СЕЛСКИ НАЧАЛНИК

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:40:"Ракибеевиновназасé

    1. На Скопје не му треба градоначалник. Главниот град на државата треба да има селски началник. Сите градски проблеми што ќе треба да ги реши се – селски. Затоа сметам дека прават голема грешка тие што велат дека на Скопје му треба некој граѓанин, човек што ја  познава душата на градот, човек што се чувствува градски. Ако скопјани изберат таков човек за градоначалник, ќе се каат до следните избори. Проблемите ќе им останат нерешени.
    Од каде да знае граѓанинот како да се однесува со коњите на булеварот “Јане Сандански”? Дали на кравите што пасат во Градскиот парк да им рече “Ојси”, “Ќукш!”, или “Иш”?
    Што да им прави на овците на потегот меѓу американската амбасада и Штабот на УНПРЕДЕП? Дали да им забрани на козите да ги брстат грмушките во близината на Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”?
    Не дај боже да ни дојде таков градоначалник. Замислете да му текне да ги разбрка домаќинките што го пржат ајварот на тревниците меѓу зградите во “Карпош”. Или да донесе уредба со која ќе се забрани бесење црвени пиперки и низи со кромид по балконите. Таков бездушник нема поим што е амбар, а што плевна. Тој не може да сфати колку големо задоволство е да се вари ракија на платото пред гаражите, а мирисот од чадот да се чувствува сé до десеттиот кат.
    Ако сепак се избере таков човек за градоначалник, треба да се направи сé да му се загорчи животот и да си даде оставка. На пример, треба да се нападне во лифтот со домашното милениче – германскиот овчар. Или, вреќата со ѓубре постојано да му се остава пред врата. Да се  извадат сите штекери на неговиот кат и да се скршат фасонките, а светилката да се украде. Навечер да се врши нужда пред неговата влезна врата, затоа што не прави разлика што е буниште, а што полски клозет. Пред гаражата секое утро да го чекаат лушпи од јајца.
    Скопјани, немојте да си играте со иднината на вашиот град. Немојте да избирате градоначалник! Изберете селски кмет!

    2. Од пред некој ден скопјани се гордеат со новата депонија “Дризла”. Градските татковци, заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и раководството на “Комунална хигиена” подготвени ги пречекаа првите возила со ѓубре. Отво­рањето на депонијата го наздравија со виски и ситни сендвичи. Имаа мала закуска на “Дрисла”.
    Новинарите забележаа неколку камиони на тетовското комунално прет­пријатие. И тие го носат ѓубрето во “Дрисла”. Велат дека новата депонија е многу современа и доволно голема за да може да дава услуги и на други комунални претпријатија од Македонија.
    Скопје е отворен град. Може да го собере ѓубрето од цела држава.

    3. Владата пред неколку недели најави борба против шверцот и сивата еко­номија со цигарите. Како резултат на тоа, пред неколку дена, на скопските пазари шверцерите почнаа да ги нудат и најновите цигари на “Македонија табак”, “родео лајт”. Разликата меѓу цигарите на пазар и во трафика не е само во цената – цената на пазар им е 20 денари, а во трафиките 25, туку и во пакувањето. Оние што ги нудат препродавачите се со кутија на која е испишано “Само за извоз”, на англиски јазик.
    И сега, кој е виновен што цигарите наместо во фри-шоп се нашле на зелените пазари. Полицијата, Царината, “Македонија табак”, “Владата”… Изгледа дека пак ќе биде виновна некоја Ракибе, како онаа што умре од срцев удар од пендрек по глава на Зеленото пазарче во Скопје.

    4. Многу убава работа се овие “Европски денови на културното наследство” на министерот Слободан Унковски. Не само што децата од основните училишта без пари прв пат ги однесоа во музеј, туку во рамките на културните денови своето однесување го сообрази и полицијата. Ете, ги фати дивите копачи и колек­ционери на археолошки ископини.
    Со оглед на тоа што за археолошки истражувања редовно нема пари, ова е најдобар начин да стигнеме до скриеното културно наследство. Прво со години ќе ги пуштиме дивите копачи да пребаруваат по археолошките локалитети. Потоа ќе ја пуштиме полицијата да им ги фати предметите што ги откопале.
    Полицијата овој пат ги фати и разбојниците. Али Баба ќе остане скриен во својата пештера, засекогаш.

    5. Полн погодок на телевизијата “Сител” беше разговорот на уредникот на спортската рубрика, Бошко Трпевски, со сопственикот на телевизијата Љубисав Иванов. Во таа спортско-рекреативна емисија со работен наслов “Да го зашти­тиме ликот и делото на другарот Ѕинго”, господинот другар Трпевски имаше проблем дали на неговиот стопан да му се обрати со господине, друже или другар. Проблемот го реши самиот Ѕинго: “Бошко, чекај! Јас сум претседател на Социјалистичка партија. Ние се ословуваме со – другар!”
    Ме чуди како Трпевски не ја заврши емисијата со повикот: “Другар Ѕинго, ние ти се колнеме!” Другарот Иванов тоа сигурно го очекуваше од него. “А бе Бошко, ние добро се знаеме!

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари