Алекс Фергусон ќе ја напушти позицијата амбасадор на Манчестер јунајтед на крајот на сезоната и целосно ќе замине од клубот по цели 39 години.
Осумдесет и двегодишниот Фергусон примаше плата од милиони фунти од клубот откако се пензионираше како тренер во 2013. За тоа време беше негов глобален амбасадор и клупски директор и редовно можеше да се види на трибините.
Извори од клубот кажаа дека одлуката за заминување на Фергусон била донесена со заемна согласност, по негови директни разговори со косопственикот Џим Ретклиф минатата недела. Сепак, ова доаѓа додека Ретклиф се обидува да ги намали трошоците, со цел да инвестира повеќе пари во тимот.
Околу 250 вработени веќе добија отказ, што ќе значи заштеда од десет милиони фунти годишно.
Алекс Фергусон е најуспешниот тренер во историјата на Манчестер јунајтед, на чија клупа беше од 1986 до 2013. Во тој период, меѓу другото, освои 13 титули во Премиерлигата, две во Лигата на шампионите и пет во ФА купот. Клубот е без шампионска титула од неговото заминување и моментално е на 14. место во првенството.