МАКЕДОНСКА АГРЕСИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:63:"Ма­ке­до­ни­јагоприз­наКве­бек

    1. Пре­ми­е­рот Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, по вра­ќа­ње­то од Бри­сел се фа­ле­ше де­ка се­га Ма­ке­до­ни­ја има аг­ре­си­вен нас­тап во Ев­роп­ска­та уни­ја. Ко­га им се по­ја­вил во Бел­ги­ја, си­те се стрес­ле од страв. Це­ла Ев­ро­па е ис­пот­ре­се­на зош­то ние са­ка­ме да вле­зе­ме кај нив, а тие не не са­ка­ат, па се­га смис­лу­ва­ат ка­ков вид аг­ре­си­ја ќе смис­ли ма­ке­дон­ско­то ра­ко­вод­ство.
    Прв ре­зул­тат од аг­ре­сив­ни­от нас­тап на ма­ке­дон­ска­та дип­ло­ма­ти­ја бе­ше по­луп­раз­на­та са­ла во ко­ја збо­ру­ва­ше пре­ми­е­рот Ге­ор­ги­ев­ски. Ев­ро­пеј­ци­те се ис­пла­ши­ле и се раз­бе­га­ле пред аг­ре­сив­нос­та на Љуб­чо. Си рек­ле, гле­дај го овој опа­сен е, го на­у­чил на­ши­от прис­тап, це­ло вре­ме се смеш­ка, а не ти го мис­ли доб­ро­то. Фа­ти­ле да бе­га­ат, кој ка­де ќе стиг­не. Са­мо тие што не ус­пе­а­ле да из­бе­га­ат од са­ла­та се скри­ле под клу­пи­те. Не е ше­га, се ра­бо­ти за ма­ке­дон­ска аг­ре­си­ја на Ев­ро­па.

    2. Љуб­чо бе­ше при­нуден на аг­ре­си­вен нас­тап. Не­ли Ци­ле им ве­ти на Тај­ван­ци­те де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе им би­де пор­та­та кон Ев­ро­па, па не­ма смис­ла се­га да ги за­фрк­не­ме. Еве, се­га ќе го вне­се­ме Тај­ван во Ев­ро­па, ама пр­во да из­ва­ди­ме ви­зи.
    Гру­па­та но­ви­на­ри што бе­ше во по­се­та на Тај­ван, на вра­ќа­ње има­ше не­кол­ку­ча­со­вен прес­тој во Ви­е­на.  Ви­зи­те за Авс­три­ја им ги из­ва­ди­ле до­ма­ќи­ни­те во Тај­пеј. Ако ма­ке­дон­ски­те но­ви­на­ри ва­де­ле шен­ген ви­за во Скоп­је пред да от­па­ту­ва­ат во Тај­пеј, кој­знае и до се­га да­ли ќе беа ка­че­ни во ави­он.
    Со оваа по­се­та, но­ви­на­ри­те ги оп­рав­даа стра­ву­ва­ња­та де­ка неш­то не е ка­ко што тре­ба со спо­год­ба­та за дип­ло­мат­ско приз­на­ва­ње. Вед­наш се от­кри рас­че­кор ме­ѓу до­го­во­ре­но­то и ре­ал­но­то. Не­ли Ма­ке­до­ни­ја тре­ба­ше да би­де ев­роп­ска пор­та за Тај­ван. Ка­ко то­гаш се слу­чи тие да вле­зат во Ев­ро­па пре­ку тај­ван­ска­та пор­та.

    3. Ма­ке­до­ни­ја е мно­гу важ­на др­жа­ва, па ос­вен ев­роп­ска пор­та за зем­ји­те од Ази­ја, мо­же да би­де и НАТО пор­та за влез на Ко­со­во. Низ нас са­мо ќе ми­ну­ва­ат. На­у­че­ни сме. Не­ли ма­ке­дон­ска­та ис­то­ри­ја е поз­на­та по тоа што се­ко­гаш низ нас ми­ну­ва­ле раз­ни вој­ски.
    Ма­ке­до­ни­ја и овој пат ќе би­де тран­зит­на зо­на. Што оче­ку­вав­ме, де­ка НАТО ќе дој­де и ќе ос­та­не. Би­деј­ќи сме зем­ја во тран­зи­ци­ја, вој­ски­те са­мо ќе тран­зи­ти­ра­ат.

    4. Ми­нис­те­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти Алек­сан­дар Ди­мит­ров и ди­рек­то­рот на Аген­ци­ја­та за об­но­ва и раз­вој Ва­сил Ту­пур­ков­ски от­па­ту­ваа за Ка­на­да со гру­па ма­ке­дон­ски биз­нис­ме­ни. Ме­ѓу нив е и Ва­ња Би­то­ља­ну. Ме чу­ди ка­ко уш­те не стиг­на­ла вест де­ка Ма­ке­до­ни­ја го приз­на­ла Кве­бек.
    Ва­ков по­тег на ма­ке­дон­ска­та дип­ло­ма­ти­ја би бил од пр­вок­лас­но зна­че­ње за ре­лак­си­ра­ње на од­но­си­те ме­ѓу Вла­да­та и прет­се­да­те­лот на др­жа­ва­та. Пр­во, за­тоа што приз­на­ва­ње­то на фран­ко­фон­ска­та про­вин­ци­ја би дош­ло мно­гу ско­ро по по­се­та­та на Гли­го­ров на Па­риз. Прет­се­да­те­лот не ќе мо­ра да го сви­ку­ва Со­ве­тот за без­бед­ност и да се жа­ли де­ка Вла­да­та го ска­ра­ла со си­те при­ја­те­ли, ко­га Ши­рак му е ос­ве­до­чен при­ја­тел. Вто­ро, Ма­ке­до­ни­ја би ста­на­ла фран­цу­ска пор­та за си­те фран­ко­фон­ски зем­ји од све­тот. И тре­то, тоа би бил рен­та­би­лен влог за спас на ма­ке­дон­ска­та ко­ха­би­та­ци­ја.

    5. Тоа Со­ве­тот за без­бед­ност што го сви­ка прет­се­да­те­лот во по­не­дел­ни­кот из­гле­да де­ка е мно­гу моќ­на ин­сти­ту­ци­ја. Вис­ти­на, не зна­е­ме што се рас­пра­ва­ло, ама Гли­го­ров има­ше нај­а­ве­но де­ка ќе збо­ру­ва и за по­се­та­та на Пан­га­лос на Ма­ке­до­ни­ја.
    И – што се слу­чи? Пан­га­лос си да­де ос­тав­ка. По де­ве­де­сет­ми­ну­тен го­вор на прет­се­да­те­лот, што дру­го му пре­ос­та­ну­ва.
    Мо­ре, та­ка му тре­ба. Тој нас  – “пе­де­ри!”

    6. Пре­ми­е­рот ут­ре ќе па­ту­ва за Со­фи­ја. Се­га ќе се сми­ри­ме со Бу­га­ри­те. Во рам­ки­те на ус­тав­ни­те оп­ре­дел­би, ќе мо­ра да се от­ка­же­ме од ме­ша­ње­то во внат­реш­ни­те ра­бо­ти на Бу­га­ри­ја ко­га се во пра­ша­ње Ма­ке­дон­ци­те од пи­рин­ски­от дел. Пред две и пол го­ди­ни, се от­ка­жав­ме и од Егеј­ци­те.
    От­се­га, за Бу­га­ри­ја ќе се гри­жи за Пи­рин­ци­те. Гр­ци­ја ќе се гри­жи за Егеј­ци­те. А Ма­ке­до­ни­ја ќе се гри­жи за Ал­бан­ци­те.
    Со гри­жа­та кон Ал­бан­ци­те, Ма­ке­до­ни­ја ќе би­де поб­лис­ку до Ев­роп­ска­та уни­ја. Заш­то, нив дру­ги мал­цин­ства, ос­вен ал­бан­ско­то, не ги ин­те­ре­си­ра­ат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари