ПАРТИСКИ КОМЕСАРИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:71:"Акогоима­меНАТО,зош­тониеКљу­сев?

    1. Прет­се­да­те­лот Гли­го­ров од 1991 го­ди­на до де­не­ска има по­ми­лу­ва­но над 500 зат­во­ре­ни­ци. От­ту­ка, бес­пред­мет­но е пра­ша­ње­то да­ли прет­се­да­те­лот има ми­лост. Не­ма смис­ла се­га, при кра­јот на ман­да­тот, да го прет­ста­ву­ва­ме Гли­го­ров ка­ко без­ми­ло­сен, са­мо за­тоа што овој пат се пре­мис­лу­ва да­ли да го пот­пи­ше Ука­зот за за­ко­нот за ам­нес­ти­ја на ко­ха­би­та­ци­о­на­та вла­да. Кој­знае, мо­же­би за но­во­го­диш­ни­те праз­ни­ци и Илин­ден во си­те из­ми­на­ти го­ди­ни, на прет­се­да­те­лот не му тре­ба­ло тол­ку вре­ме за мис­ле­ње и тол­ку прав­ни со­ве­ти за да го ста­ви сво­јот пот­пис, па ос­ло­бо­ду­ва­ње­то на зат­во­ре­ни­ци­те оде­ло по­бр­зо.
    Се­га е но­во вре­ме, вре­ме на про­ме­ни, па и прет­се­да­те­лот си го про­ме­нил од­не­су­ва­ње­то. Ако ве­ќе тој не да­ва ми­лост, не мо­ра да да­ва ни Вла­да­та. Зош­то Ге­ор­ги­ев­ски би ми­лу­вал по­неж­но од Гли­го­ров и, што е по­важ­но, зош­то пре­ми­е­рот да за­до­во­ли по­ве­ќе лу­ѓе от­кол­ку што за­до­во­лил прет­се­да­те­лот?
    Мо­же­би не станува збор за љу­бо­мо­ра ко­го зат­во­ре­ни­ци­те по­ве­ќе би са­ка­ле. Мо­же­би и не се работи за вре­ме­то пот­реб­но за кон­сул­та­ции. Не­ко­му вре­ме­то бр­зо му ми­ну­ва. На Гли­го­ров вре­ме­то му те­че по­бав­но.

    2. Има прав­ни­ци кои сме­та­ат де­ка во овој слу­чај прет­се­да­те­лот го пре­кр­шил Ус­та­вот. Та­ка што, ис­то ка­ко со прет­се­да­те­лот на САД Бил Клин­тон, и на Гли­го­ров мо­же да му се поведе пос­тап­ка за им­пич­мент. Са­мо што би би­ло не­се­ри­оз­но од нас ка­ко на­ци­ја,  да му су­ди­ме за тол­ку не­се­ри­оз­на ра­бо­та во од­нос на се­ри­оз­ни­от проб­лем на Клин­тон. Осо­бе­но што, ако бе­ше до ми­лу­ва­ње­то, ние из­ле­гов­ме по­ми­лоз­ли­ви од Аме­ри­кан­ци­те. Прет­се­да­те­лот ве­ќе ед­наш бе­ше по­ми­лу­ван.
    Раз­ли­ка­та е драс­тич­на. Аме­ри­кан­ци­те си се за­ни­ма­ва­ат со сво­јот прет­се­да­тел за раз­о­но­да. Во САД лу­ѓе­то се збес­на­ти, па го су­дат Клин­тон од што не­ма­ат што да пра­ват. Кај нас се бес­ни од што не­ма­ат што да ја­дат.

    3. Вла­ди­на­та ко­а­ли­ци­ја фун­кци­о­ни­ра бес­пре­кор­но. От­ка­ко се обез­бе­ди­ја ми­нис­терс­тва­та и јав­ни­те прет­при­ја­ти­ја по прин­ци­пот “ед­но за те­бе, ед­но за ме­не”, се­га ќе про­фун­кци­о­ни­ра це­ла др­жа­ва. Љуб­чо и Ци­ле не сме­ат да зап­рат са­мо на ра­ко­вод­ни­те кад­ри. Ниш­то не е сто­ре­но ако се пос­та­ви ди­рек­тор од ед­на пар­ти­ја, а за­ме­ник од дру­га.  Опас­нос­та дем­не од си­те по­ри на оп­штес­тво­то. Про­ме­ни­те се нуж­ни, од ди­рек­то­ри­те до пор­ти­ри­те. За­мис­ле­те пор­ти­ри­те во ед­на фир­ма да би­дат од ис­та пар­ти­ја. Ако пор­ти­рот од пр­ва­та сме­на про­пуш­тил не­кој по­кај­ник СДСМ-о­вец, не­ма да има кој да ја из­вес­ти цен­тра­ла­та за про­пус­тот. За­тоа, за­дол­жи­тел­но, ед­ни­от пор­тир тре­ба да би­де од ВМРО-ДПМНЕ, а дру­ги­от од ДА. Да си се кон­тро­ли­ра­ат. Ина­ку, џа­бе збо­ру­ва­ме за про­ме­ни и де­мок­ра­ти­ја.
    За­мис­ле­те кол­ку е ла­ба­ва ко­а­ли­ци­ја­та по пра­ша­ње­то на чис­тач­ки­те. Им па­ѓа­ло ли во­оп­што на ум на Љуб­чо и Ци­ле, до­де­ка се во­зеа со ав­то­бу­сот, што ќе се слу­чи ако кан­це­ла­ри­ја­та на ди­рек­то­рот ВМРО-вец ја чис­ти не­ко­ја ВМРО-вка. Ка­мо пар­ти­ска кон­тро­ла за чис­ти прос­то­рии? Вед­наш тре­ба на тоа ра­бот­но мес­то да се пос­та­ви чис­тач­ка од ДА. Проб­ле­мот е уш­те по­ком­плек­сен. Што ќе се слу­чи ако оваа ДА-ов­ка­та не чис­ти ка­ко што тре­ба и се­то ѓуб­ре го тур­ка под те­пи­хот. Ете ти кри­за на ко­а­ли­ци­ја­та. Вед­наш ќе се про­ши­ри вес­та де­ка ДА ѝ под­мет­ну­ва вал­ка­ни ра­бо­ти на ВМРО-ДПМНЕ. Или, пак, чис­тач­ка­та од ВМРО-ДПМНЕ ко­ја ра­бо­ти пр­ва сме­на, го из­мач­ка­ла по­дот та­ка што ко­га прис­тиг­на­ла ДА-ов­ка­та во вто­ра сме­на се лиз­на­ла и пад­на­ла.
    Ту­ка ве­ќе не­ма дис­ку­си­ја. Со чис­тач­ки­те мо­ра да би­де­ме на чис­то. Овој проб­лем ве­ќе не мо­жат да го ре­шат ни кад­ро­ви­ци­те на две­те пар­тии. Ќе мо­ра ит­но од ави­он да се сим­не Ва­сил Ту­пур­ков­ски, да ги сви­ка ми­нис­три­те од не­го­ва­та пар­ти­ја и пос­ле да ја сми­ри си­ту­а­ци­ја­та на ли­дер­ско ни­во со Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски. За­тоа тре­ба да се во­ди смет­ка, чис­тач­ки­те да би­дат од две­те пар­тии. Да си се кон­тро­ли­ра­ат ме­ѓу се­бе. Се­ко­ја чис­тач­ка, на чис­тач­ка­та ко­леш­ка ѝ е пар­ти­ски ко­ме­сар.
    А Ар­бен Џа­фе­ри ќе си се­ди нас­тра­на. И ќе си ста­ви свои чис­тач­ки са­мо та­му ка­де што му тре­ба.

    4. Се­га ми е јас­но зош­то Ев­роп­ска­та уни­ја не са­ка да нé зе­ме пред­вид ду­ри ни за асо­ци­ја­тив­но член­ство. Ли­де­ри­те на зем­ји­те-член­ки се ис­пла­ши­ле, ка­ко што сме трг­на­ле со про­ме­ни­те, да не ги сме­ни­ме и нив.

    5. И ние си има­ме свој Пан­га­лос. Што му фа­ли на Кљу­сев? Пан­га­лос од­ле­пи сре­де Скоп­је, Кљу­сев не ос­та­на дол­жен сре­де Ати­на. Мис­лам де­ка ос­нов­на­та греш­ка на оваа вла­да е што ко­га Пан­га­лос бе­ше во Скоп­је, на прес-кон­фе­рен­ци­ја­та го ос­та­ви­ја Алек­сан­дар Ди­мит­ров, на­мес­то да му го спро­тив­ста­ват Кљу­сев. Ќе бе­ше тоа ду­ел за раз­ве­се­лу­ва­ње на на­ци­ја­та.
    Ми­нис­те­рот за од­бра­на во Ати­на ре­че де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе ба­ра пис­ме­на сог­лас­ност од НАТО за га­ран­ти­ра­ње на на­ши­от те­ри­то­ри­ја­лен ин­тег­ри­тет и де­ка ние тоа го зас­лу­жу­ва­ме “од ас­пект на зна­че­ње­то што го има на­ша­та зем­ја де­нес, ка­ко до­ма­ќин на си­ли­те на НАТО”.
    Што уба­во. Ми­нис­те­рот за од­бра­на си не­ма гри­жи ка­ко да ја ор­га­ни­зи­ра сопс­тве­на­та ар­ми­ја, ко­га ќе си по­ба­ра га­ран­ци­ја од стра­на. Што ќе ни е Кљу­сев, ко­га си го има­ме НАТО.

    6. Зат­во­ре­ни­кот То­ни Ке­чев, кој по лан­ско­то бег­ство од зат­во­рот “Ид­ри­зо­во” уби еден по­ли­ца­ец и гра­ѓа­нин во Гев­ге­ли­ја, на 31 де­кем­ври ми­на­та­та го­ди­на пов­тор­но се оби­дел да из­бе­га од зат­во­рот.
    Има ед­но мо­то што мо­же сло­бод­но да се ста­ви на вле­зот во зат­во­рот  “Ид­ри­зо­во”: Од ов­де не из­бе­гал са­мо тој што не про­бал!

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари