ЦИРКУЛИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:153:"ЗоштодомаќинкитенаместодаправатручекнемусејавијапотелефоннаБутросГали?

    1. Техничарот не го бива. Оној од Македонското радио што требало да го сними извештајот на министерот д-р Денко Малески од Њујорк. Министерот беше многу лут (веројатно на уредничката на надворешнополитичката рубрика што таа не присуствувала на чинот на вклучувањето на копчето за снимање во сту­диото), па го искористи конкурентскиот медиум – телевизијата, да ги цинкари оние од радиото дека не знаат како се води дипломатија, особено сега “кога е во прашање нашиот опстанок”.
    Со тие трогателни зборови министерот го заврши интервјуто, па човек не може да остане рамнодушен и да не го обземе страст да се пресмета со тие што го загрозуваат нашиот опстанок и не се јавуваат на апелот на Малески за помош во водењето на надворешната политика. Тој ги посочи новинарите и Универзитетот. Ги засрами кога им кажа колку грчки новинари се провртеле низ Њујорк овие денови. Требаше уште и да ни каже дека и на Грците им требаат две-три плати за да платат едно ноќевање во Њујорк.
    И не е само техничарот виновен. Каде се куќните совети што не испратија факсови до кабинетот на Бутрос Гали? Што правеа децата од градинките со нивните цртежи на бели гулаби? Зошто не ги испратија во Њујорк да ја промо­вираат нашата мирољубива политика? Па и домаќинките, место да се јавуваат на контактните емисии на радиото, можеа да му ѕврцнат на Бутрос Гали, колку само да го потсетат дека правдата е на наша страна. А Тодор Петров? Зошто не му текна да организира некоја блокада на грчката граница? Можеа да го викнат и Васил Тупурковски да одржи говор покрај камионите, наместо што го тргнаа настрана, па сега го ослободија од одговорноста.
    Сите сме виновни што не нé примаат во ООН. Освен, се разбира,  Академијата, писателите и Друштвото за човекови права од Радовиш. Тие напишаа по некое писмо и си го отплатија својот долг кон татковината.

    2. Се разбира, секоја чест и за нашите иселеници кои истиот ден кога 20 илјади Грци се собрале да демонстрираат во Њујорк, објавиле платен оглас во “Њујорк тајмс”. И – секоја чест на Телевизијата што ни го прикажа огласот. И – секоја чест на тој што му текна да го лаже гледалиштето, па при свои очи ни кажуваше дека објавениот текст е став на “Њујорк тајмс”. Спикерката “мртва ладна” читаше: “тврди угледниот американски весник…”, “истакнува Њујорк тајмс”, “се вели во Њујорк тајмс”…
    Замислете како убедливо би изгледало кога вечерва на главните вести би ви прочитале еден оглас што неодамна се појави во “Вечер”. Би одело вака отпри­лика: “Скопскиот дневен весник “Вечер” во своето последно издание доне­сува текст за можноста што им се дава на Македонките од помлада возраст. “Мла­ди Македонки, ако сте заинтересирани за брак со Американци, јавете се на тел…”, тврди скопскиот дневник. Понатаму истакнува дека заинтересираните треба да се јават од 16 до 20 часот секој работен ден”.

    3. Добро е што приемот во Обединетите нации се комплицира, па речникот ни се збогати со зборовите кои многу ретко ги употребуваме. Прво, неколку месеци зборувавме за реактивирање. Цела нација се потресуваше дали ние сме ја реакти­вирале молбата или не. Е, потоа кога ни беше објаснето дека сме ја реактивирале, сега треба да ни се објасни што значи тоа – циркулирање. Сега молбата ни е проциркулирана. Се плашам следниот збор што ќе треба да ни се објаснува да не биде – рециклирање. Замислете, да ни ја рециклираат молбата!!!

    4. Не дај Боже после да мораме на редиклирана хартија да пишуваме нова молба. Тоа баш би им се допаднало на “сојузниците и во најтешките денови” – Ќосиќ и Мицотакис. Можеби би можеле повторно да ја обноват заедничката граница. Ете, Ќосиќ за да им се допадне на Грците веќе зборува за “бившата македонска држава”. Впрочем, тој увабо рекол дека “СР Југославија во секој случај никогаш нема да води политика што е против интересите на Грција”. Како и би можела кога интересите им се поклопуваат во Македонија. Ако неа ја нема, тогаш нема да постојат и “извесни традиции кои не можат  да се сметаат за демократски, ни хуманистички, ни цивилизирани”. Настрана што и Србите во Македонија ќе ги добијат основните национални и човекови права.

    5. Владата продолжува со испробаната тактика дека таа е во право, а за сé што не чини виновни се граѓаните. На вчера свиканата прес-конференција министерот Антони Пешев ги предупреди граѓаните што влегле во процедура за откуп на општествени станови дека рокот до кој важи екстра попустот е 4 февруари и ќе се пролонгира само за оние што не по своја вина досега ги немаат извршено проценките, а сите оние кои ги имаат, ќе мораат да платат.
    Настрана што, познавајќи ги нашите банки, можеме само да претпоставиме каков хаос ќе настане од понеделник до четврток. Поважно е зошто министерот не се повика на оној дел од Законот кој обврзува проценките да бидат извршени во рок од 15 дена од поднесувањето на барањето. Или, зошто договорите беа отпечатени дури пред една недела? Дали и тоа влегува во министерското “не по своја вина”? И кој е овластениот кој ќе оценува што е по чија вина? Што ќе се случи ако некој купувач се појави во банката на 5 февруари? Кој ќе оцени по чија вина му доцнела проценката повеќе од еден месец, договорот не можел да го добие до пред една недела, се жалел за проценката, или едноставно паднал на мразот и скршил нешто па лежел во болница? Можеби тие случаи ќе ги решава шалтер­скиот службеник во банката?! Или, бирократите во општините и во СИЗ-овите?! Или пак лично министерот Пешев?!

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари