НАРОДНИ МАЧЕНИЦИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:164:"Владатаконечнонајденачиндагорешипроблемотсопласманнараноградинарскипроизводи

    1. Којзнае уште колку време ќе живеевме во заблуда, завидувајќи им на платите на саканите ни народни платеници, да не се појавеше Стоиле Стојков кој, си­ро­машкиот, собра храброст пред целата македонска јавност да ја открие бедата на македонскиот парламентарен систем. Длабоко разбирајќи ја неговата очајна позиција кога вели: “Па, 100 илјади денари, пари ли се тоа?”. Кај нас, кои како новинари во принцип сме сурови и под строга контрола на комунистите, конечно проработи чувството на човечност и откажувајќи се барем за извесно време од понудените амбасадорски места, решивме да одвоиме солидарна помош за нашите длабоко почитувани народни маченици.
    Проблемот се појави дури кога решивме да издвоиме по една солидарна дневница, за да ја помогнеме историската мисија на господинот Стојков и неговите другари. По опсежни подготовки и прецизни пресметки, дојдовме до разочарувач­кото сознание дека, според бројот на вработените во “Вечер”, збирот од нашите дневници за малку не може да ја достигне сумата од една мизерна пратеничка плата од стотина илјади денари. Настрана, што на наша совест лежи информира­њето од седниците на работните групи на Собранието, кои никако да се одржат. Преза­фатените платеници никако да се појават по комисиските расправи, така што човек со стопроцентна сигурност може да претпостави дека се работи за штрајк поради ниските плати. Од таа причина и си се договорија да го изменат Уставниот закон. Шест месеци им беа малку да ги донесат “државотворните” закони. Па сега си дадоа фора уште шест месеци. Таман кога ќе се вратат од одмор, наесен, ќе почнат да работат.
    Впрочем, самиот потпретседател на Собранието Тито Петковски за пролон­гирањето на  Уставниот закон, за тоа што не се донесени други закони, рече дека во тој поглед сме биле – феномен. Што е уште една потврда дека имаме феноменален парламент. Затоа и не треба да го менуваме. Среќа наша што народните платеници се длабоко свесни дека се незаменливи, па самите имајќи ги пред себе високите идеали да направат држава во која ќе имаат плата за која нема да се срамат да  кажат колкава им е, решија да продолжат да се жртвуваат.

    2. Само, мав ни е работата ако жртвувањето на платениците не биде коорди­нирано со претставниците на Владата. Во таа насока и легендарниот народен маченик Ѕинго, при расправата за проблемот на пласманот на раноградинарските производи на територијата на бивша Југославија, рече дека “тука треба посебно да се ангажира Владата”. Но додека да појасни оти “не мислел сега Владата да треба да оди во Загреб на пазар и да продава раноградинарски производи”, експертски и експресно премиерот Кљусев во главата веќе си направи план, кој министер на кој пазар да го испрати.
    Тој самиот веднаш се виде во улога на накупец, како се ценка на Кванташ­киот пазар во Скопје со производителите на зеленчук. По патиштата низ бивша Југославија, како министер за сообраќај, ќе го седне зад воланот на некое скапано “Тамче” лично Александар Лепавцов. Ем ќе го вработи според она што му е ресор, ем лесно ќе се снаоѓа по новите држави, затоа што човекот е нели – полиглот. За оние што ќе ги постави зад тезгите по пазариштата не треба многу да внимава. Барем одредено ниво на пазарно ценкање знаат да покажат. Само и таму да не се прават експерти. Ни отидоа пиперките и доматите бадијала. За Белград, каде што функционира најголемата црна берза, ќе треба да се испрати некој поачик човек. На пример, минситерот за финансии Тошевски. Ем да продава, ем да ги разменува динарите за денари. Единствено на кого не може да смета е министерот Денко Малески. Со него производителите на ран зеленчук мислат да направат пробив во Европа. Ќе го снабдат со горчливи краставици. Да им врати мило за драго на граѓаните на Европа. Да почувствуваат малку и тие што значи горчлив живот. Единствена опасност е ако некој радикален земјоделец му подметне за продавање лути пиперки. Ќе ги налути Европејците, па ќе ни го одложат признавањето уште некој месец. Додека не се издуваат.

    3. Педантните хроничари на движењето на курсот на конвертибилните валути кои можат да се најдат на црната берза на Бит-пазар во Скопје, забележа­ле дека вредноста на девизите нагло се зголемува неколку дена пред некое патување на претседателот Киро Глигоров во странство.
    Сега битпазарските дилери се ангажирани во решавањето на проблемот како да уфрлат некој свој човек во Министерството за односи со странство. Така би биле во тек со сите подготовки за патувања и би можеле да реагираат на берзата. Имено, Министерството за внатрешни работи прави рации за запленување девизи пред секое патување на висока државна делегација во странство. Бидејќи банките немаат пари, патните трошоци се подмируваат од девизите запленети на Бит-пазар.
    Логиката на варирањето на курсот е повеќе од јасна. Штом се најави некое патување, се знае – следи рација. Девизите се кријат и цената им расте.
    А јас се чудев зошто Кабинетот на претседателот почна патувањата да ги најавува само еден ден однапред.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари