МИНИСТЕРСТВО ЗА ЌЕНЕВИ

Ве­чер­ва е Ноќ на веш­тер­ки­те

    Слу­шај­ќи ги прет­се­да­тел­ски­те кан­ди­да­ти ка­ко се фа­лат де­ка ќе нé од­ве­дат во Ев­роп­ска­та уни­ја, се пот­се­тив на еден не­о­дам­не­шен раз­го­вор со поз­на­ти­от ма­ке­дон­ски дип­ло­мат Иван То­шев­ски, кој се мај­та­пе­ше со ме­не, убе­ду­вај­ќи ме де­ка во Ев­роп­ска­та уни­ја не­ма да не при­мат, сé до­де­ка има­ме вал­ка­ни јав­ни то­а­ле­ти.

    Де­но­ви­ве, за­ед­но со про­по­ве­ди­те на про­ев­роп­ски ори­ен­ти­ра­ни­те кан­ди­да­ти оди и рек­ла­ма­та на Ин­фор­ма­тив­ни­от цен­тар на ЕУ де­ка “На­ша­та ид­ни­на е во Ев­ро­па”. Ко­га ги гле­дам си­те раз­мис­лу­ва­ња на поз­на­ти­те фа­ци кои се по­ја­ву­ва­ат на спо­тот, си по­мис­лу­вам кол­ку би би­ло на мес­то ре­жи­се­рот да го ис­ко­рис­ти и мис­ле­ње­то на гос­по­ди­нот То­шев­ски. Име­но, тој ми ре­че де­ка не­ма да вле­зе­ме во Ев­ро­па, сé до­де­ка во Вла­да­та не се фор­ми­ра ми­нис­тер­ство за ќе­не­ви.

    Иа­ко пред­ло­гот ми из­гле­да­ше сме­шен, со­се­ма се сог­ла­сив со по­чи­ту­ва­ни­от ам­ба­са­дор. Заш­то, ко­га збо­ру­ва­ме за Ев­ро­па, пос­то­ја­но ја вр­зу­ва­ме со не­кои апс­трак­тни по­и­ми. Не­ба­ре тие што жи­ве­ат та­му не се кон­крет­ни лу­ѓе. Са­мо што ква­ли­те­тот на жи­ве­е­ње им е со по­ви­со­ки стан­дар­ди. А ние тре­ба да ги ус­во­и­ме тие стан­дар­ди. Не за не­кој да ни ре­че: “Е се­га сте доб­ри, мо­же­те во Ев­ро­па”, ту­ку са­мо за­ра­ди се­бе.

    Ма­ке­до­ни­ја е поз­на­та по тоа што има нај­вал­ка­ни кло­зе­ти во Ев­ро­па. Кло­зе­ти­те, на бо­жем лук­суз­ни­те хо­те­ли во Скоп­је и во Ох­рид се по­вал­ка­ни од кој би­ло то­а­лет на про­вин­ци­ска же­лез­нич­ка ста­ни­ца не­ка­де во Ев­ро­па. Кло­зе­ти­те на кул­тур­ни­те ин­сти­ту­ции, те­ат­ри­те, ки­на­та, на до­мо­ви­те на кул­ту­ра­та се кул­тур­но нес­ре­де­ни. Пог­лед­не­те ги кло­зе­ти­те на ва­ши­те ра­бот­ни мес­та, во учи­лиш­та­та, на фа­кул­те­ти­те… По­себ­на аван­ту­ра е ако имаш нуж­да да вле­зеш во кло­зет на ае­род­ро­ми­те, же­лез­нич­ки­те и на ав­то­бус­ки­те ста­ни­ци. Без заш­тит­на ма­ска и ви­со­ки гу­ме­ни чиз­ми не вре­ди да се ри­зи­ку­ва со та­ков ек­спе­ри­мент.

    За­тоа, на Ма­ке­до­ни­ја ѝ е пот­реб­но ед­но ми­нис­тер­ство за ќе­не­ви. И тоа со си­те ни­ша­ни. Со ми­нис­тер или ми­нис­тер­ка, со ка­би­нет, со ин­спек­ци­ја ко­ја ќе оди на те­рен, со каз­не­на по­ли­ти­ка, со се­ми­на­ри од со­ве­то­да­вен и об­ра­зо­вен ка­рак­тер, сту­ди­ски па­ту­ва­ња во стран­ство…

    Асо­ци­ра­ње­то со Ев­роп­ска­та уни­ја е ма­ко­тр­пен про­цес кој тре­ба да ми­не низ не­кол­ку фа­зи. Во пр­ва­та фа­за ни е пот­реб­но ед­но бол­но про­чис­ту­ва­ње. Со чис­та сол­на ки­се­ли­на во удар­ни до­зи. Чис­те­ње­то тре­ба да би­де тол­ку те­мел­но што од сол­на­та ки­се­ли­на ќе нé пе­чат очи­те и ќе пла­че­ме. Те­жок е па­тот до Ев­ро­па. По­тоа до­а­ѓа вто­ра­та фа­за на еду­ка­ци­ја и ев­роп­ски се­ми­на­ри на кои ќе се учат ин­сти­ту­ци­и­те – пуш­та­ње во­да од ка­зан­че­то и ми­е­ње ра­це. Ду­ри во тре­та­та фа­за до­а­ѓа­ат ми­рис­ли­ви­те са­пун­чи­ња и лук­суз­ни­те спре­јо­ви за ос­ве­жу­ва­ње на воз­ду­хот. Са­мо се пла­шам де­ка до­то­гаш си­те око­лу нас ќе вле­зат во Ев­роп­ска­та уни­ја.

    Ова тре­ба да фун­кци­о­ни­ра за­ед­но со дру­ги ра­бо­ти. Ис­то ка­ко фр­ла­ње ѓуб­ре од бал­кон, плу­ка­ње на ули­ца и сек­не­ње на но­сот, фр­ла­ње до­гор­чи­ња од про­зо­рец, тре­се­ње на пе­пел­ни­ци­те со нонша­лан­тно от­во­ра­ње на вра­та­та од ав­то­мо­би­лот…

    За сето ова Ев­ро­пејците пла­ќа­ат каз­ни. И пак им за­ви­ду­ва­ме де­ка жи­ве­ат во де­мок­рат­ски др­жа­ви. Зар има­ат по­го­ле­ма свест од нас. Не ве­ру­вам. Свес­та на гра­ѓа­ни­те е пра­вопро­пор­ци­о­нал­на со ви­си­на­та на каз­ни­те. Кол­ку по­ви­со­ки каз­ни тол­ку по­го­ле­ма свест.
    А ние се за­не­су­ва­ме де­ка ќе на­пи­ше­ме мол­ба за при­ем во ЕУ и ќе нé при­мат заш­то има­ме го­ле­ма жел­ба. Си за­мис­лу­ва­ме де­ка тре­ба са­мо да нé при­мат во ЕУ, и сé одед­наш пре­ку ноќ ќе ста­не по нив­ни стан­дар­ди. И де­ка ут­ро­то ко­га ќе се раз­бу­ди­ме во Ев­ро­па сé ќе ни би­де ев­роп­ско.

    Е, за жал, не ќе е та­ка. Из­гле­да, ќе тре­ба пр­во са­ми­те да нап­ра­ви­ме сé да ни би­де ев­роп­ско, а по­тоа, мо­же­би, и ќе не при­мат во ЕУ. Заш­то, ние сме тие што оди­ме во вал­ка­ни­те кло­зе­ти, ние ги га­зи­ме ули­ци­те пол­ни со ѓуб­ре, на­ши­те де­ца иг­ра­ат на скр­ше­ни нишалки на иг­ра­лиш­та што ли­чат на бу­ниш­те. Ние сме тие што жи­ве­е­ме во оваа др­жа­ва, а не Ев­ро­пеј­ци­те.

    Таж­на е при­каз­на­та за ќе­не­ви­те. Од ка­де ни е иде­ја­та де­ка Ев­ро­па ќе дој­де кај нас, за да ни ги ис­чис­ти, па да не при­ми. Се пла­шам де­ка ќе мо­ра са­ми­те да си ги ис­чис­ти­ме вал­ка­ни­ци­те за да за­ли­чи­ме на нив. Ако ве­ќе са­ка­ме ќе­невот да го ви­ка­ме – то­а­лет.
    За на­ше доб­ро.

    ***
    По­ра­ди из­бор­ни­от молк, де­не­ска вес­ни­кот мо­ра да мол­чи, па и јас мо­рам да мол­чам. Овие два де­на им се да­де­ни на гла­са­чи­те за раз­мис­лу­ва­ње. За­тоа и ова из­да­ние на “Са­кам да ка­жам” е на­ме­не­то за раз­мис­лу­ва­ње.
    Не мис­ле­те мно­гу на ви­со­ки­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си. Нив ќе ни ги ре­ши ид­ни­от прет­се­да­тел. Мис­ле­те на жи­во­тот.

    П.С. Ве­чер­ва во Аме­ри­ка се сла­ви Ноќ на веш­тер­ки­те. Кај нас се ме­ну­ва вре­ме­то.
    Ова не­ма ни­как­ва вр­ска со из­бо­ри­те.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира