СЛОБОДНА ЗОНА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:62:"ПетарГошевкакопрестапнагодина

    1. Адвокатите на Соња  Николовска се жалат дека нивниот клиент останал покус за 16 милиони марки, заради неефикасноста на судовите во реализацијата на хипотеките на ТАТ. Заради тоа, тие најавија дека е можно битолската мама Дафина да ја тужи државата.
    Ваков расплет на аферата со “успешната” битолска штедилница би бил најлогичен. Госпоѓата Николовска работела како што и велеле претставници на државата. На пример, вицегувернерот на Народната банка, градоначалникот на нејзиниот град, претставници на Заводот за платен промет. Многумина битолчани, своите влогови ги ставаа на сметката на ТАТ, безрезервно верувајќи во нивната Соња, затоа што со години низ градот владееше фама дека, поради блискоста на сопственичката со државните раководители, ТАТ е, помалку, или повеќе – државна штедилница.
    Штом е така, откаде сега исчудувањето за дрскоста на Соња Николовска, која се заканува дека ќе ја тужи државата? Госпоѓата само си ги извршувала дадените задачи од државата.

    2. И министерот за за здравство Илија Филипче реши да пишува тужби.За почеток ќе им се осврне на новинарите, кои и покрај неговите убаво напишани домашни задачи не успеја да ги убеди дека во здравството нема хаос, има  доволно лекови, а лично тој, со помош на неговата фамилија е во првите борбени редови против мафијата.
    Министерот уште на почетокот на својот мандат си дал задача да се бори против мафијата. Само што до сега не знаел во кој правец да ја насочи сопствената истрага. Среќа што премиерот ја започна битката против октоподот, па се отворија и некои валканици во здравството. Тоа посебно го мобилизира министерот Филипче и сериозно реши да се пресмета со непријателите на неговата фамилија. Виновниците сами се открија. За недостигот на тестови за подарената крв виновни се новинарите. За слабиот квалитет на инфузионите раствори виновни се новинарите. За махинациите со веледрогериите виновни се новинарите. За тоа што нема лекови во државните аптеки виновни се новинарите. За разликата во цената за изградба и опрема на кардиохируршкиот центар виновни се новинарите. За цртањето на фамилијарните шеми на Клиничкиот центар во Скопје виновни се новинарите. Новинарите се најголемата опасност за беспрекорното здравство во Македонија. И затоа треба да се гонат кривично. Ако треба, да се стават в затвор. За да може министерот до крај да си ја извојува својата битка.

    3. Како тргнала работата, ако почнат новинарите да бараат затвор за сé   што ќе откријат, ќе треба државата да се задолжува со нови кредити од странство за да гради уште затворски капацитети.  Од толку афери со крадење и од толку цифри со милиони марки, на човек му останува само да се чуди, од каде во толку мала и сиромашна земја се најдоа толку пари за крадење. Ќе излезе дека имаме најголем број арамии по глава на жител.
    За да може арамиите и понатаму слободно да живеат без некој да им го оспорува основното право на заработувачка, најдобро е воопшто да не се затвараат. Наместо нив, во затвор ќе одат тие што не крадат. Така, како во еден вид резерват, ќе се одвојат чесните од нечесните и нема да си пречат еден на друг. Ќе се формира слободна затворска зона. Ако се открие дека некој од жителите на слободната затворска зона краде, веднаш ќе биде осуден и пуштен на слобода.

    4. Пред два дена претставниците на одборот за зачувување на Демократската партија изјавија дека во новата Либералнодемократска партија ќе оди само раководството со Петар Гошев, додека со нив остануваат 80 до 90 отсто од членовите. Претпоставувам дека и Петар Гошев е убеден дека со него ќе одат барем 80 проценти од членството, штом се повикува на континуитет. Се Уште не се изјасниле и од одборот за обнова на Лигата за демократија. Белким и тие очекуваат некој процент од членовите на Демократската партија кои не сакаат да одат со Гошев кај Андов, ама не сакаат ни да останат со Скаловски и Чашуле. За определување на вкупниот број на членови на овие партии ќе треба да се ангажира некој признат стручњак за проценти. На пример Амди Бајрам. Со негова помош и според проценките на наследниците на досегашната Демократска партија, ќе излезе дека таа била најсилна партија во Македонија.Нејзиното членство било околу 180 до 190 проценти.
    Лидерот на таа партија, Петар Гошев е како престапна година. На секоја четврта година ја менува партијата чиј што претседател сака да биде. На изборите во 1990 година беше на чело на СКМ-ПДП.На изборите во 1994 година веќе беше на чело на Демократската партија. На следните избори ќе биде на чело на ЛДП.  Во моментот кога ќе почувствува дека партијата престанува да биде “Гошева” тој си прави друга партија на Гошев.

    5. Многу беа симпатични министерот за одбрана Благој Ханџиски и помошникот државен секретар на САД Џон Корнблум, на граничните премини Ќафасан и Свети Наум на македонско-албанската граница, со двогледите и со панцирните елеци на нив. Веројатно тоа беше некаква безбедносна процедура, за не дај боже, да не ги погоди некој куршум од албанска страна. Ај што носеа елеци, ама зошто не носеа шлемови на главите? Зарем не може некој куршум да ги погоди в глава? Зарем заскитаниот куршум гаѓа само в срце?
    Господата Ханџиски и Корнблум немаат мака од гаѓање в глава. Веројатно се сигурни дека имаат тврди глави. Ама, народот тоа не го знае. Што знаеш, можеби наивниот телевизиски претплатник, што ги гледаше снимките од границата ќе си помисли дека нив најбитно им е да си го заштитат телото, а немаат што да чуваат во главата!?

    6. Ако министерот за надворешни работи на Македонија Љубомир Фрчкоски ја прифати поканата на неговиот грчки колега Теодорос Пангалос да присуствува на јунскиот состанок на шефовите на дипломатиите на балканските земји во Солун, дали тогаш на табличката пред него ќе биде напишано името на државата “Земја – гостин”?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари