И така некои од нив повеќе личат на синдикални водачи, што дошле да штрајкуваат пред Собранието, па кога веќе успеале да влезат во зградата не можеш да ги тргнеш од говорницата.

    2. Сé ми се чини дека и оваа маратонска расправа за рехабилитацијата што се води во Собранието е извртена наопаку. За да се рехабилитираат едни жртви, сега се бараат нови жртви. После некој ќе побара и новите жртви да се рехабили­тираат. Се разбира, барајќи ја вината кај некои други жртви. Па кога и тие ќе станат жртви, пак некој ќе биде виновен за тоа. И така ќе одиме до бескрај. Тоа се вика национално помирување. Секој на секого му е жртва.

    3. Во изминатата недела гостин ни беше турскиот министер за надворешни работи Хикмет Четин. На прес-конференцијата што на крајот од работниот ден ја одржаа господинот Четин и домаќинот Стево Црвенковски беше соопштено дека министерствата на двете држави потпишале Протокол за унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција. Веднаш потоа Министерството го проследи до редакциите интегралниот текст на Протоколот. Во првиот пасус од текстот се вели дека двете држави го прават тој чин “имајќи ја предвид желбата за развој на пријателството, ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ и соработката која веќе постои меѓу двете држави”. Машала!
    Кога може Србија и Грција да градат добрососедски односи, зошто тоа да не го правиме и ние? Само, замислете си истиот урнек на протоколот со Труција, надлежните од Министерството да го искористат кога ќе пишуваат протокол за соработка меѓу Македонија и Кина.
    Инаку, прес-конференцијата беше многу необична. На новинарите им беше забрането да седнат во првите два реда во салата. Кога влегоа господата министри и кога седнаа зад микрофоните, во салата влезе речиси половина Министерство за односи со странство. Тогаш го сфативме штосот. Првите два реда беа резерви­рани за службениците од Министерството. Меѓу нив и високи функционе­ри. Човек да си помисли дека Црвенковски ги испратил на новинарски курс. Арно ама, не било тоа работата. Луѓето сакаа да бидат што поблиску до министерот. Тоа­ им беше ретка можност да го слушнат да зборува. И тоа – прилично долго.

    4. Конечно приватната телевизија “А1” пронајде начин како да удри по Македонската радио-телевизија. По системот “Со песна да ти кажам”, со четири­часовна емисија во која гости беа неколкумина од елитата на македонската фолк-естрада, кои се ставени под ембарго на програмите на националната радио­телевизија. Ова им дојде како некој вид рехабилитација. Сега едните ќе прават “фолк-хит”, а другите “хит до хит”.
    Ма какви политички рехабилитации, какво национално помирување! Доаѓа Нова година. Приоритетна акција треба да биде пејачко помирување. Ама, би­дејќи “А1” и МТВ наскоро немаат намера меѓусебно да си се рехабилитираат, најдобро носител на акцијата да бидат хотелите и рестораните кои ќе организи­раат пречек на новата година.

    5. Неодамна на влезната врата на Економскиот факултет во Скопје осамна рачно испишан оглас: “Играм на свадби”. Некој иден дипломиран економист решил пазарно да ги валоризира своите способности за правење штимунг на масовни веселби.
    Примерот на снаодливиот студент по економија би можеле да го искористат и некои позначајни луѓе. И тие да си го зголемат буџетот продавајќи ги на пазарот своите способности. Така, уште утре би можеле на влезните врати на Владата, на Собранието и пред седиштата на политичките партии да прочитаме огласи од типот: “Аплаудирам на говори”, “Присуствувам на премиери”, “Поднесувам оставки”, “Навивам на спортски натпревари”, “Одам на промоции на книги”, “Зборувам зад микрофони”…

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари