АЛИОСКИ ПОСТИГНА ТРИ ГОЛА ЗА САМО ОСУМ МИНУТИ ВО ШВАЈЦАРСКИОТ ШАМПИОНАТ

    АЛИОСКИ ПОСТИГНА ТРИ ГОЛА ЗА САМО ОСУМ МИНУТИ ВО ШВАЈЦАРСКИОТ ШАМПИОНАТМакедонскиот фудбалер Алиоски (десно) досега има вкупно 13 гола и е втор стрелец во швајцарската Супер лига. (Фото: Блик)

    Лугано го победи Сион со 4:2 во швајцарскиот фудбалски шампионат, а најдобар играч на денешниот натпревар беше македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски со три гола и асистенција.

    Алиоски го постигна хет-трикот за Лугано за само осум минути во првото полувреме, од 17. до 25. минута. Два од головите на македонскиот репрезентативец беа од пенал.

    Во второто полувреме, му асистираше на албанскиот репрезентативец Армандо Садику, кој со голот во 49. минута го постави конечниот резултат.

    Езџан Алиоски е еден од носителите на играта на Лугано сезона и со вкупно 13 гола засега е втор стрелец во швајцарската Супер лига. По 27 кола, Лугано е на петтото место на табелата.

    За македонската репрезентација, 25-годишникот има 11 настапи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари