РУСКА ЛИЦЕНЦА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:95:"Когаснемуваструја,настапувамракисепалатсвеќи

    1. Во Босна и Херцеговина има војна. А во Македонија има развиен авио-сообраќај. Со два современи аеродрома, на кои одвреме навреме снемува струја. Настанува тотален мрак. Па после палиме свеќи.
    Знаете ли кој е највработен човек во Македонија? Златко Вереш. Струч­њакот за испитување авионски несреќи ќе умреше за леб да не му бевме ние, со нашето развиено воздухопловство. Додуша, човекот излезе фер, па нé теши дека нашата држава не е небезбедно место за летање. Само што властите се многу сиромашни, па немаат пари да ги купат современите уреди за слетување на скопскиот и охридскиот аеродром. А толку пари на државата ѝ должат данок два-тројца пиља­ри. Тука се разбира не влегува сумата што е потребна да се подигне ограда околу аеродромите. Тоа сигурно е некоја цена од која боли глава. Ќе мораме да чекаме склучување на аранжман со ММФ или со Светската банка, за да ги набавиме тие средства.
    Деновиве се изнагледавме, изнаслушавме и изначитавме за хаосот на маке­дон­ското небо. Цела нација стана стручњак за воздухопловство. Ги испроучивме шемите на процедурите за слетување, се расфрламе со воздухопловна термино­логија… Особено ми падна в очи трансформацијата на еден бунтовен контролор на летање – во бирократски владин службеник, кој неколку пати се по­ја­ви на телевизијата. Се сеќавам кога беше водач на штрајкувачите на контролорите на летање. Тогаш целата јавност беше на негова страна. Ама државата со него добро изиграла. “Штрајкувате!? Е па ајде, повелете во министер­ството, па вие решете ги работите!” Па од функција на човек од власта имате изја­ва од типот: “Не го прават хаосот тие што се обидуваат да го регулираат сообра­ќа­јот, туку тие што во трката за профит забораваат на безбедноста”. Значи, не го прават хаосот тие што им дозволиле на другите да прават хаос!
    Во секој дуќан, ако ти влезе инспекција и ти најде непријавени продавачи, ќе ти го затвори дуќанот. А ако ти пронајдат во авион непријавени пилоти и стјуардеси – никому ништо.
    Всушност, ние без врска го употребуваме терминот “македонско воздухоплов­ство”. Такво нешто не постои. Јас досега немам видено авион со македонска регистрација. А веќе повеќе од две години сме независна држава. И Владата на нашата независна држава има две авиончиња. Нашите раководители патуваат со нив низ Европа и ја претставуваат нашата независна држава. Авиончињата имаат регистарска ознаја “ЅУ”.

    2. Во една од многубројните ТВ емисии што деновиве ги гледавме по повод катастрофалната авионска несреќа кај Охрид, двајца пилоти објаснуваат кои недостатоци ги има скопскиот аеродром. Рекоа дека се шетаат кучиња по пистата. И нема кој да ги избрка. Па, се сетиле капетаните, јавуваат во полицис­ката станица, а командирот испраќа полицајци да ги бркаат кучињата. Новинар­ката се чудеше: “Па зарем тоа е нивна работа!?” А капетанот слегна со раменици и рече: “Па, не им е тоа работа, ама ете, помагаат луѓето…”
    Ете уште еден доказ дека без Фрчковски и неговото министерство ништо не може да функционира во државата.

    3. Со голема патриотска возбуда ја прочитав веста дека конечно е произведен првиот македонски велосипед. Го произвел МИК од Кавадарци со руска лиценца. Човек не може да остане рамнодушен на техничките достигнувања на нашиот вреден работник кој, ете, на прагот на 21 век произведе велосипед.
    Проблемот е во тоа што нашата најнова македонска гордост – руско-кавада­реч­киот велосипед, може да направи дополнителни компликации во меѓуна­ционал­ните односи. Замислете си некој да ви рече: “Глупав си како точак”. Тоа веднаш ќе биде протолкувано како навреда на националното чувство.
    Како и да е, секој ден сé повеќе и повеќе напредуваме. По првата македонска хулахопка, првата македонска патика и првата македонска машина за перење (Ауууу…), добивме и прв македонски велосипед. Очекувам следното техничко достигнување да биде прв македонски авион.

    4. Во генијалните идеи, што можат да се родат само во главите на тукашни луѓе, го вбројувам и оној најнов предлог на Владата домаќинствата што ќе потрошат повеќе од 600 киловат-часа електрична енергија “прекумерното” да го плаќаат двојно или тројно поскапо. Тоа ти е нешто слично како оние оправду­вања од поштата: “Сакате добри телефонски линии? Па не зборувајте по телефон!”
    Така, сега тие што се греат на струја за да не го пречекорат лимитот што им го гарантира државата, ќе мора да се смрзнуваат. Или, барем да штедат на освет­лувањето. Да палат свеќи. Повеќе нема да нé викаат “зона на самракот”. Ќе бидеме зона на мракот.

    5. Во холандската престолнина Хаг почна со работа Меѓународниот суд за воени злосторства направени на територијата на бивша Југославија. Судиите се собраа. Ги нема обвинетите. Зафатени се со активностите на предизборната кампања во Србија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари