ВИСОКО НИВО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:40:"Двежени-ететипазар

    1. Според извештаите од посетата на премиерот Бранко Црвенковски на Америка, сите негови средби, освен онаа со секретарот за одбрана Вилијам Коен, биле на “пот” – ниво. Почнувајќи од потпретседателот на САД Ал Гор, па државниот потсекретар Строб Талбот, до потсекретарот за економски прашања Ал Ларсен. Тоа би значело дека согласно на рамништето на средбите, во Америка би требало да оди некој од потпретседателите на Владата, наместо претседателот.
    Да не добил случајно покана да ја посети Америка потпретседателот Димитар Бузлевски, ама бидејќи не ја прочитал, Бранко му ја зел и отпатувал место него?

    2. И така, додека цела нација вика “Алал да му е на Бранко”, зашто за време на кусиот престој се сретна со двајца Аловци – потпретседателот Ал Гор и потсекретарот Ал Ларсен, потпретседателот на Владата Бузлевски во Македонија остваруваше контакти на високо ниво. На планина. Заедно со претседателот на државата Киро Глигоров.
    Мораше ли претседателот да патува токму деновиве, на 40 степени и да држи говори во тесни, претпоставувам неклиматизирани простории, како онаа што ја видовме на телевизија во селото Жировница. Или, бидејќи беше на висока надморска височина не му пречеше жештината. Зошто тогаш толку му стана жал за младите војници и за “волците”, па настапи емотивно и првпат чувме како врховен командант јавно кажува воени тајни. Претседателот на цела јавност ѝ обелодени дека граничарите се преморени и дека од крајот на март годинава никој не ги заменил. Одлична вест за идните шверцери на оружје и илегални минувачи на границата.
    Зар на граничарите толку им станало тешко, па мораше шефот на државата да ги бодри на температури кои заслужуваат и прогласување на елементарна непогода. Се чини дека таква му била судбината. Дента кога претседателот ги посети граничните единици во караулите “Танушевци”, “Радика” и “Битуше”, неговата сопруга Нада правеше прием за сопругите на дипломатите во Македонија. Каква женска журка би била, ако низ дворот и в куќи се вртка сопругот на домаќинката? Освен тоа, не би ризикувала госпоѓа Нада уште една семејна афера, па да го остави Киро во друштво со толку дами. Што е сигурно, сигурно е! Бузлевски под рака, што подалеку од дома, и право кај “волците” в планина.

    3. Жените ни прават проблеми и на меѓународно ниво. Што ѝ требаше на европарламентарката Дорис Пак да ни ја коси потпретседателката Златка Поповска, за да мора таа по горештиниве да шета по медиумите и да се кара со неа. Забележала госпоѓа Пак дека потпретседателката Поповска им прикажала убава слика за работите, а тие знаеле дека не е така. Зошто не се скарале уште веднаш и на самото место не ги расчистиле сметките? Две жени и – ете ти пазар. А не вака, едната напаѓа преку приватна телевизија, а другата се брани преку државна.

    4. Случајот со уривањето на тротоарот и патеката до влезната врата на супермаркетот “Тинекс” во центарот на Скопје, симболично ни покажува како ни функционира системот. Сопственикот прво нуди поткуп за да ја скокне процедурата за добивање дозвола за градба, а инспекторот ветува дека ќе ја нареди работата. Потоа инспекторот бара “еден метар жестоки пијалаци” и “еден метар сувомесни производи”. Сопственикот не му дава и инспекторот наредува уривање.
    И после некој нека каже дека кај нас уривањето и градењето не зависеле од пијачките и лапачките. Само, не е сé така црно. Не уривал инспекторот за обични пијалаци. Барал виски, и тоа само 12-годишно. И не барал обични сувомесни. Само печеница. Тамам работа кога инспекторите би ни се поткупувале со домашна ракија и евтина салама.

    5. На либералните демократи не им ја усвоија и втората предложена резолуција со која би им се забранило на членови на Владата и на парламентот да учествуваат на јавни собири на кои не е истакнато македонското знаме. Предлогот беше испровоциран од неодамнешниот митинг за Косово, на кој во првите редови се нацртаа министрите во Владата и пратениците – Албанци. Тогаш се вееше само албанското знаме, а се скандираше за независно Косово и се величаше ослободителната армија на Косово.
    Баш добро што ваква резолуција не помина во Собранието. Замислете, на што ќе личеше ако на тој митинг за независно Косово, министрите од Владата, на чело со потпретседателот Насер Зибери, ѝ скандираа на ОАК под македонско знаме. Не дај боже, ако утре се појават на некој митинг за Илирида, како што имаа обичај да се појавуваат, да го почнат митингот со македонска химна и со развеани македонски знамиња.

    6. Пратениците на Либералнодемократската партија пропуштија уште еден повод за предлог – резолуција. Умревме од горештина, а нив не им текна да предложат “резолуција за осуда на антициклонското влијание врз Република Македонија и неактивноста на Владата по истото”. Пратениците на СДСМ сигурно ќе гласаат против, а и Тито Петковски додека да го стави предлогот на дневен ред, ќе залади.
    Во секој случај, таква резолуција би била на штета на државата. СДСМ веднаш ќе ја обвини ЛДП дека работи против државните интереси зашто, ако не пече сонцето токму сега, нема да стаса житото и ќе умреме од глад. Освен тоа, власта сака да биде со народот. Зошто само гувернерот на НБМ Љубе Трпески да гори за Македонија. Еве, сите ќе гориме на 40 степени.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари