УГЛЕДНО ГЕТО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:112:"Зош­токни­ганажа­лостзаКи­на,ко­гаиниесмезажа­ле­ње

    1. Ев­ро­па не нé са­ка. Аме­ри­кан­ци­те са­мо ни пуш­та­ат во­да. Од Ру­си­те се чу­ва­ме. Со Ки­не­зи­те се ска­рав­ме. Се­га и Тај­ван не ни чи­ни. Не­ма спас за нас. Ду­ри ни мо­ре не­ма­ме, ина­ку ќе скок­нев­ме си­те во не­го и ќе се уда­вев­ме. Се­га не ни ос­та­ну­ва ниш­то дру­го, ту­ку да си сед­не­ме и гор­до да си  пла­че­ме над сопс­тве­на­та суд­би­на, за­ед­но со прет­се­да­те­лот Гли­го­ров.
    Мо­же­би, се­пак, има на­деж за нас. Ако сé бе­ше та­ка цр­но, белки не­ма­ше прет­се­да­те­лот на др­жа­ва­та и пре­ми­е­рот да пре­зе­мат ит­на ак­ци­ја за спас на без­на­деж­на­та зем­ја. Приз­на­ва­ње­то на Тај­ван бе­ше тол­ку ка­тас­тро­фа­лен по­тег, та­ка што прет­се­да­те­лот Гли­го­ров вед­наш оти­де в црк­ва. До­де­ка на­род­ни­те ма­си се ор­га­ни­зи­раа во бор­ба­та про­тив не­на­род­на­та власт, а ско­ев­ци­те на­ве­чер пи­шу­ваа па­ро­ли по ѕи­до­ви­те, прет­се­да­те­лот за­ми­на во ед­на гер­ман­ска ка­тед­ра­ла.
    Са­мо мо­лит­ви нé спа­су­ва­ат. Ше­фот на др­жа­ва­та бе­ше в црк­ва во Ахен, ама пре­ми­е­рот оти­де да се мо­ли уш­те по­да­ле­ку – во Ва­шин­гтон. Во ка­тед­ра­ла­та Гли­го­ров бил со уш­те не­кол­ку­ми­на ше­фо­ви на др­жа­ви. Ама, ра­бо­та­ва ни е из­гле­да еп­тен за ни­ка­де штом Ге­ор­ги­ев­ски се мо­лел за­ед­но и со Клин­тон.
    Од тол­ку мно­гу мо­лит­ви и пок­ло­не­ни­ја, изу­ми­ја да му се пок­ло­нат на Го­це Дел­чев.  За­бо­ра­ви­ја де­ка не­ко­гаш му го од­бе­ле­жу­ваа ро­ден­де­нот.

    2. СДСМ во сво­и­те прос­то­рии от­во­ри кни­ги за пот­пи­си на гра­ѓа­ни­те. Са­мо не ми е јас­но зош­то да се пот­пи­шу­ва­ме во кни­га на жа­лост за Ки­на. За­р ние не сме за жа­ле­ње?

    3. Сме има­ле сре­ќа што ту­ка ни ос­та­на ам­ба­са­дор­ка­та на НР Ки­на Сју Ју­е­хе. Што ли ќе пра­вев­ме ако и таа за­ми­не­ше не­ка­де да се по­мо­ли. Кој ли ќе ни ги тол­ку­ва­ше Ус­та­вот и за­ко­ни­те и кој ќе вни­ма­ва­ше да­ли пра­вил­но ги спро­ве­ду­ва­ме?
    Баш ме ин­те­ре­си­ра што пра­ви де­но­ви­ве ма­ке­дон­ски­от ам­ба­са­дор во Пе­кинг Вла­ди­мир Пет­ков­ски. Да­ли се мо­ли или, пак, се­кој­днев­но гос­ту­ва по ки­нес­ки­те те­ле­ви­зии. Ве­ро­јат­но пи­шу­ва со­оп­ште­ни­ја во кои ѝ ука­жу­ва на ки­нес­ка­та вла­да ка­де го пре­кр­ши­ла за­ко­нот. Не­ма сом­не­ние де­ка та­мош­ни­те влас­ти, ка­ко про­ве­ре­ни де­мок­ра­ти, му да­ва­ат ши­рок прос­тор да ги по­ви­ку­ва ме­ди­у­ми­те да се ста­ват на стра­на­та на прав­да­та на ма­ке­дон­ска­та Вла­да. Единс­тве­но не се има по­ја­ве­но кај ки­нес­ки­от шеф на др­жа­ва­та. Во Ки­на не­ма по­ве­ќе пар­тии, па ма­ке­дон­ски­от ам­ба­са­дор и ше­фот на др­жа­ва­та не­ма­ат пот­ре­ба да се бо­рат про­тив пар­ти­ја­та на власт, ка­ко кај нас Гли­го­ров и Ју­е­хе.

    4. Ве­лат де­ка со приз­на­ва­ње­то на Тај­ван ќе сме ста­не­ле ен­кла­ва во овој дел од све­тот. Ќе сме би­ле изо­ли­ра­ни од Ев­ро­па. Де­ка се­га не сме. На што ли­чи тоа ко­га ќе ти тек­не да трк­неш до Со­лун. За да одиш до Гр­ци­ја, ти тре­ба­ат не­кол­ку ча­са мрз­не­ње и ви­се­ње на ог­ра­да и де­се­ти­на де­на че­ка­ње. Не дај бо­же да по­са­каш да одиш до Гер­ма­ни­ја, Хо­лан­ди­ја или, уш­те пос­траш­но, до  Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја. Не де­ка не ти да­ва­ат, ту­ку не­ма пот­ре­ба. Ту­ка е тол­ку уба­во и дос­то­инс­тве­но за жи­ве­е­ње, та­ка што тие не зас­лу­жи­ле та­му да ги тро­ши­ме па­ри­те. И што би­ло тоа по­ни­жу­ва­ње, оди­ме та­му, ба­ра­ме ра­бо­та и пла­та, а кај нас има и ра­бо­та и пла­та за си­те.
    Што уба­во си се ви­кав­ме оа­за. На­мес­то оа­за на ми­рот, се­га тре­ба да би­де­ме тај­ван­ска ен­кла­ва. Тоа е мно­гу нав­ред­ли­во. На­ју­ба­во ние да си ос­та­не­ме, ем изо­ли­ра­ни ем си­ро­маш­ни, па не­ма да би­де­ме ен­кла­ва. Ќе си би­де­ме ге­то. Ама – уг­лед­но ге­то.
    И о­на­ка со нас се од­не­су­ва­ат ка­ко да сме во ге­то. До­а­ѓа­ат да нé ви­дат на два-три ча­са, по мож­ност во праз­ни­чен ден, за да не си го гу­бат дра­го­це­но­то ра­бот­но вре­ме, ќе нé уте­шат де­ка ќе ни би­де по­доб­ро за не­кои два­е­се­ти­на го­ди­ни, ако ги ис­пол­ни­ме ус­ло­ви­те, и бе­га­ат до­ма што по­бр­зо, слу­чај­но да не ги фа­ти не­ко­ја бо­лест. За да оди­ме кај нив ни тре­ба­ат ед­ночу­до га­ран­ции, оси­гу­ру­ва­ња и дос­то­ин­ство во ог­ром­ни ко­ли­чи­ни, заш­то ре­зер­ви­те ги тро­ши­ме за вре­ме на теш­ко здобиениот ме­ѓу­на­ро­ден уг­лед пред шал­те­ри­те за ви­зи. Што по­го­ле­ма ре­ди­ца за ви­зи тол­ку по­го­лем уг­лед за зем­ја­та.
    Прет­се­да­те­лот Гли­го­ров ве­ли де­ка не е ни Туѓ­ман ни Ми­ло­ше­виќ. Ар­но ама, гра­ѓа­ни­те на Туѓ­ман па­ту­ва­ат низ Ев­ро­па са­мо со па­со­шот в џеб и без ви­зи, а ние се ре­ди­ме во ре­ди­ци­те кај Ми­ло­ше­виќ, заш­то дру­ги­те др­жа­ви, ве­ро­јат­но, за да не ни го ури­ва­ат уг­ле­дот, ам­ба­са­ди­те ги от­во­ра­ат во Бел­град, а не во Скоп­је.

    5. И Ва­сил Ту­пур­ков­ски из­гле­да мно­гу не­уг­лед­но во џем­пе­ри­те што ги но­си, па за­тоа Тај­ван­ци­те не му по­ну­ди­ле про­ви­зи­ја. Си рек­ле, овие Ма­ке­дон­ци­ве се скром­ни во об­ле­ку­ва­ње­то, ама из­гле­да де­ка мно­гу ја­дат. Штом ја­дат, зна­чи има­ат хра­на.
    Ете од ка­де дош­ла иде­ја­та за ин­вес­ти­ции во про­из­водс­тво­то на хра­на. Ним им тре­ба хра­на и ете од ка­де дош­ла иде­ја­та за обновување на про­из­водс­тво­то на хра­на во Ма­ке­до­ни­ја. Има ли по­доб­ра рек­ла­ма за хра­на од са­ми­от Ци­ле. Баш­ка, со ог­лед на не­го­ва­та ви­тал­ност, си­гур­но ста­ну­ва збор за здра­ва хра­на.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари