БАЕР ЈА ПРЕКИНА 11-ГОДИШНАТА ДОМИНАЦИЈА НА БАЕРН И ПРВПАТ СТАНА ШАМПИОН НА ГЕРМАНИЈА

    БАЕР ЈА ПРЕКИНА 11-ГОДИШНАТА ДОМИНАЦИЈА НА БАЕРН И ПРВПАТ СТАНА ШАМПИОН НА ГЕРМАНИЈАБаер има можност да ја заврши сезоната со тројна круна (Фото: Билд)

    Баер Леверкузен ја обезбеди првата шампионска титула во Германија на пет кола до крајот на сезоната, откако денеска го победи Вердер со 5:0. Во исто време ја прекина 11-годишната доминација на Баерн во Бундеслигата, кој сега заостанува недостижни 16 бодови на второто место.

    Фудбалерите на Чаби Алонсо оваа сезона немаат пораз во ниедно натпреварување и имаат можност да освојат тројна круна. Во домашното првенство имаат 25 победи и четири ремија, ќе играат во финалето на Германскиот куп и се на прагот на пласман во полуфиналето на Лига Европа.

    Со оваа титула, прва во 120-годишната историја, Баер конечно ќе може да ја тргне лузерската етикета од своето име, откако претходно петпати беше германски вицепрвак и еднаш изгуби во финалето на Лигата на шампионите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира