Карлос Алкарас е првиот финалист на Ролан Гарос, каде што ќе ја брани титулата. Тоа би била неговата петта гренд слем титула на 22-годишна возраст.
Шпанскиот тенисер не го доигра полуфиналниот меч со Лоренцо Мусети, кој предаде поради повреда во четвртиот сет. Мусети го доби првиот сет со 6:4, по што ги изгуби следните два со 6:7, 0:6. Алкарас водеше со 2:0 во гемови во четвртиот сет, кога Мусети одлучи да се повлече.
Во неделното финале Алкарас ќе игра со подобриот од вториот полуфинален дуел помеѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.
Во женското финале ќе се соочат Арина Сабаленка и Коко Гоф.