Еден од најголемите фаворити за титулата Карлос Алкарас доживеа дебакл во второто коло на Отвореното првенство на САД, откако беше поразен од неносителот Ботик ван де Зандсхулп од Холандија со 6:1, 7:5, 6:4. Шпанецот имаше можност да стане третиот тенисер во историјата, по Род Лејвер и Рафаел Надал, кој во иста година ги освоил Ролан Гарос, Вимблдон и Ју-Ес опен.
„Мислам дека цел меч играв на исто ниво, што не беше доволно за да се победи. Направив многу грешки и не удирав добро. Денеска играв и против противникот и против себеси“, кажа Алкарас, кој имаше 27 неизнудени грешки на мечот.
Алкарас, кој изгуби од Новак Ѓоковиќ во финалето на Олимписките игри во Париз, кажа дека му требаше подолг одмор пред настапот во Њујорк. Ова е неговата најрана елиминација од гренд слем турнир од Вимблдон во 2021, кога беше 75. играч на АТП-листата.