НАТО ПРАЗНИК

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:44:"Господсигоспасиденот

    1. Не­ма спас за нас. Не знам кол­ку го­ди­ни по ред пи­шу­вам за прос­ла­ви­те на Но­ва го­ди­на што во глав­ни­от град на Ма­ке­до­ни­ја из­гле­да­ат ка­ко ба­ха­на­лии во не­ко­ја срп­ска па­лан­ка. Не­ма дру­го ча­ре, ќе мо­ра да го ба­ра­ме Туѓ­ман да ни дој­де на прив­ре­ме­на ра­бо­та. Ко­га му за­вр­шу­ва ман­да­тот за прет­се­да­тел на Хр­ват­ска? Дај не­ка по­бр­за, да ја фа­ти пр­ва­та ре­конс­трук­ци­ја на Вла­да­та на Ге­ор­ги­ев­ски, да го пос­та­ви­ме за ми­нис­тер за кул­ту­ра да ги уки­не на не­кол­ку го­ди­ни си­те доз­во­ли за гос­ту­ва­ње на срп­ски­те но­во­ком­по­нир­ци. Или, ба­рем не­ка сед­не на че­ло на Со­ве­тот за ра­ди­о­ди­фу­зи­ја и не­ка ги про­чеш­ла ка­на­ли­те на при­ват­ни­те те­ле­ви­зии.
    Се­пак, оваа Но­ва го­ди­на раз­о­ча­ру­ва­ње­то ме­ѓу гор­ди­те мла­ди Ма­ке­дон­ки и Ма­ке­дон­ци бе­ше пре­диз­ви­ка­но од фак­тот што Це­ца и Вес­на Зми­ја­нац не­маа но­ви пес­ни, па мо­ра­ше да се рас­по­ло­жу­ва­ат со нив­ни­те ста­ри хи­то­ви и со не­кои но­ви ѕвез­ди на кои мо­раа да им ги учат тек­сто­ви­те.

    2. Пре­ми­е­рот Љуб­чо Ге­ор­гив­ски и не­го­ва­та соп­ру­га Сне­жа­на не сме­е­ја но­во­го­диш­на­та ноќ да ја по­ми­нат до­ма, во друш­тво со ре­пор­те­рот на др­жав­на­та те­ле­ви­зи­ја. По­ин­те­рес­но ќе им бе­ше да се рас­по­ло­жат во не­кое ка­фу­ле. За да не ги за­бе­ле­жат, ќе се по­ја­веа преп­ра­ве­ни. Заш­то, на Љуб­чо не­ма­ше да му од­го­ва­ра ими­џот на кул­ти­ви­ран вој­во­да со сре­де­на бра­да и вра­то­вр­ска, ту­ку на во­ен ко­ман­дант од ти­пот на Ар­кан, со го­лем зла­тен крст под рас­пет­ла­на­та ко­шу­ла. Гос­по­ѓа­та Сне­жа­на пак, во ни­кој слу­чај не би по­ми­на­ла кај врс­нич­ки­те ако се по­ја­ве­ше во сти­лот на Леј­ди Ди. На ед­на ма­ке­дон­ска Леј­ди Ес, за но­во­го­диш­на­та ноќ не би ѝ од­го­ва­ра­ла ни­как­ва дру­га об­ле­ка ос­вен ми­ни-здолниште со го­ло ме­ше и со гол грб. Са­мо та­ка, плус со фри­зу­ра ка­ко си­те скоп­ски жен­ски, пра­ве­на ка­ко под ин­ди­го од еден фри­зер, Леј­ди Ес ќе се прет­во­ре­ше во “пе­ваљ­ка­та” Сне­ки и ќе мо­же­ше да се ка­чи на шанк и оз­го­ра да им “ме­ша” на Љуб­чо и ко­ман­дан­ти­те, кои, за сре­ќа, не пу­каа со пиш­то­ли, ту­ку фр­лаа пе­тар­ди под то­а­ле­ти­те на прид­руж­нич­ки­те.
    Скоп­ска­та но­во­го­диш­на за­ба­ва се­пак има еду­ка­ти­вен ка­рак­тер. Ед­на ку­са про­шет­ка по ма­ке­дон­ски­те ка­фу­ли­ња, бе­ше до­вол­на да се ви­ди ка­ко кај нас се не­гу­ва срп­ска­та суп­кул­ту­ра. Не да се не­гу­ва, ту­ку се не­гу­ва “сос љу­бов и сос ра­дос”, ка­ко што би ре­кол ми­нис­те­рот Кљу­сев. Или, пре­ми­е­рот, ка­ко по­ет, мо­же во сти­хо­ви­те на хи­то­ви­те да от­крие тај­ни по­ра­ки. На при­мер, има ед­на ста­ра пес­на, ама сé ми се чи­ни де­ка по­ра­ки­те ѝ се ак­ту­ел­ни. Ве­ли “ро­ди­ќу ти си­на, кра­ља ко­ка­и­на”. Таа мо­ра да е пос­ве­те­на на не­кој од МВР. Ми­нис­те­рот Тра­ја­нов не тре­ба да ор­га­ни­зи­ра ис­тра­ги, да про­ве­ру­ва кој го имал клу­чот од ма­га­ци­нот и ка­ко ис­чез­на­ле 22 ки­лог­ра­ма ко­ка­ин. Не­ка ја при­ве­де пе­јач­ка­та. Не­ка приз­нае кој е тат­ко­то и да­ли ра­бо­ти за по­ли­ци­ја.

    3. Ге­не­рал­ни­от сек­ре­тар на НАТО Ха­ви­ер Со­ла­на са­ка­ше да нé по­се­ти за Бо­жик. Ми­нис­те­рот за од­бра­на на Фран­ци­ја Ален Ри­шар ни дој­де на гос­ти на 1 ја­ну­а­ри. Тие што кри­ти­ку­ва­ат де­ка со до­а­ѓа­ње­то на праз­ник, гос­ти­те не нé по­чи­ту­ва­ат, тоа го пра­ват од чис­та зло­ба. Не е по­ен­та­та во тоа што гос­ти­те од НАТО ни до­а­ѓа­ат на праз­ник. Ту­ку, спро­тив­но. Ко­га до­а­ѓа НАТО, за нас е праз­ник.
    Из­гле­да де­ка, се­пак, на Гос­под не му би­ло се­ед­но што Со­ла­на нé воз­не­ми­ру­ва на Бо­жик. Мо­же­би за­тоа и има­ше маг­ла на Скоп­ски­от ае­род­ром, па ави­о­нот на ге­не­рал­ни­от сек­ре­тар не мо­же­ше да сле­та. Та­ка, со маг­ла­та Гос­под си го спа­си де­нот.
    За да мо­же Со­ла­на, пак, да го пре­че­ка­ме во праз­нич­но ру­во, пре­по­рач­ли­во е да ни дој­де за Во­ди­ци. За да ни по­ка­же кол­ку нé по­чи­ту­ва, не­ма да ба­ра­ме од не­го да се фр­ли во Вар­дар. Екс­трак­то­ри на крс­тот од во­да­та не ни се нуж­ни. Ќе се снај­де­ме, са­ми ќе си го фа­ти­ме. Ако не дој­де до Во­ди­ци, ќе мо­ра да че­ка да дој­де 8 Март. За­тоа што на 2 фев­ру­а­ри не­ма да има кој да го при­ми. Ми­нис­те­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти Алек­сан­дар Ди­мит­ров то­гаш ќе му пра­ви воз­врат­на по­се­та на Пан­га­лос.

    4. Што му тре­ба­ше на Соб­ра­ни­е­то да го но­си за­ко­нот за ам­нес­ти­ја. Ако им бе­ше на пра­те­ни­ци­те са­мо за да му го рас­и­пат праз­ни­кот на прет­се­да­те­лот Гли­го­ров, кој мо­ра­ше на­мес­то да се раз­о­но­ду­ва со ес­трад­ни ѕвез­ди, да се за­ни­ма­ва со прав­ни ек­спер­ти, мо­жеа тоа да го нап­ра­ват и на друг на­чин. Ако, пак, им бе­ше са­мо за да го ос­ло­бо­дат Ру­фи Ос­ма­ни, пак се зез­на­ле. Од ко­га му ви­ка­ат: “Аман Ру­фи, из­ле­зи!”, а тој не из­ле­гу­ва. Мо­же­би е во пра­во чо­ве­кот. Как­во е над­вор, по­ар­но му е да си се­ди в зат­вор.
    На­ју­ба­во бе­ше да си ос­та­не­ше по ста­ро. И без за­кон, кри­ми­нал­ци­те мо­жеа да би­дат ам­нес­ти­ра­ни. Ка­ко при­ме­рот со Аце Ци­га­нот, или со оној Ха­џи­ски што си ја про­бо­де де­вој­ка­та. Пр­во ќе ги осу­диш, па ќе ги пуш­тиш да из­бе­га­ат во стран­ство. По­ед­нос­тав­но е. Јав­нос­та не­ма да рас­пра­ва. Прав­ни­те ек­спер­ти не­ма да се дво­у­мат. А и прет­се­да­те­лот Гли­го­ров ќе си ос­та­не­ше без гри­жа.

    5. На­јо­ри­ги­на­лен по­тег нап­ра­ви скоп­ски­от Ко­ми­тет за ур­ба­ни­зам ко­му му тек­на да ги ис­клу­чу­ва се­ма­фо­ри­те за да ви­ди кол­ку во­за­чи­те ги по­чи­ту­ва­ле пра­ви­ла­та на пре­дност во со­об­ра­ќа­јот. Нај­го­лем ус­пех од оваа об­ра­зов­на мер­ка е тоа што не се слу­чи­ла ни ­ед­на со­об­ра­ќај­ка.
    Се­га и кон­тро­ла­та на ле­та­ње раз­мис­лу­ва­ла та­ка да ги еду­ци­ра пи­ло­ти­те на ави­о­ни­те. Ќе им ги ис­клу­чи ра­да­ри­те за на­ве­ду­ва­ње и ра­диоврс­ки­те и ќе ги пуш­ти пи­ло­ти­те да вр­тат на не­бо­то и да по­го­ду­ва­ат ка­де е пис­та­та.
    По ис­ти­от ур­нек и по­ли­ци­ја­та би мо­же­ла еден ден да нé каз­ну­ва. За да им се по­диг­не свес­та на во­за­чи­те, ќе им се ре­че са­ми да си се каз­ну­ва­ат. Кој ќе нап­ра­ви пре­кр­шок, ќе ос­та­ви па­ри спо­ред јав­но об­ја­ве­ни­от це­нов­ник. Ако не­кој е пи­јан, сам ќе си нап­ра­ви ал­котест.
    Со овој на­чин на ко­лек­тив­но по­ди­га­ње на свес­та, по­ли­ци­ја­та ќе има по­ве­ќе сло­бод­но вре­ме, што мо­же да го ис­ко­рис­ти, на при­мер, за па­ку­ва­ње ма­ри­ху­а­на. Бел­ки пос­ле ќе ус­пе­ат да ја за­ро­бат на не­кој гра­ни­чен пре­мин.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари