Лугано го победи Сион со 4:2 во швајцарскиот фудбалски шампионат, а најдобар играч на денешниот натпревар беше македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски со три гола и асистенција.
Алиоски го постигна хет-трикот за Лугано за само осум минути во првото полувреме, од 17. до 25. минута. Два од головите на македонскиот репрезентативец беа од пенал.
Во второто полувреме, му асистираше на албанскиот репрезентативец Армандо Садику, кој со голот во 49. минута го постави конечниот резултат.
Езџан Алиоски е еден од носителите на играта на Лугано сезона и со вкупно 13 гола засега е втор стрелец во швајцарската Супер лига. По 27 кола, Лугано е на петтото место на табелата.
За македонската репрезентација, 25-годишникот има 11 настапи.