АМЕРИКАНСКИ ЛИЗГАЧ НАСТАПИ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПЕКИНГ ПО 45 ПЦР ТЕСТА ЗА ТРИ НЕДЕЛИ

    АМЕРИКАНСКИ ЛИЗГАЧ НАСТАПИ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПЕКИНГ ПО 45 ПЦР ТЕСТА ЗА ТРИ НЕДЕЛИСкот Досон на крајот мораше да се трка со позајмени лизгалки (Фото: Гети)

    По 45 ПЦР теста за три недели, пропуштена трка и изгубениот багаж сосе целата опрема, американскиот лизгач Скот Досон конечно си го оствари сонот да настапи на Олимписки игри, и тоа со позајмени лизгалки.

    Дваесет и едногодишниот Досон имаше позитивен тест за ковид-19 минатиот месец и со задоцнување пристигна во Пекинг поради хаос околу тестирањето. Кога конечно добил зелено светло да оди, Досон патувал 9.600 километри од Солт Лејк Сити преку Париз до Пекинг и стигнал 12 часа пред трката на 1.500 метри, на која заврши претпоследен.

    „Јас сум среќен со самото тоа што сум тука, зашто не очекував да бидам“, изјави Досон.

    Тој претходно ја пропушти трката на 5.000 трки, зашто место два, му барале четири негативни теста по ред, па не можеше да патува за Пекинг со остатокот на американскиот тим.

    „Тука не завршија моите проблеми. Кога слетав, ми го немаше целиот багаж“, се пожали Досон.

    За да може да настапи барем на 1.500 метри, тој позајмил лизгалки од конкурентот на трката Харалдс Силовс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира