ТРЕТО ДЕТЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:95:"СозаматенилицаќегинападнемеиГрцијаиБугарија

    1 На почетокот на јануари 2008 година, кога н подготвуваа за кампањата за трето дете, сум се зафркавал со еден прилог на вести на телевизија. Одеше прилог за намалениот наталитет во Македонија, и новинарката го велеше ова: “За да се одржи проста репродукција, демографите велат дека секое семејство треба да има три деца. Едно дете за мајката, едно за таткото и едно за државата”.
    Е па државата дојде по своето.

    2 Убаво е тоа што полицајците добиле упатства за време на изборите да бидат насмеани, да не пијат по кафеани, да не пушат на јавни места и да им помагаат на граѓаните околу избирачките места. Ама не добиле упатства да не убиваат деца.
    Страшно е тоа што специјалец уби дете. Уште пострашно е што полицијата цело деноноќие го забошотуваше случајот. Ама најстрашно е што власта не ја научи лекцијата.
    Зошто? Наместо да си ја чукнат главата и да најдат одговор на прашањето: “Зошто дојде до ова?”, тие цело време се занимаваат со
    спинувањето на настанот, со обвинувања до медиумите дека СДСМ им ги нарачувал текстовите, со праќање емисари да ги замолчат и семејството и медиумите, со рецензии од типот: “Фин ви е текстот, ама не ви чини насловот”…
    Ај олабавете малку. Ете, реформите ќе продолжат, му кажавте збогум на Бранко, заборавете малку на партијата, престанете да ги барате виновниците само кај тие што не мислат како вас. И не туку обвинувајте дека некој намерно го политизира ова страшно убиство. Оти политизирањето не почна вечерта по победата на изборите. Почна многу одамна, кога партиски војници ја заробија полицијата. И за тоа што полицијата е дојдена до ова дереџе не е крива само власта туку и опозицијата, оти и двете најголеми партии не сакаат да има цивилна контрола врз полицијата.
    Ова убиство на најбрутален начин откри дека најзагрозена од полицијата, всушност, е самата полиција. Таа е киднапирана за партиски интереси и ако сега нешто радикално не се смени, така ќе биде постојано, без оглед кој е на власт. А ако биде така, ќе треба да се раѓа и повеќе од трето дете. За да се насити државата.

    3 Гордан Георгиев од СДСМ побара да се расформираат “Алфите” и “Тигрите”. Колку да се кажело нешто. Кај се видело полиција без специјалци? И што би направиле тие? Наместо “Алфи”, ќе формираат “Омега”, и ќе ги вратат “Лавовите”, место “Тигрите”? Оние од кои, исто така, сите се плашевме пред десетина години, кога крстосуваа низ Македонија со затемнети стакла и без таблички? Да не ги спомнувам сега и учките кои станаа полицајци.
    Дали е “Хард рок” од времето на Бранко или “Процес” од времето на Никола, дали е Аце Циганот или Диме Поштарот, нам ни е исто.
    Од мал ме учеле дека ако од нешто се исплашам или видам нешто сомнително, веднаш треба да побарам полицаец. И така сум правел. Како да ги учам децата сега? Кога ќе видат полицаец, да бегаат подалеку од него!?
    Нели времето на СДСМ допрва доаѓа. Е па ако е така, за почеток, штом новите пратеници ќе влезат во Собранието, нека бараат итно да се формира и да се состане собраниската Комисија за надзор на тајните служби. Таа што не заседавала уште од 2008 . Барем да одглумат дека сакаат да ни ги вратат слободата и сигурноста на тој начин што нема да се плашиме од полицијата затоа што е “наша” или “ваша”. Оти е наша.

    4 На власта што ветуваше дека “реформите ќе продолжат” и на опозицијата што се фали дека “времето на СДСМ допрва доаѓа” би им порачал да н ослободат од стравот. Сите нешто се плашиме. Сите шепотат. Некој дека ќе остане без работа, некој дека го прислушуваат, некој дека може да му подметнат нешто во кола, некој дека ќе го заглават со инспекции оти му ги пратил кокурентот близок на власта, некој дека ќе го стават во притвор со месеци, а потоа нема да го осудат…
    Видете ги само последните случувања. По убиството на момчето, дошле двајца полицајци, ама не кажале!? Ај тие што не пријавиле, ама дошла и брза помош? И тие ли не смееле да зборуваат?
    На телевизија одат снимки од семејството на момчето со замаглена слика на мајката. Таткото не се појавува. Само го слушаме како и вика на жената да не зборува. Зошто? Ќе го дотепаат цело семејство ако се појави незамаглено на телевизија?
    Каков е овој страв бе луѓе? Новинарите ги снимаат очевидците на убиството во нозе и од зад грб. Им го мутираат гласот на вести. Другарите на убиеното момче ги снимаат во патиките. Не можат ни гневот да си го покажат за другарот што им го убиле. Исто беше и со работниците што настрадаа на градилиштата од “Скопје 2014”. Им загинал колега, ним истото може да им се случи, а тие бегаат од камера.
    Наспроти величината на споменикот што се подготвува на Плоштадот, ние сме типични Македончиња. Малку ни е тоа што сакаат да ни го сменат името. Сега на телевизија сме и без лица. Кај и да е, ќе престанеме и да зборуваме. Па на телевизија ќе одат вести без тон.
    Го научија кодот на Македонецот. Ни влеаја страв во коски.

    5 Бугарскиот претседател Прванов кажува смешки. Дека ако се одберела додавката “Горна”, или “Северна”, на населението од Пиринска Македонија немало да му биде право, оти и Пиринска Македонија е дел од северна Македонија.
    А бе бугарска работа. Да клоцнат во матно. Кај што Грците н легнаа на земја, овие уште малку да удрат клоца. Како во 1941. Чекале Германците да н поробаат, па тие да бидат поголеми фашисти од нив.
    А бе Македонија излезе најголем агресор на Балканот. И Грција и Бугарија, големи земји, членки на НАТО, се исплашија од нас.
    Смешки. Кај нас полицаец убива дете на улица, мајката не смее да си поплаче без заматен лик, а ние нив ќе сме ги загрозеле.
    Изгледа не го чуле вицот кога Македонецот го вади кубурот.

    6 На избори или добиваш или губиш. Трето нема. Затоа овие од СДСМ ми се смешни кога си се тешат дека изгубиле, ама победиле. Оти добиле повеќе пратеници од минатиот пат.
    Тие што гласаа за нив, веројатно гласале затоа што сакаат СДСМ да прави влада, а не за да си го зголемат бројот на пратеници во опозиција.
    А бе така е. Народот е во право дури и кога греши, што би рекол Бранко.
    Тоа е исто како што се тешиме кога игра фудбал репрезентацијата на Македонија. Демек, добро сме играле, ама сме изгубиле. Што е исто како да сме победиле.
    Е така сега ги мавтосува и Бранко. Изгубиле, ама исто како да победиле. И никој од таму уште нема мадиња да го потсети дека овие избори ги бараше токму Бранко. И ги изгуби. И уште не си оди…

    7 Многу ми е жал за ЛДП. Кампањата им почна со “Змија или магаре”. На крај завршија така што ем змија ги апна ем магаре им го бапна.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира