12-ГОДИШНАТА ЈУ ЗИДИ СТАНА НАЈМЛАДАТА МЕДАЛИСТКА ВО ИСТОРИЈАТА НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА ВО ПЛИВАЊЕ

    12-ГОДИШНАТА ЈУ ЗИДИ СТАНА НАЈМЛАДАТА МЕДАЛИСТКА ВО ИСТОРИЈАТА НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА ВО ПЛИВАЊЕЈу Зиди претходно за малку испушти медал на 200 метри пеперутка (Фото: Гети)

    Дванаесетгодишната ученичка Ју Зиди стана најмладиот освојувач на медал на светските првенства во пливање откако Кина беше трета на штафетната трка на 4х200 метри слободно. Зиди не пливаше во финалето, но беше дел од квалификациските трки, со што доби право на медал.

    САД го освоија златото во Сингапур, а втора беше Австралија.

    Зиди е најмладиот медалист на големите пливачки натпреварувања од Данката Инге Соренсен, која освоила бронза на Олимписките игри во 1936 помалку од еден месец откако наполнила 12 години.

    „Ова е убаво чувство“, кратко изјави Зиди, која во октомври ќе наполни 13 години.

    Таа за малку испушти медал на 200 метри пеперутка, завршувајќи на четвртото место со заостаток од само шест стотинки зад третата позиција.

    Учеството на Зиди на Светското првенство во Сингапур донесе поделени мислења. Натпреварувачите на шампионатот мора да имаат најмалку 14 години, но на Зиди ѝ беше дозволено да учествува бидејќи нејзините времиња ги исполнуваа А-стандардите на Светската пливачка федерација. Во мај, таа постави нов светски рекорд за 12-годишници на 200 метри мешано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира