АЛЕКС ФЕРГУСОН СЕ РАЗБУДИЛ И ПОЧНАЛ ДА ЗБОРУВА ПО МОЗОЧНИОТ УДАР

    АЛЕКС ФЕРГУСОН СЕ РАЗБУДИЛ И ПОЧНАЛ ДА ЗБОРУВА ПО МОЗОЧНИОТ УДАРЛекарите велат дека наредните недели ќе бидат клучни за заздравувањето на Алекс Фергусон (Фото: ЕПА)

    Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед Алекс Фергусон е во свесна состојба и почнал да зборува, откако пред три дена претрпи мозочен удар, јавуваат британските медиуми.

    Пријатели на 76-годишниот Фергусон велат дека „тој седи, зборува и прашува за резултатите од тестовите“, иако засега нема потврда за ова од клубот и од неговото семејство.

    Фергусон беше во сериозна состојба на интензивна нега, откако во саботата колабираше во својот дом во Чешир. Во меѓувреме, беше подложен на итна операција на мозокот, по што беше ставен во состојба на вештачка кома.

    „Прогнозите се добри и неговите пријатели од фудбалот редовно се информираат за секаков напредок“, кажа извор од болницата.

    Манчестер јунајтед на 19 мај го игра финалето на ФА купот со Челзи и играчите ветија дека ќе го освојат трофејот во чест на една од најголемите легенди на „Олд Трафорд“.

    Лекарите кажаа дека наредните недели ќе бидат клучни за заздравувањето на Фергусон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира