МАПЕТ ШОУ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:172:"ЏејмсБејкерсетресеодстрав,одсаматапомисладекасудбинатамузависиодСејдоБајрамовиќ

    1.     “За забава сега е време,
    за камера и рефлектори сто,
    да паднат сите на теме,
    кога ќе почне Мапет шоу”.
    Да облечеме костуми,
    да се знае кој е кој,
    за успехот нема зима
    кога ќе почне Мапет шоу.
    Дами и господа, време е за најсензационалната, најмапетовската и нај­слав­ната емисија! Тоа е она што ние го нарекуваме – Директен пренос од сед­ниците на македонското собрание!
    Додека колегите од Македонската телевизија ја вежбаа новата најава за најгледаната македонска претстава, Владата на Македонија пак му работеше на народот зад грб. Во последен момент ја наруши програмската шема на МРТВ и ја одложи седницата закажана за вчера. Така ни го скрати најголемото задоволство, што во овие тешки денови за суверената македонска држава можеме да си го дозволиме.
    Сега не ни преостанува ништо друго, освен да се потпреме на фантазијата и да ги замислуваме ѕвездите на македонското гласачко тело во улогите на жабецот Кермит, мечето Тупко, госпоѓицата Гица, Гонзо, чудовиштето Чупко…, па сé до оние двајца редовни “мрчатори” од галеријата. Што се однесува до мене, намерно нема да ви ја откријам тајната кој на кого ми личи. Не заради друго, ами од пуста почит кон ѕвездите на Џим Хенсон. Ми е страв да не се навредат, ако ги споредувам со нашите народни избраници.

    2. На настапот на нашите омилени пратеници ќе чекаме до идната недела. Премиерот Кљусев на минатата седница бараше за иницијативата на СДСМ за одговорност и разрешување на министерот за внатрешни работи Јордан Мијал­ков да расправа Советот за безбедност. Бидејќи не сум чул дека такво тело постои во Македонија, си помислив да не треба за нашиот министер да расправа Советот за безбедност на Обединетите нации? Белким не се толку опасни заканите за апсења, изречени на два-тројца на македонска територија, за да го загрозуваат светскиот мир?
    Советот за безбедност расправаше за Југославија, ама во “пакетот” не влезе и барањето за оставка на министерот  Мијалков. Секоја чест на премиерот кој со барањето да се расправа во Советот за безбедност веројатно мислеше да ја провлече Македонија на мала врата, директно во седиштето на ОН во Њујорк. Настрана што дури и таму немаше да помине идејата за смена на Мијалков. Кина ќе го искористеше своето право на вето. Гарантирано!

    3. Само пред десетина дена премиерот Кљусев со “пријатно задоволство” ни соопшти дека добил гаранции од неговите колеги, бугарскиот премиер Димитар Попов и романскиот премиер Петре Роман, дека нема да дозволат никакви заговори и разговори зад грбот на Македонија. Пред два дена премиерот Роман поднесе оставка. Бугаринот Попов има добри шанси да загуби на скорешните избори. Нам сега само ни преостанува да констатираме дека Никола Кљусев ги загубил гаранциите. На негово “непријатно задоволство”.

    4. Можам само да замислам со какво задоволство ќе биде проследено отко­пувањето на посмртните останки на некогашниот претседател на некогашната Југославија во некогашниот главен град Белград. Свитата на Слободан Мило­шевиќ, која ширум светот веќе ја красат епитетите на варваризам, не можеше да замисли пооригинален начин за јавно манифестирање на својата уривачка определба. А на оние илјадници белграѓани и други граѓани на Србија, кои три дена минуваа покрај одарот на мртвиот Тито и на 8 мај 1980 во непрегледен шпалир го испратија до Куќата на цвеќето на Дедиње, изгледа уште очите им се полни со солзи, па затоа не можат да видат што се случува околу нив. Титовите генерали на славната Титова армија не можат да гледаат од правот што се дига по бомбардирањето на сопствената земја. Сите новокомпонирани социјалдемо­крати преобразени комунисти, либерали, разни национални демократи, ширум Титова Југославија не гледаат подалеку од смалениот видеокруг на тесните партиски интереси. Само оние што отсекогаш искрено признавале дека не го сакаат Марша­лот, сега не можат искрено да се израдуваат на неговото тотално деградирање.
    Познатата мисла: “Оној што не ги почитува мртвите, не се почитува ни себе си!”, не може да ги вразуми варварските племиња на Балканот. Почитта кон мртвиот, макар каков и да бил, е за еден фин, културен и далечен свет.

    5. Покојниковата сопруга Јованка Броз изјави: “Ако од тоа им биде подобро, нека им служи на чест!”. Очигледно на новокомпонираните Титомразители и тоа нема да им биде доволно. Затоа членот на Претседателството Југослав Костиќ граѓа­ните ги повикува да го линчуват Анте Марковиќ. Веројатно за да им биде подобро. Бидејќи, како што им кажа злобниот потпретседател на српската влада Будимир Кошутиќ, Анте Марковиќ и СИС се “центар на предавството” на српскиот народ.
    Дека во некогашниот главен град на некогашна Југославија не е сé препуш­тено на законот на линчот, потврда е присуството на Сејдо Бајрамовиќ. Тој ќе му помага на Костиќ Други да го утврди редоследот на линчување на членовите на СИС, збогатен уште со неколку најпрославени усташки злосторници, како што се Бејкер, Де Микелис, Геншер, Враницки, Ван ден Брук. Едноставно нивните имиња ќе ги нареди на томбола и – кому иде! Кога Сејдо ќе викне “Бин­го!”, настапува Костиќ Други (оној што не јаде корења) и им кажува на луѓето кого треба да линчуваат. Можам да замислам како Бејкер се тресе од страв само при помислата на Сејдо Томбола.

    6. Вчера во нашата редакција пристигна пратка со специјално издание на Обединетите нации за одржување на примирјето. Книгата се вика “Сини шлемо­ви”. Нé подготвуваат. Учиме како да се однесуваме со нив.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари