АВСТРИЕЦОТ БАУМГАРТНЕР ГО ПОСТИГНА НАЈБРЗИОТ ГОЛ ВО РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ФУДБАЛ

    АВСТРИЕЦОТ БАУМГАРТНЕР ГО ПОСТИГНА НАЈБРЗИОТ ГОЛ ВО РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ФУДБАЛКриштоф Баумгартнер го собори рекордот на Германецот Лукас Подолски (Фото: Икс)

    Австрискиот репрезентативец Криштоф Баумгартнер ја затресе мрежата на Словачка по само шест секунди игра и со тоа го постигна најбрзиот гол во историјата на репрезентативниот фудбал. Дваесет и четиригодишниот играч од среден ред помина тројца противнички фудбалери откако топката тргна од центарот, пред да го совлада словачкиот голман Дубравка.

    Тој го собори рекордот на Германецот Лукас Подолски, кој му даде гол на Еквадор во 2013 во седмата секунда од мечот. На Давиде Гвалтиери од Сан Марино и на Белгиецот Кристијан Бентеке им требаа осум секунди за да постигнат гол против Англија, односно против Гибралтар.

    Рој Макај го држи рекордот во Лигата на шампионите. Додека играше за Баерн, холандскиот напаѓач ја затресе мрежата на Реал Мадрид по 10,12 секунди игра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира