НОВИНАРСКА ПАТРОЛА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:108:"ГраничаритенаМакедонија-чуваринамиротинашверцерите

    1. Перото е посилно од мечот. Додека Американците вежбаат на Криволак, новинарите ја бијат нивната битка на најнесигурната граница. Гледајќи ги онака премрзнати, со темни очила и црни ленти преку главите, наострени храбро да се соочат со непријателите што ни ги киднапираат нашите полицајци и војници, ден после инцидентот кај кумановското село Лојане доаѓам до заклучок дека наместо осумнаесетгодишници на кои непријателот им удира шлаканици и клоци, подобро е границата да ја обезбедуваат новинари. Ќе ги видевме српските шверцери како ќе се однесуваа ако ги пресретнеа патролите на македонските репортери, со микрофоните на готовс и рафалите од директни прашања. Кога ќе ги видеа онакви какви што ги видовме ние на телевизија, ќе бегаа што подалеку од границата.
    Додека репортерот на државната телевизиска куќа се соживуваше со улогата на киднапираните, а известувачот на нашиот весник изигруваше геометар и мереше далечина од граничната меѓа, репортерите на приватната ТВ станица “А1” сериозно се зафатија со лов на шверцери. И среде нива препаднаа еден возач на црвена “застава” од Алексинац со педесетина литри бензин во багаж­никот. Сиромашкиот, се правдаше дека ќе се женел во недела. “Ќе се жениш, а!”, му свика новинарската патрола. “Е нема, прво ќе признаеш дека шверцуваш бензин, а после ќе те пуштиме да се жениш!”
    По најновиот граничен инцидент, што ќе се одрази на свадбата на човекот од Алексинац, реално е да се очекува дека Министерството за надворешни работи на Југославија ќе упати остра нота до нашето министерство, со обвинение дека Македонија се меша во внатрешните работи на Србија. Им влијаеме на популационата политика. Работиме против нивниот наталитет. До смрт ги преплашуваме младоженците што ќе се најдат среде нива. Од шокот што ќе го преживеат ќе останат времено импотентни.

    2. Тоа што инцидентот заврши без крв воопшто не треба да не чуди. Миро­љубивата политика на нашето раководство фаќа корени во сите пори на општеството. Па така децата во моментот кога им влегле вооружени шверцери размислувале далекосежно и согласно концептот на решавање на проблемите по мирен пат и со дијалог. Затоа и не испукале ни еден куршум.
    Шегата настрана, што ќе се случеше доколку некој од патролата загинеше? Дали тоа е потребно за државата да сфати дека на таа граница е многу поедностав­но да испрати инспектори да ги урнат дивите бензински пумпи, отколку да испраќа зајакнати мешани патроли? Зошто никому не му пречат тие пумпи? Ако се диви, колкав и да е профитот од нив, овој инцидент треба да биде опомена веднаш да се урнат.
    Но, што ако се легално изградени? Тогаш не гледам причина да им се лутиме на Србите, кога сами си го бараме!

    3. Ние додуша бараме и од Обединетите нации да ни ги надоместат штетите што ги трпиме затоа што ги спроведуваме санкциите кон Србија и Црна Гора. Ама – ништо од тоа. Што е најсмешно, австрискиот амбасадор при ОН предложил Србија и Црна Гора да ги надоместат штетите што ги трпат деветте европски земји поради меѓународните санкции! Малку пооптимистичко е писмото на Бутрос Гали, во кое апелира до членките на ОН да помогнат со донации на земјите што трпат последици.
    Онаа идеја на австрискиот амбасадор, Србија и Црна Гора да ни ги надоместат штетите, изгледа ептен му се допаднала на Радован Караџиќ. Тој во бугарските весници изјави дека “Македонците не постапија чесно кон нас… Официјално сакам да изјавам дека постапките на Македонија не се коректни. И ако некогаш се свртат кон нас, ние никогаш нема да го заборавиме тоа. Секогаш ќе го паметиме тоа и ќе им возвратиме”.
    Најдобро би било да ни вратат со санкции. И тоа од оној “културниот” тип, кој ние не го ни регистрираме како санкции. На пример, нека престанат конечно да ни ги испраќаат нивните “певаљки”.
    Само ми е страв дека, кога е во прашање Радован Караџиќ, тие обично вра­ќа­ат во нафта. Во резервоарите на нивните тенкови.

    4. Владата сериозно има намера да ја спроведува својата потврдена политика на еднаков третман на сите граѓани. Само што умре од инфаркт еден Албанец, кој бил приведен поради шверц на оружје, полицијата во Прилеп, во престрелки со избеган од затвор, уби Македонец.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари