ПРОЛОНГИРАНО АПСТИНИРАЊЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:129:"Големуспехеодсопственататериторијаданаправишспорнатериторија

    1. Албанските партии продолжуваат ревносно да работат на збогатување на речникот на македонскиот јазик. Пред некој ден дознав дека зборот “апстинира­ње” е синоним на “уценување”. Досега тие пронајдоа многу зборови што можат да се употребат наместо зборот “уценување”. Се изверзираа во практиката, бидеј­ќи тоа го прават многу често.
    Сега апстинираат од работата на Парламентот. Во знак на протест поради високите казни на осудените во аферата “паравојска”. Ќе апстинираат додека судот не одлучи поинаку. И протестираат против мешањето на политиката во судството.
    Пратениците биле ставени на тешки искушенија. Биле соочени со револтот на своите избирачи, па им било страв револтот да не избие на улица. Ако се случело тоа, тие ќе морале да ја напуштат Владата. И – како компромисно ре­шение – избрале да го напуштат Собранието.
    Не за џабе за ПДП велат дека е стабилизирачки фактор. Со излегувањето од Собра­нието тие, всушност, сакале да ја стабилизираат државата. Само, не кажаа која!?

    2. Придонес кон збогатување на речникот беше даден и во расправите околу пописот. Тогаш дознавме дека синоним на зборот “бојкотирање” е – “пролонги­рање”.
    Пописот успешно заврши. Така барем официјално е соопштено. Освен тоа и шефот на посмастрачката мисија на експертите од Европа, Вернер Хауг, изјави дека е задоволен. Потоа Хауг беше во германската амбасада. Тој ги информира амбасадорите на земјите-членки на ЕЗ за текот на пописот.
    Јас мислев дека пописот го организиравме ние. И дека претседател на држав­ната комисија е Ристо Иванов. Белки не си дал оставка, па на негово место го поставиле Хауг.

    3. Српската војска се повлече од Чупино Брдо. Истиот ден кога истече улти­ма­тумот на министерот Владо Поповски. Министерството за одбрана се пофали дека тоа е остварено со дипломатски методи и со помош на преговори преку претставниците на УНПРОФОР.
    Сега на Чупино Брдо нема ни српска ни македонска војска. Остана ничија земја на која повремено патролираат силите на ОН. Успехот на дипломатското потиснување е што нашата територија сега стана спорна територија. Што и не е некој успех. А Србите од туѓа територија направија спорна територија. И згора на тоа добија гаранции дека како таква ќе продолжи да се третира сé до конечното меѓудржавно разграничување. Си оставија простор за преговарање. Што, за наша жал, претставува нивни успех.

    4. Србија негодува и поради тоа што, како што ни велат во Владата, Македо­нија за некој месец ќе ја преземе целосната контрола на сопственото небо. На вестите дека Скопје ќе биде обласна контрола на летањето немало реакции од грчка страна, но затоа пак реагирале воздухопловните власти на СРЈ. Грците се во незавидна ситуација. Тие немаат пристап, како нивните колеги од Белград, во контролната кула на скопскиот аеродром и затоа не можат да дадат забелешки.
    Грците се хендикепирани зашто нема пристап и во надлежното министерство, односно во секторот што се занимава со цивилното воздухопловство. И таму на работа се примени стручњаци од Србија. Распоредени на клучни места.
    Утре-задутре би можел да се очекува некој афирмативен текст на таа тема, со веќе познатиот наслов: “Сопственото небо на дланка”. На чија дланка?

    5. Нема дилеми од чија рака загина турскиот дипломат среде Атина. Одговор­носта за убиството ја презеде фантомската терористичка организација “17 ноем­ври”. Организацијата цели 19 години поставува бомби, убива Грци, Американци, Турци, во нападите користи и ракети, а полицијата до сега не успеала да ѝ влезе во трага.
    Овој пат терористичкиот напад беше оправдан со писмо во кое, меѓу другото, стоело дека тоа е одмазда затоа што Србите се неправедно обвинети дека вршат етничко чистење во Босна и затоа што на Србија ѝ се наметнати неправедни санкции.
    Се очекува реакција од Белград. Терористичкиот напад на “17 ноември” е уште една потврда на традиционалното српско-грчко пријателство. Затоа и овој пат грчката држава нема да ги открие виновниците.

    6. Тие што требаше си купија автомобили. Затоа Владата ги зголеми царин­ските давачки. Ги врати како во старото време на 26 од ство.
    Луѓето блиски до власта тоа не ги загрижува. Тие си имаат фирми регистри­ра­ни во странство и си ги возат своите возила низ Скопје со црни дипло­матски таблички издадени во Белград. Така што немаат обврска да ѝ ги пла­ќа­ат давачките на македонската држава.
    Тоа пак не мора да значи дека не можат да ни се продаваат како големи Македонци.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари