ШАЈ ШУТКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:95:"Новитепасошинегочекааттендерот.Гочекаатимето

    1 Европскиот претставник во Македонија Михаел Салин рече дека нам Шутка ни е побитна отколку патот до ЕУ.
    Шутка навистина била важна. Патот до Европа ќе биде послан со платното на Амди што го украде од Штип. Сега не сака да оди во затвор оти го избрале за градоначалник. Ако одел во затвор – ќе се убиел. Ќе се задуши во платното.
    А зошто да се убива? Судот од него бара само да оди в затвор. Ете, државата му направи ќеф – му дозволи да стане градоначаник. Од оваа функција тој ќе го почитува законот. Мора да оди во затвор.
    Ако Шутка остане без Бајрам, неговите ќе го палеле пола Скопје. Амди ќе биде Пиколомини од Шутка.
    Новите градоначалници треба да ја достигнат славата на Амди. За разлика од него, тие треба допрва да крадат.
    Македонија не е обична мајтап држава. Ова е шај Шутка држава.

    2 Како што Амди Бајрам ја сфаќа правната држава, така и Али Ахмети има објаснување за регуларноста на изборите.
    За него било нормално на избори мажот да гласа за цела фамилија. Тоа било традиција што треба да се почитува.
    Во учебниците по историја тоа се вика владеење на племенските заедници. Племето на Ахмети е европски ориентирано, наспроти племето на Џафери. Тоа е веројатно за НАТО и други интеграции.
    Ахмети ќе ги почитувал европските закони. Ама со традицијата не враќа во времето на племенските закони.

    3 Минатата недела портпаролот на претседателот на државата Валентин Николовски не можеше да го најде Бранко за да го праша дали ќе гласа. На прашањето на новинарите, портпаролот одговараше дека “претседателот е неконтактибилен”.
    Што ти е политичка функција. Мора секогаш да бидеш паметен и да даваш политичкки избалансирани одговори. И ако те прашаат новинарите каде е Бранко, не прилега на функцијата да кажеш дека претседателот не се јавува на телефон. Тоа е фраза за обични луѓе. Кога државникот не дига телефон тој е – неконтактибилен.
    Во текот на денот, контактот со Бранко се воспостави. Тој бил со семејството во пицерија на неделен ручек.
    Валентин пред да стане портпарол читаше рецепти на “Храна и вино”. Наместо да се мачи со државничко – медицински речник, можеше на македонски јазик да ни каже дека шефот на државата бил на храна и вино.
    Кога ние обичните луѓе во недела одиме на храна и вино, велиме дека сме се претупаниле. Кога шефот на државата е во таква физичка состојба, таа добива високи државнички димензии. Претседателот не се претупанува. Тој станува – неконтактибилен.

    4 Додека проверувавме дали претседателот ќе гласа, на неговото избирачко место ни рекоа дека не знаат дали ќе дојде оти нема икебана.
    Дали во буџетот на ДИК е влезен трошокот за икебаната на Бранко?
    Ако каде што гласа Бранко има икебана, што има на избирачкото место на Али Ахмети? Сошка за пушка.
    Затоа што Албанците традиционално кога се радуваат – пукаат. Така кажа портпаролката на ДУИ Ермира Ахмети додека ги надвикуваше пукотниците од оружје соопштувајќи ги резултатите од локалните избори.
    Во Европа кога се радуваат летаат конфети и балони. Кај нас, кога Албанците ќе го завршат племенското гласање, летаат куршуми.
    Европска унија и САД ни го смислија Али Ахмети. Со тој европски Ахмети ние треба да влеземе во ЕУ. Затоа што бил прозападно ориентиран.
    Го интересира само западна Македонија.

    5 Предлогот што стигнал од Метју Нимиц за името на нашата држава за употреба во ОН е “Република Македонија – Скопје”, на кирилична транскрипција. Тоа цел свет ќе го чита латинично и би звучело вака: “Рипаблика Македониџа – Скопџе”.
    Арно ама, Џафери не се согласува со тој предлог, оти не го изразувал етничкиот карактер на државата. Така што, покрај име за надворешна, треба да смислиме и име за внатрешна употреба.
    Според Рамковниот, името за внатрешна употреба треба да биде со превод на албански јазик и на латиница, со тоа што кирилично ќе се чита и би звучело вака: “Република е Мачедонис – Шкупи, со окољин”
    Нашата Влада вели дека не добила официјален предлог за името. Тоа на Метју Нимиц било само сугестија. А Хавиер Солана од ЕУ вели дека се согласува со предлогот. Така што “Рипаблика Македониџа – Скопџе” е сугестивен предлог.
    Изгледа дека новите пасоши не го чекаат тендерот. Го чекаат новото име.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира