ЗАТВОРЕНО – ГОДИШНИ ОДМОРИ

    Пак ми се оди на Маурициус на одмор…
    И лани ми се одеше…
    Арно ама, патриотските пориви подзасилени со строгите визни режими за граѓаните на Македонија и високата плата од цели 200 марки ќе ме одведат во Охрид. Престојот во градот на словенската писменост и култура има и свои пред­ности. Особено ова лето. Пред изборите што никој не ги најави, ама сите знаат дека ќе ги има, политичките јунаци таму ќе фаќаат боја и кондиција за предиз­бор­ната трка.
    Дали политичките јунаци ќе ги здогледам на плажа, порано или подоцна, најмногу ќе зависи од пазарното расположение на “Макпетрол”. И јас сум еден од оние глупавите што токму сега, во невреме пред Илинден решиле да патуваат. А “Макпетрол”, продолжувајќи ја својата традиција откако Македонија се осамостои до денес, веќе трета година на Илинден нé присилува да му се поклонуваме пред бензинските пумпи. И да им аминуваме на смешните образло­женија дека бензин нема зашто премногу го трошиме. Уште малку, па да седнеш да ги жалиш, да ги плачеш, колку работат, а не можат да постигнат. Ненаситен народ!
    Седете ми со здравје. Нека Ви е честит новоустановениот празник “Св. Макпетрол и два милиона маченици”. Сé ми се чини дека и вгодина ќе ми се оди на Маурициус.
    Во Скопје, 30 јули 1993 г.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари