ОШТЕТЕНА СТОКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:103:"Заремшмркаабелозадавидатдекачитаатеденизвештај?

    1 Што да помисли обичен гласач кога ги гледа пратениците како се караат во Собрание? И кога ги слуша со какви звучни навреди се поганат меѓу себе.
    Луѓето се пратеници. Народни избраници. Па кога за себе си викаат дека се наркомани, послушници, курви, криминалци, идиоти и други високоинтелектуални квалификации, ние им веруваме. Затоа што се народни избраници. И затоа што сме ги гласале за да им веруваме. Мора да е точно тоа што го зборат.
    Бев збунет додека се расправаа за извештајот на Европската комисија. Дали Филе од Брисел испратил два извештаи? Еден за ВМРО-ДПМНЕ, а друг за СДСМ. За едните с е убаво. А за другите с е грдо.
    На крај некако се усогласија. Откако го распизмија народот што гледа собраниски канал, тие си се смирија. Па се прашувам, зарем шмркаа бело за да видат дека читаат еден извештај? А не два.

    2 Извештајот кој оваа година ни го испратија од Брисел ќе го паметиме само по тоа што во него не се употребува зборот “македонски”. И по ништо друго.
    Наместо евробирократите да ја смират топката, да измислат некоја смешна дипломатска финта или да најдат некое глупаво извинување, тие продолжија да му помагаат на македонскиот премиер да се заборават и судството, и медиумите, и јавната администрација, и с друго за што во извештајот напишале дека не чини. Па портпаролот на Филе Питер Стано уште повеќе н наака со изјавата: “Овој пристап на Европската комисија (се мисли на изоставувањето на терминот “македонски”, м.з.) ќе остане конзистентен, с додека не биде најдено решение за спорот со името.
    Што им е на тие во Брисел? Како Груевски да ги плаќа за да даваат такви изјави.
    Го избришаа “македонски”!? Ама ние не смее да им се лутиме. Оти тие ќе се налутеле. Па уште брифираат дека ќе н оставеле да се жештиме, ќе н игнорирале и ќе н чекале да пропаднеме. Супер. Нам ни помагаат? На опозицијата и помагаат? Или на Груевски?
    Такви се. Бесчувствителни. Себични и кратковиди. Впрочем, во тоа и е основната разлика меѓу ЕУ и САД во односот кон Македонија. Во Вашингтон и кога се лутат, плескаат по власта, ама гледаат малку понапред. А во Брисел, типови како Баросо и Филе мислат само на својата кариера и не сакаат со никого да се замерат. Па Македонија им е најбезначајна со напредување.
    И поради такви кариеристи ќе направат и од нас оштетена стока, како што направија од Србите во времето на Милошевиќ. Па кога ќе падне Груевски, тешко ќе го натераат овој народ да ја сака ЕУ.

    3 Впрочем, Грците се покажаа многу умешни во операцијата “Бришење”. Си избришаа половина долг и го избришаа зборот “македонски”. ЕУ им прости 100 милијарди евра. Нам не можат да ни го простат името.

    4 Телевизија “Телма” објави дека министерот за надворешни работи Никола Попоски во Стразбур, по средбата со еврокомесарот Филе, му дал изјава на портпаролот на Министерството Борче Стамов. Се слуша неговиот глас и се гледа како портпаролот го држи микрофонот на МТВ и поставува прашање.
    Прво министрите носеа новинари да известуваат од нивните средби на патувањата. Потоа на новинарите што ги носеа, им кажуваа и што треба да прашаат. А сега веќе ни на тие новинари не им веруваат, па им ги земаат микрофоните сами да си прашуваат.
    Што е сигурно, сигурно е. Реформите мора да продолжат.

    5 Љубе Бошкоски чека пресуда. Но заштитениот сведок, врз чие сведочење во истрагата е подигнато обвинение против лидерот на Обединети за Македонија, не се појавил во судницата ниту, пак, се соочил со обвинетиот.
    Сме гледале десетици американски филмови и серии, базирани на вистински настани, во кои ако сведокот не се појави, судскиот процес паѓа. Затоа и заплетите во тие филмови се околу обезбедувањето на сведоците.
    Изгледа дека нашите судии не гледаат американски филмови. Поомилени им се темите поврзани со судењата од времето на Сталин.

    6 Инаку, многу повеќе од извештајот на Филе, нацијата ја потресе последната епизода од “Лисјата паѓаат”. Умре Али Риза. Но уште потрагично е што не кажаа каде го закопаа. Па сега не му се знае гробот. Исто како на Моамер Гадафи. За да не се прави светилиште.
    Вака губат туристичките агенции. Нема да организираат тури за посета на гробот на Али Риза. Како што нудеа прошетка околу куќите на Шехерезад и Онур.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира